Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)
Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но и на современото папство, зашто, како што кажавме порано, ниту една друга личност, ниту еден друг систем, сила и институција, не се вклопува во габаритите на овие библиски пророштва ниту временски, ниту просторно, ниту по капацитет, ниту по квалитет, ниту по квантитет.
Како што е кажано, историјата и историските околности на римскиот бискуп, наречен папа (татко), му овозможиле да се вивне до невидени височини, да се добере до клучевите на апостол Петар и до споменатите титули, да сконцентрира огромна власт во своите раце и да се здобие со неверојатно поволни позиции што му помогнале да стане најдоминантна, највлијателна и најмоќна личност на сите времиња пред која светот се тресел и ќе се тресе и во иднина, и пред која европските кралеви паѓале ничкум и коленичиле, зашто нивниот престол зависел од неговите каприци.
За време на тој период на предоминантност, папата се здобил со поголема моќ од онаа што ја имале римските императори. Историчарот Гибон кажува дека папата Иноќентие III бил посилен од кој било друг цезар кој владеел со некое царство.
Зборовите „поголем од другите“ ја прикажува големината на силата со која папството дејствувало во европските работи, а која е поголема од сите други сили. Од 800-тата година од новата ера, кога Карло I Велики ја примил својата круна од папата, папството станало и се наметнало како моќен авторитет над царевите и нациите. Веќе беше објаснето дека во 1076 година, папата Гргур VII им соопштува на поданиците на германскиот крал Хенрик IV: „‘Ако Хенрик не се покае за своите гревови, тие не се должни да му се покоруваат.’ Хенрик, кој во тоа време бил најсилен монарх во Европа, сепак, во 1077 год. кренал на поклонение во Каноса во Алпите, во резиденцијата на папата, и таму чекал три мачни дни на дожд и снег, додека папата не се согласил да го прими и да му прости.“5
Понижувањето во Каноса од 1077 година е прикажано во црквата Свети Петар во Рим каде што Хенрик IV стои во покора бос на снег, пред да му биде дозволен прием кај папата.
Царевите своите круни ги полагале пред нозете на папата, и тој ги крунисувал. Ја бацувале неговата влечка, покажувајќи ја на тој начин својата покорност. Секој владетел, кој би се побунил, би бил отфрлен од престолот. Англискиот крал Џон оставил таков пример. Во 1213 г. папата го екскомуницирал (го исклучил од црквата). Единствен начин на кој можел да биде вратен во претходната политичка позиција било деноноќно да лежи на студен мермерен под. Кралот послушал.
„Следејќи го примерот на папата Гргур VII, папата Пие V во 1570 година во својата була ‘Regnans in excelsis’ (Оној што владее на небесата), англиската протестантска кралица Елизабета I (1558-1603) ја прогласил за ‘проклет еретик’, која од тогаш не ќе има право да владее, и со својот папски авторитет на сите нејзини поданици им забранил да ѝ се покоруваат.“ Во тој период папата имал превласт над сите предводни нации во Европа.
„Папата Лав XIII во енцикликата ‘За главните должности на христијаните како граѓани’ од 10 јануари 1890 година тврди дека ‘врховен учител на Црквата е римскиот бискуп. Според тоа, единството на мислите бара… целосна покорност и послушност кон Црквата и кон римскиот бискуп исто како кон Бога’. На 20 јуни 1894 година во документот The Reunion of Christendo (Повторно обединување на христијанството), папата Лав ЏИИИ XIII тврди дека ‘ние (папите) на оваа Земја го заземаме местото на Севишниот Бог.’“6
Мошне забележливо е сведоштвото на католичкиот кардинал Хенри Мејнинг: „Викарот на овоплотениот Божји Син, помазан првосвештеник и врховен световен владетел, седел во својот трибунал непристрасно да суди меѓу нација и нација, меѓу народот и неговиот принц, меѓу владетелот и неговите поданици.“7
Зошто Лутер се судрил со папството:
„Страшно е да се погледне човекот кој себеси се смета за Христов заменик, кој покажува величественост со која не може да се мери ниту еден цар… Тој е, велат тие, господар на светот, но Христос рекол: ‘Моето царство не е од овој свет.’ Може ли владеењето на викарот да се протега над владењето на неговиот Претпоставен?“8
Папството секогаш сметало дека има право да се меша во работите на државата. Земјите биле поделени, а царевите поставувани и соборувани со папски декрети.
Ниту една друга сила на земјата не се осмелила да поставува такви тврдења како папството. Советот во Трент објавил:
„Ние одредуваме Светата апостолска столица и римскиот понтиф да имаат примат над цел свет.“9
Почитувани, според другите библиски пророштва, што ќе бидат предмет на натамошно опсежно проучување, наскоро папството ќе го оствари овој свој „примат над цел свет“.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...
Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери
Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...
Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина
Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...
Идентитетот на малиот рог
Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...
Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата
Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...
На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“
Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...
„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)
Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...
Богохулник, беззаконик и антихрист
Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...
Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан
Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...
За папската непогрешност
Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...
За бројот 666
Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.