Лажните христоси ќе помогнат неделниот закон да се прифати во цел свет

Како што видовме, пророштвото кажува оти со неделниот закон, што ќе го скрои и ќе го спроведува протестантска Америка, таа ќе го принуди цел свет да ја прифати неделата како ден за одмор. Од друга страна, неделниот закон за католиците, протестантите и православните христијани, кои и онака празнуваат недела, ќе настапи како добредојден стожер што ќе ги обедини сите нив, мајката со ќерките, во заедничка христијанска коалиција. Тие и без тоа со сите сили се трудат да докажат дека Христос, кога воскреснал, саботата ја заменил со недела, иако алките на тој нивни синџир од „силни“ докази и аргументи се толку јаки што можат да ги испокинат две гасеници кои влечат во спротивна насока.

Но овде се среќаваме со дилема. За христијаните не е тешко да ја прифатат неделата. Меѓутоа, нејасно и несфатливо е како неа, неделата, ќе ја прифатат иранските фанатици кои ги спалувале американските знамиња и ги терале своите деца низ мински полиња во слава на Алаха, или ортодоксните Евреи во Ерусалим кои ги каменуваат автомобилите што поминуваат во сабота низ нивниот крај, или пак оние други милијарди нехристијани. Како можете нив да ги натерате без отпор да празнуваат недела кога таа е чисто христијански празник и нема ништо заедничко со нив?

Но, иако има дилеми во врска со ова прашање, сигурно е едно – пророштвото е јасно – цел свет ќе ја прифати неделата како ден за одмор и сите што ќе ја прифатат, со тоа добиваат жиг од ѕверот.

Еве едно размислување. Рековме дека огромните природни катастрофи што ќе ја пустат нашата планета и лавините од терор, криминал и тероризам, ќе ги натераат светските политички водачи да им се придружат на светските верски водачи за да најдат решение. Протестантите, католиците, православните, спиритистите, атеистите и научниците, и сите луѓе на светот, панично ќе се обединат да го „смилостиват“ навредениот Бог. Неделниот закон ќе изгледа како вистинска можност за решавање на страшните проблеми со кои ќе се соочуваме – неделата како стожер околу кој светот ќе се обедини да бара излез од таа огромна криза со која ниту една држава не ќе може сама да се справи.

Втора работа, лажните христоси ќе помогнат неделниот закон да се прифати во цел свет. Уште од времето кога Исус рекол: „Еве ќе дојдам скоро!“, христијаните го очекуваат неговото доаѓање, но не се сложуваат околу тоа кога Тој ќе дојде, ниту каде ќе дојде, ниту како ќе дојде, ниту пак што ќе стори кога ќе дојде. Тоа му дава простор и можност на сатаната да манипулира со христијаните и заедно со своите демони во разни делови на светот да се појавуваат меѓу луѓето како лажни христоси, како величествени суштества со блескотен сјај, слично на описот на доаѓањето на Божјиот Син во Откровението 1,13-15. Славата што ќе го опкружува лажниот христос ќе надмине сè што кога и да е видело смртно човечко око и насекаде ќе се разлеваат силни извици: Христос дошол, Христос дошол!

Но, како што е веќе кажано порано, христијаните не се единствени верници кои чекаат спасител. Евреите, будистите, Индусите и муслиманите – сите тие очекуваат да дојде некое натприродно суштество, иден избавител кој ќе се појави по извесен период на буни и ќе му донесе мир и среќа на цел свет. Токму таа сеопшта надеж кај сите народи во избавител кој треба да се појави во последното време може да придонесе и остатокот од нехристијанскиот свет да го прифати последниот мамутски сатански систем на измама во врска со неделниот закон и неделата како Божји ден за одмор.

Да ги замислиме месијанските очекувања на сите заедно – на Индусите, на Евреите, на муслиманите, на христијаните и на будистите, кога ќе се соочат со „жалното време какво што не постоело откако постојат луѓе на светот“, особено затоа што во тоа време на такви силни неволји луѓето и онака го очекуваат – секој својот месија да дојде!

И тогаш, среде таа голема забуна и тревога, сатаната ќе се појави во разни делови на светот во ненадмината слава. Тој доаѓа како „величествено суштество со блескотен сјај“ кај исламскиот свет на начин како што се очекува Махди, и муслиманите му се поклонуваат на своите молитвени килими на својот месија кој ќе најави илјада години мир.

Во слава што надминува сè што видело смртно човечко око тој пристигнува меѓу Индусите кои го гледаат како Калки, како конечна и завршна инкарнација на Вишна.

Евреите се радуваат зашто нивниот долго очекуван Машиаш (месија) конечно пристигнал, не како скромен слуга, туку како моќен натприроден владетел кој ќе ги ослободи од „месијанските неволји“.

Будистите го гледаат Маитреја кој доаѓа да излее благослов врз човештвото! За христијаните тој е Христос. Припадниците на движењето Њу ејџ во него сите тие божествени личности ќе ги видат наеднаш!

Сатаната, кој се претставува како Христос, ќе изнесува длабоки „вистини“, ќе лекува болни и ќе прави чуда. Во исламските земји ќе го цитира Коранот, а пред христијаните ќе зборува за истите оние прекрасни небесни вистини за кои зборувал Спасителот. Секако, бидејќи светот ќе поминува низ страшни неволји, христијаните ќе им кажат на нехристијаните дека сите мораат да прифатат еден заеднички ден во кој ќе го слават Бога, неделата, за да запрат неволјите. Во текот на тие гигантски, речиси непреодоливи измами, сатаната, во ликот на лажниот христос, истиот повик ќе им го упати и на христијаните, тврдејќи дека саботата тој ја заменил со недела. И милијарди луѓе во светот – очајни поради војните, земјотресите, гладот, болестите и бескрајното насилство – ќе ги послушаат пораките на својот долго очекуван „избавител“, ќе прифатат да празнуваат лажен ден за одмор – неделата – и со тоа ќе примат жиг на ѕверот.

И тогаш, кога сатаната ќе ја изнесе својата најголема лага, дека неделата е ден за одмор, ќе може да се појави пред секоја религија како миротворец кого отсекогаш го очекувале. Така тој ќе изгледа како Исус, ќе звучи како Исус, ќе биде облечен како Исус, ќе се однесува како Исус и за најголем дел од светот тој ќе биде Исус. Од неговите усни ќе потечат зборови на љубов – зборови што ќе прелажат речиси секого.

 

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Нов светски поредок! Кој, кога, како и зошто ќе го воспостави?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК! КОЈ, КОГА, КАКО И ЗОШТО ЌЕ ГО ВОСПОСТАВИ?

Без и најмала сенка на сомневање можеме да тврдиме дека напредуваме кон создавање на некаков облик сесветска, заедничка влада, кон една светска конфедерација или светска супер-држава. Католичкиот писател, Малахи Мартин ((Malachi Martin)), огнен католик и некогашен...

Што ќе му помогне на библискиот тандем да успее во своите потфати?

Јован Павле не сакаше да оствари контрола над идната светска влада со вооружена сила, зашто Ватикан нема оружје. Сообразно со ова, Малахи Мартин истакнува дека Јован Павле, или некој од неговите наследници, ќе очекува политичката контрола над светот да падне во негови...

Икона на ѕверот

Последните грозоморни настани што ќе ги растресат и темелите на нашиот стар изнамачен и изветвен свет ќе го урнат и вековниот принцип на одвоеност на црквата од државата, со што ќе се обедини световното и духовното, државата и црквата. Во поранешните векови, кога...

Неделен закон и жиг на ѕверот

Во рамките на есхатолошките библиски настани, кои го најавуваат скорашниот крај на светот, слободата на совеста и верата и во Америка и во цел свет ќе стане историско минато. Таа слобода Библијата ја заменува со најголема светска диктатура која ќе ги засенчи сите...

Повеќе за жигот на ѕверот

Книгата Откровение го опишува последниот голем судир меѓу Христа и сатаната и го означува како судир на два авторитета. Во Откровението во 12. глава видовме дека ламјата ќе завојува против оние кои ги држат Божјите заповеди и имаат сведоштво на Исуса Христа...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат