Повеќе за жигот на ѕверот
Книгата Откровение го опишува последниот голем судир меѓу Христа и сатаната и го означува како судир на два авторитета. Во Откровението во 12. глава видовме дека ламјата ќе завојува против оние кои ги држат Божјите заповеди и имаат сведоштво на Исуса Христа (Откровение 12,17). Пророкот Јован ни обрнува внимание на суштината на големата последна битка која ќе се води околу Божјиот закон. Непријателот ќе се обиде да го присвои авторитетот на Творецот и да воспостави свој авторитет. Папскиот Рим и Соединетите Американски Држави ќе одиграат главна улога во овој судир.
Римскиот понтиф тврди дека поседува извонредна моќ како во моралните така и во граѓанските прашања и во тоа оди толку далеку што својот авторитет го издигнува над Божјите прописи. Римската декреталија кажува:
„Тој може да изречува казни и пресуди кои се спротивни на правото на нациите, спротивни на Божјите и на човечките закони… Тој може себеси да се ослободи од заповедите на апостолите, бидејќи е нивни претпоставен, и од правилата на Стариот завет. Исто така се наведува дека ‘папата има сила да ги менува времињата, да ги укинува законите и да обессили сè, дури и Христовите прописи’.“14
Сето ова го илустрира следната изјава: „Папата стои наместо разумот. Тој може да се постави над законот; погрешното да го претвори во исправно, така што ќе ги промени и ќе ги исправи законите.“15
Како што видовме, ако Божјите заповеди, а според тоа и Божјето владеење, се мета на гневот на сатаната, тогаш е логично да мислиме дека лажните сили на папството ќе бидат употребени во последниот судир меѓу доброто и злото кој ќе кулминира во процесот на насилно ставање на жигот на ѕверот на челото или на раката на секој жител на земјата. Предупредувањата што се однесуваат на жигот на ѕверот се наоѓаат меѓу најсериозните пораки што можат да се најдат во Библијата и од суштинска важност е внимателно да ги проучиме за да го откриеме нивното значење.
„И тој направи на сите – мали и големи, богати и бедни, слободни и робови – да им се даде жиг (белег ) на десната рака или на челото, за никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној кој има жиг, името на ѕверот или бројот на неговото име“ (Откровение 13,16.17).
„Секој што ќе му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и ќе прими жиг на своето чело или на својата рака, самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е неразредено во чашата на неговата јарост, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето. А димот од нивното мачење ќе се издига во вечни векови; и оние кои му се поклонуваат на ѕверот и на неговата икона, и оној што ќе го прими жигот на неговото име, не ќе имаат спокојство ни дење ни ноќе“ (Откр. 14,9-11).
Жигот на ѕверот носи со себе најголема казна што Бог кога и да е ја изговорил над човекот.
Според Писмото, начинот на кој ќе дејствува жигот на ѕверот во прв ред се состои од наметнување на економски санкции на секоја организација, или на секој поединец, кои не сакаат да го примат жигот.
„Никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној кој има жиг, името на ѕверот или бројот на неговото име… зашто тоа е број на човек, а неговиот број е шестотини шеесет и шест“ (Откровение 13,17.18).
Жигот е нешто што изделува. Жигот на некоја верска сила ќе биде некое посебно верување што ќе ја издели од другите. Тоа најдобро може да се види и да се дознае ако се испита нејзиното учење.
Треба да забележиме дека Католичката црква без никакво заобиколување и притеснување, отворено и искрено признава дека таа извршила замена на саботата со недела. Според тоа, таа тврди дека „неделата е институција на Римокатоличката црква, и оние што го празнуваат тој ден, извршуваат заповед на Католичката црква.“ – Многу јасно, таа Црква саботата Господова ја заменила со недела.
Кардиналот Гибон кажува дека неделата е жиг на римокатоличкиот авторитет.
„Секако, Католичката црква тврди оти промената (од сабота на недела) била нејзино дело… Ова дело е жиг на нејзината црковна моќ и на најзиниот авторитет во верските работи.“16
„Црквата ја заменила саботата со недела не по Христова заповед, туку со силата на својот авторитет.“17
„Неделата е жиг на нашиот авторитет… Црквата е над Библијата. Тоа го докажува оваа промена на празнувањето на саботата.“18
Зошто заповедта за саботата е толку важна во Божјиот закон и зошто е толку важно да се празнува одреден ден? Одговорот се наоѓа во зборовите на заповедта што ги содржи Божјиот печат.
Нема никаква одредена причина зошто човек треба да го празнува седмиот ден, да празнува сабота, освен што така одредил и така заповеда Бог. Според тоа, повеќе од која било друга заповед, сабота е непосреден испит на нашата вера. Заповедта за сабота содржи елементи кои не постојат ниту во една друга заповед. Таа го истакнува името на Законодавецот (Господ или Jahve/Jehova), неговата територија (небото и земјата) и неговата титула (Творец – Создател). Овие три компоненти го сочинуваат она што е познато како печат и му даваат авторитет на законот. Десетте заповеди својата полноважност ја стекнуваат од царскиот печат на Создателот, од печатот на Бога или од саботниот печат.
Да ја чуеме уште еднаш интегрално четвртата Божја заповед: „Помни си да го празнуваш саботниот ден! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! А седми ден е сабота, одмор посветен на твојот Господ Бог. Тогаш немој да работиш никаква работа: ни ти, ни твојот син, ни твојата ќерка, ни твојот слуга, ни твојата слугинка, ни твојот вол, ни твоето магаре, ниту придојдениот што ќе се најде во твојот дом! Зашто Господ (име) за шест дена ги создаде (Создател) небото, земјата (територија), морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Затоа Господ го благослови и го посвети саботниот ден.“ (2. Мојсеева 20,8-11)
Саботната заповед не е само срце на Десетте заповеди, туку печат на тие заповеди. Отстранете ја неа, и заповедите нема да имаат никаков авторитет или службен печат, и тогаш секој следбеник на која било религија би можел да се потпише под другите девет.
Во старите времиња царевите своите декрети или заповеди ги заверувале и потврдувале со царски печат (Даниел 6,8; 1. Царевите 21,8).
Саботата е Божји печат – печат на Божјиот авторитет, а Римската црква тврди дека неделата е жиг на нејзиниот авторитет. Уште повеќе, таа тврди дека нејзино право е да носи закони за моралните прашања и дека световните власти треба да се покорат и да ги прифатат нејзините налози. Тоа не е само обично право што таа го приграбила за време на средниот век, туку и право кое денес го присвојува за себе. Службениот катихизис на Католичката црква, посветен од страна на папата Јован Павле II, за таа тема зборува вака:
„Црквата, која е столб и бедем на вистината, оваа сериозна заповед ја примила од Христа преку апостолите да ја објави спасоносната вистина… На црквата секогаш и насекаде ѝ припаѓа право да ги објавува моралните принципи, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со општествениот поредок, и да суди во кои било човечки работи до онаа мера што ја бараат основните права на човечката личност или спасението на душите.“19
Сепак, ако жигот на ѕверот и неговата присилба треба да станат стварност, тогаш можеме да очекуваме ескалација на овој судир и повици на послушност кон законите кои бараат празнување на неделата. Токму тоа го сторил Јован Павле II непосредно пред почетокот на новиот милениум. Во своето апостолско писмо за светоста на неделата, папата постојано бара неделен закон кој би ги присилувал луѓето да ја празнуваат:
„Мојот претходник, папата Лав XIII, неделниот одмор го истакнувал како право на работниците кое државата мора да го почитува… Според тоа, во одредени околности на нашето време, христијаните природно ќе се погрижат граѓанскиот закон да ја почитува нивната должност да празнуваат недела.“20 Ова писмо на папата поттикнало Sandej Tajms од Лондон на 5.7.1998 да напише: „Папата поттикнува крстоносна војна за да ја спаси неделата.“
На 18 мај 1998 година, Ватикан го објави апостолското писмо AD TUENDAM FIDEM во кое се одредени нормите уфрлени во Кодексот на канонските закони и во кодексот на каноните на источните цркви, во кој се наоѓаат некои мошне значајни реченици за покорност кон папата во врска со доктриналните прашања.
Can.. 1436-5. „Ние наредуваме: сè што е објавено од наша страна во ова Апостолско писмо motu proprio (послание, була или наредба којашто ја издава папата според своја сопствена побуда, без надворешно влијание) е цврсто и валидно и наредуваме да биде уфрлено во универзалниот закон на Католичката црква, односно во Кодексот на канонскиот закон и во Кодексот на канонот на источните цркви, точно онака како што е одредено горе. Објавено во Рим, Црквата на Свети Петар, 18 мај 1998 година, во дваесеттата година на нашиот понтификат.“
Во писмото беше кажано дека Папата Јован Павле II првпат од исцелувањето на раната (од средниот век) ги употребува изразите еретик и отпадник и ги предупредува непослушните верници на стадото и свештениците дека ќе бидат казнети со исклучување од црквата ако не го прифатат папскиот авторитет во прашањата на доктрината.
Казнет како „еретик или како отпадник!“ Тоа навистина звучи кобно и потестува на деновите кога еретиците примале казна која одговарала на нивниот престап. Секако, таа казна била смрт. Библијата кажува дека историјата ќе се повтори. Папството ќе издаде декрет за смртна казна за сите кои не го прифаќаат неговиот авторитет како врховен авторитет кој во последните денова во најголема можна мера ќе се манифестира и ќе дојде до израз преку неделниот закон што ќе го опфати цел свет.
Овојпат декретот ќе биде универзален и цел свет ќе мора да одбере меѓу послушноста кон Бога и послушноста кон човек, кон папството. Потоа, според пророк Даниел и апостол Јован, ќе настапи време на неволја каква што никогаш немало.
Да забележиме дека Ватикан со апостолското писмо AD TUENDAM FIDEM истите норми што важат за Католичката црква ги уфрлува и во Кодексот на каноните на источните цркви, односно во Кодексот на каноните на своите ќерки. Секако, Католичката црква, како мајка, смета дека има право да ги одредува правилата на однесување и на верниците на своите ќерки, па дури да ги применува истите санкции и против нивните „еретици“ и „отпадници“.
„Богослужението во недела е ‘неопходност’ за сите. ‘‘Sine dominico non possumus!’ ‘Без неделата (без богослуженијата во недела), не можеме да живееме!’ Папата Benedikt XVI ова го изјави на 9 септември 2007 г. за време на мисата во катедралата св. Стефан во Виена. Германскиот папа упати силен повик до христијаните неделата да ја оживеат како најважна религиозна пракса. ‘Дајте ѝ душа на нејзината недела, дајте ѝ ја неделата на нејзината душа (на душата на таа религиозна пракса)’, пееше пред мноштво од 40.000 натопено од дожд. ‘Дајте ѝ душа на неделата!’“
Неколку збора за папскиот плурал (множина): Папата секогаш за себе кажува „ние“ – „ние сме наместо Бога на земјата“… „ние наредуваме“… „објавено од наша страна“… „нашиот понтификат“ итн.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Нов светски поредок! Кој, кога, како и зошто ќе го воспостави?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК! КОЈ, КОГА, КАКО И ЗОШТО ЌЕ ГО ВОСПОСТАВИ?
Без и најмала сенка на сомневање можеме да тврдиме дека напредуваме кон создавање на некаков облик сесветска, заедничка влада, кон една светска конфедерација или светска супер-држава. Католичкиот писател, Малахи Мартин ((Malachi Martin)), огнен католик и некогашен...
Што ќе му помогне на библискиот тандем да успее во своите потфати?
Јован Павле не сакаше да оствари контрола над идната светска влада со вооружена сила, зашто Ватикан нема оружје. Сообразно со ова, Малахи Мартин истакнува дека Јован Павле, или некој од неговите наследници, ќе очекува политичката контрола над светот да падне во негови...
Икона на ѕверот
Последните грозоморни настани што ќе ги растресат и темелите на нашиот стар изнамачен и изветвен свет ќе го урнат и вековниот принцип на одвоеност на црквата од државата, со што ќе се обедини световното и духовното, државата и црквата. Во поранешните векови, кога...
Неделен закон и жиг на ѕверот
Во рамките на есхатолошките библиски настани, кои го најавуваат скорашниот крај на светот, слободата на совеста и верата и во Америка и во цел свет ќе стане историско минато. Таа слобода Библијата ја заменува со најголема светска диктатура која ќе ги засенчи сите...
Лажните христоси ќе помогнат неделниот закон да се прифати во цел свет
Како што видовме, пророштвото кажува оти со неделниот закон, што ќе го скрои и ќе го спроведува протестантска Америка, таа ќе го принуди цел свет да ја прифати неделата како ден за одмор. Од друга страна, неделниот закон за католиците, протестантите и православните...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.