Богохулник, беззаконик и антихрист

Веќе читавме дел од библиските пророштва за малиот рог и, покрај другото, видовме дека тој има „човечки очи и човечка уста која зборува големи работи и богохулства“; „го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште“; „ја обори (библиската) вистина на земјата, и прави сè што сака и напредува“.

Библијата овде не ги опишува луѓето. Таа не зборува за поединци, туку за сила, за систем, за институција – за верска, за политичка, за глобална сила, а историјата едногласно тврди дека таа сила и таа институција е папството. Тој систем за кој зборува ова пророштво е папскиот систем, граден со векови и изграден така и таков каков што е, во зависност од историските околности кои на папството му оделе на рака. Тој теолошки папски систем е цврст и стабилен како карпа, како планински масив кој не може ниту малку да се помести, а уште помалку да се разруши. Токму тој систем на папата му дава неприкосновена, апсолутистичка власт, авторитет и сила да ја промовира неговата содржина: да зборува големи работи и богохулства; да го хули Бога, неговото име и неговото Светилиште; да ја обори библиската вистина на земјата, и да прави сè што сака и да напредува.

Во 1510  година Лутер поаѓа на пат во Рим. Сакал да се нахрани директно на духовниот извор во Рим. Патувал пеш, а попатно спиел во манастирите. Пристигнувајќи во еден од италијанските манастири, се зачудил од богатството, сјајот и раскошот што ги видел таму. Лутер со болна загриженост ги споредувал овие сцени со својот живот полн со самооткажување и со напорен труд.

Кај свештениците во Рим сретнал огромна корумпираност,  безбожност, беззаконие, расипаност и развратност. Подоцна тој ќе запише: „Никој не може ниту да замисли какви гревови и безбожни дела се прават во Рим. Човек треба тоа да го види и да го чуе за да може да верува. Затоа со право некои тврдат: ако постои пекол, тогаш Рим е изграден на него; тој е бездна од која излегуваат сите гревови.“

Во древен Вавилон царот е сметан за златна глава. Во царот се наоѓала сета сила, неговиот збор бил закон, а тој е сметан за божество. Слично на тоа, во папскиот систем, наречен „ултрамонтанизам“, силата на папството е сконцентрирана и собрана во еден човек, во рацете на папата. На советувањето во Трент, ултрамонтанизмот, под водство на језуитите, бил зацврстен во својот сегашен облик во кој папските декрети добиле авторитет на Божји декрети. Доктрината за папска непогрешност понатаму го проширува овој концепт и на папите, кои се олицетворение на папството и на папскиот систем, им обезбедува положба која му припаѓа само на Бога, положба која им овозможува да се поставуваат наспроти Бога и да станат повеќе отколку пандан на Бога на планетата Земја, како што кажува библиското пророштво кое повеќе пати сме го цитирале, и ќе го цитираме сè до крајот на книгава: „Ќе се појави човек, беззаконик… кој ќе седне во Божјиот храм и ќе се претстави себеси дека тој е Бог“ (2. Солуњаните 2,3.4.8). – Да, дека тој е Бог:

Папата Бонифацие VIII: „Бог и јас, Божјиот намесник, имаме една намера … Тогаш за што можете да ме сметате мене, освен за Бог?“

Папата Пие XI: „Вие знаете дека јас сум Свети Отец, Божји претставник на Земјата, Христов намесник (викар), што значи, јас сум Бог на Земјата.“

Зборовите „ќе се претстави себеси дека е тој е Бог“ претставуваат хула, богохулство (грчки „бласфемија“), кога човек се прави Бог, кога се изедначува со Бога. Бласфемија е грев спрема Бога, не спрема човек (Јован 10,33; 5,18).

Апостол Павле во овој свој пророчки запис е премногу јасен за да може ова негово пророштво погрешно да се чита, погрешно да се сфати, погрешно да се толкува и погрешно да се примени на некој друг – освен на римските папи во континуитет, и на никој друг. Историјата не познава ниту еден друг „човек беззаконик“, богохулник и антихрист кој себеси се става на Божје место и се воздига над Бога, „кој ќе седне во Божјиот храм и ќе се претстави себеси дека тој е Бог“, и кој на светската сцена ќе постои сè до второто Христово доаѓање, кого „Господ Исус ќе го убие со здивот на својата уста и ќе го уништи со појавата на своето доаѓање“.

Во современиот свет мнозина ќе бидат изненадени со фактот што Библијата папството и папскиот систем ги препознава како антихрист. Папата на Земјата себеси се  поставил на местото кое му припаѓа на Исуса Христа.

Осудувајќи го папскиот систем, Бог го осудува системот, а не  верниците кои му припаѓаат на тој систем – не верниците на Католичката црква кои живеат според светлината што ја имаат и искрено бараат спасение од Бога.

Теологијата на тој систем го протерува Исуса Христа од оваа земја како Спасител на гешниците и таа улога во голема мера ја презема папата, како антихрист, заедно со свештенството. Секако, ова ќе го потврди историјата, но и многубројните папски пишани документи и декрети што се јавно објавени и се чуваат во папските архиви, од кои во продолжение ќе наведеме само мал дел.

Но најпрво да го појасниме  изразот „антихрист“.  Да забележиме дека зборот „анти“ има две значења во грчкиот јазик. Тоа може да значи „против“, но може да значи и „наместо“. Во Библијата овој израз во 75% случаи значи „наместо“, а не „против“. Всушност, силата на малиот рог или папството е библискиот антихрист, зашто 1260 години тоа владеело на Земјата „наместо“ Христа. Оваа сила како антихрист (1. Јованово 2,18-22; Матеј 24,5.24) точно ќе ја препознаеме од натамошните текстови што ќе ги приведеме – текстови во кои папата навистина се појавува како богохулник, беззаконик и антихрист.

„Ние на оваа Земја го заземаме местото на Севишниот Бог!“

„Знај дека ти си татко на кнезовите и царевите, управител на Земјината топка.“17  До 1963 година папите навистина така се воведувани во својата служба.

„Зар не знаат, прашал Иноќентие III,, дека без мене нема црква, нема Карпа, нема вера, нема спасение?“18 – Тоа е наполно спротивно од она што е напишано во Божјата реч дека, освен Христовото име, „нема друго име дадено под небото со кое ние можеме да се спасиме“ (Дела 4,12). Таа изјава на папата е врховна хула.

Национален католик (National Catholic) од јуни 1895 г. пишува: „Папата не е само претставник на Исуса Христа, туку сам Исус Христос, скриен под превез на тело.“

„Папата има толку големо достоинство и толку многу е уважуван, што тој не е обичен човек, туку како  Бог и Божји намесник… Според тоа, тој е божествен монарх и врховен император, и цар над царевите… Кога би било можно ангелите да згрешат во верата, или можеби да мислат спротивно на верата, ним би им судел папата и би ги  екскомуницирал.“19

Кардиналот Белармин кажува: „Сите имиња што му ги дава Светото писмо на Христа … се применуваат на папата.“20

Папскиот систем му овозможува на папата да му пркоси и да го хули Бога, присвојувајќи си статус кој не му припаѓа на смртен човек. Така, иако Библијата јасно кажува дека „Никој не може да проштава гревови, освен само Бог“ (Марко 2,5-7), Католичката енциклопедија ја дава следната изјава за папскиот авторитет кој му овозможува нему и на неговите свештеници да проштаваат гревови:

„Оваа судска власт содржи дури и сила да проштава гревови.“21 – Тоа е бласфемија, богохулство, кога свештеникот си присвојува власт која не му припаѓа на смртен човек – да им ги проштава гревовите на грешниците.

Богохулство и хула е тврдењето дека свештеникот може да му ги прости смртните гревови на својот верник кога се исповеда пред него.

Во Катихизисот е поставено вакво прашање:

Прашање: Дали свештеникот навистина ги проштава гревовите, или тој само објавува дека тие се простени?

Одговор: Свештеникот навистина и вистински ги проштава гревовите со добродетелта на силата што му ја дал Исус Христос.22

Во католичкиот правилник „Достоинство и должност на свештеникот“, се наведува:

„Свештеникот располага со силата на клучевите, или со сила да ги избавува грешниците од пеколот, правејќи ги достојни за рајот и менувајќи ги од робови на сатаната во Божји деца. Сам Бог е должен да ги прифаќа пресудите на неговите свештеници, да прости или да не прости. Претходно свештеникот објавува, а Бог се согласува со него… Кога Михаел ќе дојде кај христијанинот кој бара помош од него на претсмртна постела, светиот архангел може да ги отера ѓаволите, но не може да го ослободи својот клиент од синџирите сè додека не дојде свештеник да го ослободи.“23

„Сам Бог е должен да ги прифаќа пресудите на неговите свештеници, да прости или да не прости!“ – Дрскост и хула со вселенски димензии! Ниту една од овие изјави Црквата не укинала ниту повлекла во текот на минатите години, од постоењето на Ватикан II.

„Со чудесното достоинство на свештениците, во нивните раце се овоплотува Божјиот Син како во утробата на благословената Девица Марија. Гледајте ја моќта на свештеникот! Свештеничкиот јазик го создава Бога од залак леб – тоа е повеќе од создавањето на светот.“24 – Станува збор за причеста, кога свештеникот со својата наводна „моќ“ „го создава Бога од залак леб“!? Ужасно невистинито! Свештеникот има моќ да го создаде Бога и да го присили да им прости на грешниците. Ма немој!

„Колку што е небото над земјата, толку сме ние, свештенството, над владите, императорите, царевите и принцовите на овој свет. Световните цареви и принцови се различни од свештениците како оловото и најчистото злато. Далеку под свештеникот се ангелите и архангелите, зашто тој во Божје име може да ги прости гревовите, што ангелите никогаш не би можеле. Ние сме над Божјата мајка, зашто таа Христа го родила само еднаш, а ние го создаваме постојано. Да, во извесна смисла свештениците се дури и над Бога, зашто Тој мора секогаш и секаде да ни стои нам на располагање и на наша заповед ќе слезе од небото за да ја посвети мисата. Вистина е дека Бог го создал светот со едноставни зборови ‘нека биде’, но ние свештениците го создаваме Бога со три (четири) малечки зборови.“25

За време на велигденските празници (2007), следејќи ја мисата што се одржа во Ватикан, со свои очи гледавме и со свои уши слушавме како папата им ги прости гревовите на стотици илјади католички верници собрани на плоштадот Свети Петар. Во таа пригода папата од Ватикан им ги прости  гревовите и на милиони други верници на Католичката црква кои мисата ја следеа на ТВ и на радио дома или надвор од домот, патувајќи некаде со некакво превозно средство.

На 17 август 2011 г. светскиот печат објави ударни наслови чија содржина беше: „Папата во Мадрид ќе дели прошка за абортус!“ Стануваше збор за „прослава на Светскиот ден на младите за 2011 г. што ќе се одржи таа седмица во Мадрид, на која ќе присуствува и папата Бенедикт XVI. Свештениците што ќе ги исповедаат помладите поклоници добиле посебно одобрение од Ватикан да им го простат гревот „абортус“. Според црковниот закон прекинот на бременоста се казнува со екскомуникација. ‘Оваа отстапка од Ватикан е одобрена со цел на  верниците кои ќе присуствуваат на прославата да им се даде можност полесно да уживаат во плодовите на божествената милост.’ Во мадридскиот парк Retiro, каде што во сабота ќе се одржи масовна исповед, подигнати се 200 бели кабини за таа намена. Во тие кабини свештениците на разни јазици ќе слушаат исповед на младите поклоници кои во Шпанија ќе дојдат од 193 земји од цел свет. Во една од тие кабини папата Бенедикт XVI ќе слуша исповед од тројца поклоници во сабота наутро, непосредно пред мисата во која ќе учествуваат 6.000 министранти.“26

Едноставно снеможуваме пред дрскоста на оваа груба реалност што ја гледаме: Ватикан им дава одобрение на свештениците да им го простат гревот на грешниците за тие понатаму да можат да уживаат во плодовите на Божјата милост. Каква моќ! Каков центар на моќ! Каква концентрација на моќ со вселенски димензии! Се чини како целокупната своја милост Бог да ја положил и ја сместил во ризниците на Ватикан! Се чини Бог како да го овластил папството тоа неговата милост да им ја дели на грешниците по своја волја и желба. Се чини како сам Бог да го издигнал и папството го поставил над себе, погоре од себе, како Тој да му се потчинил на Ватикан, како да се ставил во неговите раце и го овластил да управува со него и со неговата наука. Се чини како Бог да е немоќен, како да е во подвластена и подјармена положба пред Ватикан. Голем апсурд! Однесувањето на Ватикан навистина е голем апсурд! Ватикан не е поставен над Бога и тој не е ризница во која Бог ја депонирал својата милост, и папството не е овластено да располага со неа, пак велиме, по своја волја и желба да им ја дели на грешниците. Бог не го овластил папството ниту свештенството на традиционалната Црква да им го проштаваат гревот на грешниците. Само и единствено Бог има право да им го проштава гревот на грешниците и никој друг!

Огромната  Божја милост, што му стои при рака на секој грешник како личен подарок од Бога за проштавање на неговите гревови и за негово спасение, Ватикан целосно ја приграбил, ја ставил под своја контрола и ја претворил во свој капитал, во свое лично богатство кое, наместо Бог, тој им го дели на грешниците на лажиче, во зависност од своето расположение и црковните закони. На  оние што ќе дојдат на свеченоста и што ќе се исповедаат пред увото на свештениците, ќе им дадат Божја милост и ќе им го простат гревот, а на другите не. Невистина со несфатливи димензии!

Божјата милост е лично Божје богатство што му припаѓа на целото човештво директно, непосредно. Таа не може и не смее да се става во никакви и во ничии рамки и со неа не може и не смее да манипулира никој. Неа не смее никој да ја приграби за сбе и од неа да создава свој капитал со кој ќе доминира над грешниците. Неа не смее никој да ја ограничува, да ја фабрикува и префабрикува и на грешниците да им ја дава како свој фабрикат. Таа во секое време и во секоја пригода му стои на располагање на секој грешник директно и непосредно од Бога за проштавање на неговиот грев и за негово спасение. Таа не е привилегија на Ватикан и на свештенството на традиционалната Црква. Таа е Божја привилегија дадена на секој човек на земјата. Ватикан погрешно ги сфаќа, погрешно ги разбира и, што е најстрашно, погрешно ги применува Христовите зборови што му ги кажал Христос на апостол Петар за клучевите на небесното царство.

Она што го читаме, што го слушаме и гледаме, е нешто што навистина вчудовидува, нешто што тешко се поднесува и што воопшто не може да се голтне! Свештеникот се поставува над Бога и го присилува Бога да го прифати неговиот суд: „Бог е должен да постапува според судот на своите свештеници“; „ние (папите) на оваа Земја го заземаме местото на Севишниот Бог“; сам Бог е должен да ги прифаќа пресудите на неговите свештеници“; „папата не е само претставник на Исуса Христа, туку сам Исус Христос“; „папата е божествен монарх и врховен император, и цар над царевите“; тој може „да ги екскомуницира дури и ангелите“; „свештеничкиот јазик го создава Бога од залак леб – тоа е повеќе од создавањето на светот“; јас имам ист авторитет со Царот над царевите… јас можам речиси сè што може Бог. Тогаш за што можете да ме сметате мене, освен за Бог“. Какви хули, хули од највисок ранг! Ова не се само вербални изјави, ами нешто што папите навистина го спроведувале во практиката и буквално така се однесувале и така постапувале. Тоа го потврдува и историјата.

Текстовите што ги приведовме се толку силни и јасни, што  не оставаат ниту малку простор за сомневање дека папата, како челник на папството, навистина е антихрист кој се однесува како бог на земјата, токму онака како што кажува библиското пророштво: „Ќе се претстави себеси дека тој е Бог!“ Нема сомневање дека папството, како институција, е олицетворение на библиските пророштва: „Ѕверот кој излезе од морето… со богохулни имиња… ја отвори својата уста да хули против Бога, да го хули неговото име и неговиот (небесен) храм“ (Откровение 13,1.6).

Реформаторите ова јасно го согледале кога го идентификувале антихриста. Тие биле единствени во своето препознавање на папскиот Рим како сила на антихриста, и реформацијата била резултат на ова сфаќање.

Во 1536 г. реформаторот Жан Калвин напишал: „Даниел и Павле предвиделе дека антихрист ќе седи во Божјиот храм… Ние тврдиме дека папата е тој антихрист… Некои мислат дека сме премногу остри и критички расположени кога римскиот понтиф го нарекуваме ‘антихрист’, но оние што велат така не сфаќаат дека со тоа го осудуваат Павле, врз чијашто основа ние зборуваме.“27

Мартин Лутер исто така го препознал антихрист од своето проучување на Посланието на апостол Павле упатено до христијаните во Солун, и од пророчките книги на пророк Даниел и на Откровението. Во 1520 година Лутер му пишувал на својот добар пријател Спалатин:

„Практично јас сум уверен и не можам веќе да се сомневам дека папата навистина е антихрист… Зашто сè толку точно одговара на неговиот начин на живеење, на неговите дела, зборови и заповеди.“28 Во друга пригода Лутер пак ќе каже: „Ние сме уверени дека папскиот престол е престол на вистинскиот антихрист!“

И многу други реформатори, како што се Томас Кранмер, Џон Виклиф, Јан Хус, Јероним, Савонарола, Џон Нокс и Џон Меланхтон препознале дека папството е антихрист. Лутер слободно изјавил:

„Ние не сме први кои толкуваме дека папството е царство на антихриста… Тој (Џон Пурви, во 1390 г.) има право и вистински објавува дека папата е антихрист, зашто тој… е сведок кого Бог однапред го поставил да ја утврди нашата доктрина.“29

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Папскиот Рим е континуитет на империјалниот или многубожечкиот (паганскиот) Рим“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ

Да запомнеме: Во книгата на пророк Даниел не се прави разлика меѓу империјалниот (многубожечкиот) и папскиот Рим. Обата се сметаат како една сила. Многубожечкиот Рим се издигнал откако пропаднало царството на Александар Македонски, и тој сè уште постои, но сега во...

Историските околности и погодности кои му овозможиле на папскиот Рим да се вивне до невидени размери

Кажавме: Секој историчар одделно се согласува дека папскиот Рим настанал од урнатините на древното паганско Римско царство, од пепелта на паганскиот Рим. Англискиот историчар Томас Хобс кажува: „Ако човек го разгледа почетокот на ова големо црковно владетелство, лесно...

Папството во библиското пророштво претставено со мал рог кој израснал до невидена големина

Уште еднаш: Четвртиот ѕвер, кој заедно со другите три видоизменети ѕвера, хибриди (лав со крилја како на орел, мечка со три ребра во устата и леопард со чтири глави и со четири крилја како на птица), излегува од морето, е безимен хибрид, мошне силен и страшен ѕвер, со...

Идентитетот на малиот рог

Од почеток малиот рог е мал, но со текот на времето израснува и станува поголем од другите рогови, предоминантен, постигнувајќи џиновски размери и, како што е веќе кажано, на него се појавуваат човечки очи и човечка уста која изговара големи богохулства - припишувајќи...

Малиот рог треба да биде поголем од другите рогови – поголем од другите цареви (Даниел 7,20)

Во светлината на историското минато на средниот век, а и од она што го најавуваат контурите на идните настани, кои веќе стануваат препознатливи и видливи, јасно е и повеќе од очигледно дека овие пророштва за малиот рог навистина се однесуваат и на средновековното, но...

Понтифекс Максимус – градител на мостови меѓу небото и земјата

Од 538 г. на н. е., кога императорот Јустинијан издал декрет со кој објавил дека папата има превласт во верските прашања, папата презел положба на претставник на Исуса Христа на земјата. Кога Константин ја премествил својата престолнина во Константинопол, папата ја...

На малиот рог „му беше дадено да војува против светите и да ги совлада; светите ќе бидат предадени во негови раце за 1260 години“

Многу работи поврзани со овој поднаслов опширно ќе бидат изнесени и подробно опишани во поднасловот „Инквизицијата и нејзините стравотии“. Пророштвото за малиот рог, односно за папството, кажува дека тоа ќе војува против светите, дека ќе ги совлада и дека тие ќе бидат...

„Ќе помислува да ги измени времињата и законите“ (Даниел 7,25)

Кој било католички катихизис ќе потврди дека папството го променило Божјиот закон. Беше кажано дека втората Божја заповед, која забранува обожавање на икони, статуи и дрги идоли, е исфрлена од католичкиот катихизис. За да биде надоместена таа заповед, десеттата е...

Антихрист не е грчкиот цар Антиох Епифан

Најубиствената армија на Католичката црква, језуитите, биле повикани да им се противстават на протестантите кои папата го прогласиле за антихрист и за „човек на беззаконието“. Во таа борба посебно се истакнале двајца језуитски научници - Luis de Alkazar (1554-1613) и...

За папската непогрешност

Папската сила на Пие IX постигнала највисоки дострели со отворањето на Концилот Ватикан I на кој ултрамонтанистите, под водство на језуитите, задобиле голема победа, објавувајќи на 13 јули 1870 година догма за непогрешност на папата. Оваа доктрина за непогрешност на...

За бројот 666

Една од карактеристиките на папството или на ѕверот е бројот 666. „За ова е потребна мудрост. Кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, зашто тој број е на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,18). Современите толкувања на ова пророштво...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат