За небесното Светилиште
Полагањето раце врз главата на животното е вообичаен чин со кој се врши замена и пренесување на гревот од грешникот на жртвата. Во секоја жртва постоела идеја за замена; жртвата го заземала местото на човекот, местото на грешникот; со други зборови, жртвата го заменувала грешникот. Во Стариот завет грешникот го заменува и за него и наместо него се жртвува (умира) животно, а во Новиот завет грешникот го заменува и за него и наместо него се жртвува (умира) Христос. Во Стариот завет грешникот од своите гревови се чистел со крвта на животно, а во Новиот завет грешникот се чисти со крвта на Христа. Во Стариот завет меѓу грешникот и Бога посредувал свештеникот, а во Новиот завет меѓу грешникот и Бога посредува Христос. Во Стариот завет свештеникот како посредник меѓу грешникот и Бога во земното Светилиште укажувал на Христа како посредник меѓу грешникот и Бога во небесното Светилиште. Во стариот завет Светилиштето и сите негови служби и активности укажувале на небесното Светилиште и на неговите служби и активности.
Божјата реч на многу места ни кажува дека на небото постои небесно Светилиште со небесна служба и со небесно свештенство, и тоа е оној небесен оригинал, онаа мостра или образец според кој е направено земното Светилиште како негов симбол, слика или минијатурна копија, макета, што ја исфрлил Бог од активна служба кога ја искинал неговата завеса во мигот кога Исус умрел на крстот.
Веќе ја видовме заповедта што му ја даде Бог на Мојсеја: „Да ми направите Светилиште (скинија)… како што ќе ти покажам јас на планината!“ (2. Мојсеева 25,8.9.40). Јасно е дека земното Светилиште или замниот шатор (скинија), е направен според мострата на небесниот „шатор (скинија)“.
Голем дел од Посланието до Евреите апостол Павле му посветува на овој толку значаен предмет, зборувајќи за небесното Светилиште и за активностите што ги врши во него нашиот Спасител како наш сегашен небесен првосвештеник, правејќи и паралела меѓу небесното и земното Светилиште. – Значи, Библијата е јасна: на небото имаме небесно Светилиште, многу поголемо и повеличествено од земното:
„Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител во Светилиштето и во вистинскиот шатор (вистинската скинија) што го подигна Господ, а не човек“ (Евреите 8,1.2).
„Исус Христос, кој умре, и згора на тоа воскресна, кој е од десната страна на Бога и кој се зазема (посредува) за нас“ (Римјаните 8,34).
„Но, кога Христос стана првосвештеник на идните блага, поминувајќи низ поголем и посовршен шатор (скинија), кој е неракотворен (не е создаден од човечка рака), односно, кој не му припаѓа на овој свет, влезе еднаш за секогаш во светињата над светињите, не со крв на јарци и јунци, туку со својата сопствена крв, и ни прибави вечен откуп. Зашто, ако крвта на јарците, биковите и пепелта од јуницата, со кои се попрскуваат осквернетите, осветуваат така да се добие телесна чистота, колку ли повеќе крвта на Христа – кој преку вечниот Дух се принесе сам себеси на Бога како совршена жртва – ќе ја исчисти нашата совест од мртвите дела за да му служиме на живиот Бог“ (Евреите 9,11-14).
„Неа (надежта) ја имаме како сигурна и цврста котва на душата, која навлегува и зад завесата, каде што Исус влезе за нас како претходник, откако стана вечен Првосвештеник според редот Мелхиседеков“ (Евреите 6,19.20).
„И така, браќа, бидејќи со помош на силата на Исусовата крв ние слободно можеме да влеземе во светињата над светињите – тој нов и животодавен пат Тој ни го отвори низ завесата, односно низ своето тело – и бидејќи имаме Првосвештеник кој е поставен над Божјиот дом, да пристапуваме кон него со искрено срце и наполно уверени откако сме ги исчистиле срцата од зла совест и сме го измиле телото со чиста вода“ (Евреите 10,19-22).
„Бидејќи имаме возвишен Првосвештеник, кој помина низ небесата – Божјиот Син, Исус – да се држиме цврсто за верата што ја исповедаме! Зашто, немаме Првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку таков кој бил искушуван во сè, како нас, но не згрешил. И така, да пристапиме со доверба кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат како благовремена помош“ (Евр. 4,14-16).
„А Тој (Христос) има непоминливо (вечно) свештенство, зашто останува во вечни векови. Затоа и може да ги спасува за вечни векови оние кои преку него доаѓаат кај Бога, зашто секогаш живее за да се застапува (посредува) за нив. Навистина таков Првосвештеник ни требаше и нам: свет, невин, непорочен, наполно различен од грешниците и повозвишен од небесата, кој немаше потреба, како првосвештениците (како земните првосвештеници), да принесува жртви секој ден, прво за своите гревови, а потоа за гревовите на народот, бидејќи тоа го стори еднаш за секогаш принесувајќи се самиот себе.“
„Христос не влезе во ракотворената (во земната, од човек изградена) светиња над светињите, која е само копија на вистинската, туку во самото небо, да посредува за нас пред Божјето лице“ (Евреите 7,24-27; 9,24).
Можеби ние не можеме во целост да ги сфатиме и да ги разбереме сите подробности во врска со небесното Светилиште, но непореклива и неприкосновена е библиската вистина дека на небото постои „вистински“, „поголем и посовршен шатор (скинија), кој е неракотворен (не е создаден од човечка рака), односно, кој не му припаѓа на овој свет“ – постои небесно Светилиште, „Божји дом“, „што го подигна Господ, а не човек“.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
НА НЕБОТО ИМАМЕ НЕБЕСНО СВЕТИЛИШТЕ, НЕБЕСЕН ХРАМ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во...
Небесното Светилиште во Откровението
Иако се соочуваме на земјата, проблемот на гревот, на спасението и злото, го опфаќа и небото. Гревот не почнал на земјата; тој почнал на небото (Исаија 14,12-14) со бунтот на Луцифера и на една третина на небесните ангели. Според тоа, проблемот на гревот има небесни...
Синај е присутен и во небесното Светилиште
Во земното Светилиште бил сместен ковчегот со Божјиот закон. И во небесното Светилиште постои ковчег со Божјиот закон: „При тоа се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм“ (Откр. 11,19). Апостол Јован на небото го гледа...
Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото
Божјиот слуга, апостол Јован, е многу јасен кога тврди: „Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм!“ Секако, тоа е пророштво кое кажува дека во даден миг ќе се отвори небесниот храм и ќе се покаже ковчегот на Божјиот...
Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште
Посланието до Евреите опишува вистинско, стварно, реално, материјално Светилиште на небото што го подигнал Господ: „Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како...
Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште
Многу е значајна вистината дека во небесното Светилиште имаме небесен „Првосвештеник (Христос), кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител“ во тоа „Светилиште што го подигна Господ, а не човек“. Прекрасно е опишан нашиот „вечен...
Чистење на небесното Светилиште
Што кажуваа земните „симболи на небесните оригинали“ во земното Светилиште во Стариот завет за начинот на кој грешниците се ослободуваа од своите гревови? Да се потсетиме! Кога некој од народот ќе згрешел, носел животно во дворот, во тремот на Светилиштето, каде што...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.