Идентитетот на малиот рог

Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства – припишувајќи си себеси Божји атрибути. Тој рог ја разурнал библиската вистина на земјата, и прави сè што сака, и напредува (Даниел 8. гл.). Војува против Божјите слуги, ги победува, ги убива, ги сотира, пролева крв. Израснува до невидени размери: се изедначува со поглаварот на небесните војски, со Христа, со Бога.

На ист начин него го опишува и апостол Павле, кој кажува дека тој, малиот рог, всушност е човек-беззаконик: „Ќе се појави човек на беззаконието, син на погибелта, кој се противи и се воздига над сè што се нарекува Бог или светиња, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претстави себеси дека тој е Бог…, беззаконик кого Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со појавата на своето доаѓање“ (2. Солуњаните 2,3.4.8).

Истиот ѕвер со десет рогови и со истите карактеристики и активности, како и малечкиот рог од Даниел 7. и 8. глава, го наоѓаме и во Откровението во 13. глава, каде што читаме:

– „И му беше дадена уста (на ѕверот) која зборува големи работи и богохулства“ (стих 5),

– „и ја отвори својата уста да хули против Бога, да го хули неговото име и неговото Светилиште“ (стих 6); тој богохулник на Христа му ја одзема првосвештеничката служба, Христовото свештенство во небесното Светилиште, припишувајќи си ја истата себеси и пренесувајќи ги Христовите првосвештенички активности од небесното Светилиште во земните цркви и на земното свештенство.

– „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада“ (да ги убива и да ги сотира Божјите слуги) (стих 7),

– „и му се даде власт над секое племе, народ, јазик и род“  (стих 7),

– „и му се даде власт да прави така четириесет и два месеца“ (Откровение 13,5; 11,2); 1260 денови (Откровение 11,3; 12,6); едно време, и две времиња, и половина време (Откровение 12,14; Даниел 7,25; 12,7).

Во изразот „едно време, и две времиња и половина време“ зборот „време“ е арамејски збор iddan кој означува пророчка година од 360 денови (еврејската година има 360 дена). Според тоа, „едно време, и две времиња и половина време“ се три и пол пророчки години, или четириесет и два месеца, или 1260 пророчки денови. Во библиското пророштво денот претставува една година (4. Мојсеева 14,34; Езекил 4,6), што значи, 1260-те пророчки денови се 1260 буквални години. Тоа е периодот на средновековната супрематија на малиот рог и на неговите активности што ги опишавме.

Почитувани, во библиската пророчка слика за малиот рог што ја опишавме не се вклопува ниту еден друг човек, ниту една друга сила и институција, верска или политичка, освен папството. Сите тие пророчки записи за активностите и одликите на малиот рог му припаѓаат само и единствено на папството и на ниту еден друг. Според тоа, во тој, од почеток мал рог, кој со текот на времето израснал во џиновски размери, и кој бил стожерен субјект во историјата, јасно се препознава, пак велиме, папството, и никој друг.

Можеби библиските пророштва за активностите, грубостите и суровостите на малиот рог некогаш биле нејасни и од почеток не давале можност да се насети, а уште помалку да се види за кого станува збор. Но, кога историјата ги обелоденила и кога буквално ги исполнила тие пророштва, повеќе од очигледно и видливо е дека тие се однесуваат на папството, чијашто етапа како папски Рим, како што е кажано, почнува во 538 година од новата ера, кога императорот Јустинијан со едикт (Јустинијанов едикт) го издигнал римскиот бискуп во ранг на поглавар на сите цркви. Со тој едикт Јустинијан цариградскиот бискуп по ранг го поставува на второ место, под римскиот бискуп, кој го зазел првото место. Таа година е воспоставено папствто како врховна христијанска сила.

Првиот едикт на Јустинијан од 533 година за супрематија на римскиот бискуп не можел да стапи во сила бидејќи сè уште во Рим биле присутни Остроготите. Но армиите на Римската империја во 538 година конечно успеале да ги истераат аријанските Остроготи и таа година навистина империјалниот пагански Рим својата моќ, својот престол и власт, ги пренел врз римскиот бискуп. И токму затоа од 538-та година почнува периодот од 1260 години владеење на средновековното папство.

Додавајќи ги кон 538-та година веќе опишаните 1260 години на средновековната супрематија на малиот рог, доаѓаме до 1798 година, кога завршува папската превласт во средниот век. Периодот од 1260 години на различни начини во Библијата се споменува седум пати и секогаш се однесува на периодот од 538 – 1798 година.

Во 1798 година генералот на Наполеон, Бертиј, влегол во Ватикан, го заробил папата Пие VI и го одвел во изгнанство во Франција, каде што 18 месеци подоцна умрел. Тој настан ѝ ставил крај на папската сила и на папските декрети. Очигледно е дека Наполеон се обидел да го задуши папството, и во тоа време сите верувале дека папската моќ засекогаш е згасната. Но пророштвото кажува поинаку, дека папството пак ќе воскресне за да ја одигра во последното време својата последна пророчка улога на светската сцена, за што опширно ќе зборуваме во натамошните текстови кои го најавуваат апсолутниот крај на светот.

Пророк Даниел, апостол Јован и апостол Павле во своите пророчки книги најавуваат дека малиот рог ќе прерасне во сила која ќе ги контролира сите други сили; таа е „различна“ од сите нив, со нагласена и верска и политичка надмоќ, што е историска вистина. Малиот рог се разликува од сите други рогови на четвртиот ѕвер, што значи неговото царство е различно од сите други царства што постоеле. Станува збор за институција која нема соодветен пандан ниту во верскиот ниту во политичкиот свет, зашто малиот рог, или папството, не е само политичка, туку верско-политичка сила или верско-политичка институција.

Рим секогаш бил црковна, но и политичка сила која на тој начин ги поврзала црквата и државата. Таа била во состојба да спроведе кој било закон по своја желба. Во средниот век, кога се здобил со моќ, Рим објавил: „Со божественото право што го има, Црквата може да им го конфискува имотот на еретиците, да ги зароби и да ги осуди на пламен.“

Малиот рог има „очи како човечки очи“. Очите ги симболизираат проникливоста, остроумноста, мудроста и способноста на папството да ги препознае и до максимум да ги искористи  своите очигледни шанси што му ги создале историските околности, истите да ги материјализира и да ги вгради во темелите на своите позиции од кои ќе израсне како немерлива сила во светот со недосеглив авторитет и кариера без преседан. Особено уништувањето на споменатите три царства на папството му донело огромен углед и престиж меѓу другите сили и му овозможило да стане доминантен фактор на светската сцена по своја желба да ги насочува и пренасочува светските настани со цел од нив да измолзе максимална полза за себе.

Малиот рог станал политича сила под плашт на Црквата. Во нашето екуменско време таквото обвинување се чини нечесно и неоправдано. Тој мрачен век е одамна зад нас, заедно со инквизицијата и крстоносците. Денешната Црква помага да се воспостави мир во светот и ги поддржува хуманитарните организации. Ова пророштво за малиот рог да се применува  на неа навистина не е сообразено со современиот начин на мислење. Меѓутоа, сегашноста не може да го избрише минатото. Останува фактот дека пророштвото се исполнило. Иако Црквата веќе никого не го прогонува, таа и понатаму ги присвојува божествените права да „поставува времиња“ и „закони“. Библиското откровение е заменето со догма, и првиот ден во седмицата, неделата, го заменила седмиот ден, саботата од библиското откровение. Црквата, пред која Бог поставил задача да сведочи за него, мора да се соочи со обинувањата дека таа ги узурпирала Божјите права. Секако, тоа нас нè вознемирува, а истото го вознемирувало и пророкот Даниел, кој го посматрал сето тоа во своите виденија: „Јас, Даниел, бев многу потресен во своите мисли, и лицето ми побледи… ми затрепери сиот дух, и виденијата што ги видов ме смутија“ (Даниел 2,28.15).

Признавањето и прифаќањето на вистината што ни е откриена во пророштвото, не смее нас да нè наведе на антикатолицизам. Од друга страна, вистината мораме да ја прифатиме храбро и чесно. Искреноста нема да ни биде доволна. Таа мора да биде поврзана со вистината: „Посвети ги со својата вистина: Речта твоја е вистина!“ (Јован 17,17). Физичката подготвеност не е доволна човекот да победи во трката. Мораме да знаеме и во која насока треба да трчаме. Почитувањето и љубовта одат рака под рака со храброста и чесноста.

Во врска со политичкиот аспект на папството – тоа во историјата се препознава и како држава. Папското седиште е Ватикан, во Рим, потврдено со световно достоинство, со традиционална гарда, со своја поштенска служба во банкарскиот систем. Ватикан е најмала држава на светот. Зазема само 100 хектари, но има една од најсилините дипломатски служби во светот. Папски претставници седат во  светските престолнини, а за возврат, овие земји имаат свои претставници во Ватикан. Папата не е само поглавар на Црквата, туку и световен владетел на папската држава – Ватикан. Ниту една друга црква нема таква политичка световна структура.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ

Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...

Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери

Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...

Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина

Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...

Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)

Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...

Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата

Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...

На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“

Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...

„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)

Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...

Богохулник, беззаконик и антихрист

Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави...

Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан

Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...

За папската непогрешност

Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...

За бројот 666

Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат