„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)
Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е поделена на две заповеди. Четврттата заповед, која се однесува на саботниот ден (единствена заповед која зборува за времето), во католичкиот катихизис станува трета заповед, а денот за богослужение со папски декрети се преместува од седмиот на првиот ден во седмицата (од сабота на недела). Големиот папски говорник, д-р Ек, кој се сретнал со Лутера во 1553 година, кажува:
„Во евангелијата, во списите на апостол Павле и во целата Библија воопшто, не се спомнува престанок на саботата и воспоставување на неделата. Тоа го воспоставила апостолската (Католичката) Црква надвор од Светото писмо.“14
Католичкиот свет кажува: „Црквата ја зела паганската филозофија и од неа направила тврдина на верата против паганите. Таа го зела римскиот Пантеон, храмот на сите богови, кои ги похристијанизирала, заменувајќи ги со христијански маченици, и така стои сè до денес. Таа го зела паганскиот ден на сонцето (Sun day) и го претворила во христијанска недела (Sunday). Го зела паганското воскресение (Easter) (во чест на божицата Иштар) и го прогласила за празник кој ние го празнуваме во тој период. Соцето било врховен бог за паганите. Навистина постои нешто кралско, нешто царско во Сонцето, што го прави пригоден амблем на ‘Сонцето на правдата’ – симбол на Исуса. Според тоа, Црквата во овие земји како да кажала: ‘Задржете го тоа старо паганско име (денот на сонцето – Sun day). Тоа ќе остане свето, посветено.’ И така, паганската недела, посветена на Валдера, станала христијанска недела, посветена на Исуса.“15
Според католичкиот катихизис, моралните прашања ги одредуваат Десетте заповеди, но не Десетте Божји заповеди од двете синајски камени плочи, напишани со Божји прст, што се наоѓаат во Библијата, туку десетте заповеди што ги дефинирал католичкиот црковен отец Августин (354-430)
„Уште од свети Августин, Десетте заповеди заземале предоминантно место во катихизисот за кандидатите за крштавање и за верните… Катихизисите на Црквата често ја разјаснувале христијанската моралност следејќи го редоследот на Десетте заповеди. Поделбата и нумерирањето на заповедите во текот на историјата варирале. Сегашниот катихизис ја следи поделбата на заповедите што ја утврдил свети Августин, и таа поделба станала традиционална во Католичката црква.“16
Какво признание што вчудовидува! Не Десетте заповеди онака како што ги дал Бог во Библијата, туку онака како што ги дефинирал Августин, и тие, дефинирани така од човек, ја сочинуваат основата на католичкиот морал, стануваат десет заповеди на Католичката црква кои се разликуваат од Десетте Божји заповеди во Библијата!?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...
Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери
Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...
Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина
Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...
Идентитетот на малиот рог
Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...
Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)
Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...
Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата
Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...
На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“
Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...
Богохулник, беззаконик и антихрист
Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...
Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан
Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...
За папската непогрешност
Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...
За бројот 666
Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.