Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери

Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува:

„Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно ќе забележи дека папството не е ништо друго освен духот на покојното Римско царство кој седи крунисан на неговиот гроб.“1

Историчарот К. К. Екхарт (C.C. Eckhardt ) пишува вака: „Кога Римското царство се распаданло и кога неговото место го зазеле повеќе примитивни, варварски царства, Римокатоличката црква не само што станала независна држава во верските работи, туку таа доминирала и во световните работи.“2

Константин бил прв римски император кој го прифатил христијанството, но го прифатил само формално, површно, без да ја прифати и неговата суштина. Од тогаш моќта на Римската црква почнала да расте, но не ги контролирала световните работи сè додека во сила не стапиле декретите на Јустинијан во 533 и 538 година од новата ера со кои императорот Јустинијан го прогласил римскиот бискуп за духовен водач на христијанскиот свет и го издигнал во ранг на поглавар на сите цркви.

Силата на римскиот бискуп постојано се зголемувала и папскиот авторитет во световните работи почнал да дејствува откако Варварите во 476 година од новата ера го поделиле Рим.  Американскиот католички тримесечен преглед од април 1911 год. кажува:

„Пред многу години западните императори го занемариле Рим и тој е препуштен на милост на варварските орди. Тогаш Римјаните ѝ се обратиле на една личност, барајќи помош и заштита и молејќи го да владее со нив… со што го воспоставиле световното владеење на папството. Така, понизно искачувајќи се на цезаровиот престол, Христовиот викар го зел жезолот пред кој европските владетели и цареви со почит ќе се поклонуваат толку многу векови.“

Како опаѓала силата на паганскиот Рим, растела силата на папскиот Рим, и црквата се здобивала со  сè поголема моќ и влијание.

„ Paks Romana (Римски мир) престанала да постои… На хоризонтот полека се појавува нов Рим. Тој е наследник на религијата. Цар веќе нема… но Понтифекс Максимус постои… Тој сега е Христов викар кој старата цивилизација им ја нуди на племињата од север. Тој ги преобраќа на своето кредо и тие му служат како на свој татко и врховен судија. Тоа е папската монархија која со својата сила и со својот подем ја засенчува историјата на Европа за илјада години.“3

Кога императорот Константин ја прифатил формата на христијанството и кога паганството и христијанството се слеале во една религија, Рим станал верска престолнина на светот. Во книгата „Римска историја“, на стр. 236, Абот пишува:

„Преместувањето на престолнината на императорот во Константинопол (Цариград, 1.300 км на исток) претставувало жалосен удар за престижот на Рим, и во тоа време некој би предвидел негова брза пропаст. Но развитокот на црквата и растечкиот авторитет на римскиот бискуп, или на папата, му дале нова животна сила и повторно го сториле престолнина – овојпат верска престолнина – на светот.“

„Кога императорот Константин го напуштил Рим во 330 г. од новата ера, со цел Константинопол (сегашен Истанбул) да го прогласи за своја нова престолнина, паганскиот Рим својата моќ и својот престол ги пренел врз папскиот Рим. Кардиналот Henri Edvard Mening од Англија кажува дека, кога Константин го напуштил Рим, римскиот понтиф добил одврзани раце. Со текот на  времето понтифите станале единствен извор на мир, ред, закон и безбедност“4 во Западна Европа.

Повеќе од јасно е дека во тој период и во тие преломни историски години, кога римската престолнина е пренесена на исток, а и подоцна, кога се распаѓа Римската империја, на запад настанува огромна временска и просторна празнина којашто римскиот понтиф (понтиф – папа, првосвештеник) ја препознал како своја извонредна шанса да ја пополни. И навистина, тој на најефикасен можен начин ја искористил таа историска шанса и тие историски, мошне поволни околности и погодности и поставил цврсти темели и многу силни позиции врз кои ја изградил најсилната верска и политичка институција на сите времиња на планетата Земја – Католичката црква, на чело со нејзиното папство. Историјата пред неа ширум ја отворила вратата и на светската сцена го исфрлила папството чијшто збор бил алфа и омега за светот повеќе од илјада години, така што службеното христијанство можело мирно да се развива и на религиозно и на политичко ниво и да прави што сака.

Темелите на папството се толку цврсто поставени што не постои сила на светот, верска ниту политичка, која може да ги разниша, а уште помалку да ги урне. На џиновскиот папски петрифициран, целосно догматизиран, верски и политички систем, не може да му парира и да се справи со него ниту еден друг систем во светот. Католичкиот или папскиот систем и поредок уривал и во последното време целосно ќе ги урне сите  светски системи и поредоци, ќе воспостави нов светски поредок, под чијшто чадор ќе го стави светот.

Католичката црква, како папска институција, е најцентрализирана апсолутистичка институција на сите времиња во која сета власт е сконцентрирана во рацете на еден човек, во рацете на нејзиниот духовен татко, папа (папа – татко), кој во сè има последен збор и пред кого без приговор и поговор се поклонуваат и го слушаат повеќе од една милијарда луѓе. Како водач на Црквата, од сите свои верници бара апсолутна послушност кон себе, а кардиналите и бискупите, кои ги именува тој,  му се заколнуваат на доживотна лојалност, верност и преданост. За неговиот авторитет со планетарни димензии, пред кој наскоро ќе се полкони цел свет и ќе го прифати како единствен водач во светски рамки, ќе зборуваме многу повеќе во натамошните текстови на книгава.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ

Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...

Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина

Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...

Идентитетот на малиот рог

Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...

Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)

Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...

Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата

Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...

На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“

Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...

„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)

Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...

Богохулник, беззаконик и антихрист

Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...

Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан

Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...

За папската непогрешност

Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...

За бројот 666

Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат