Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото
Божјиот слуга, апостол Јован, е многу јасен кога тврди: „Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм!“ Секако, тоа е пророштво кое кажува дека во даден миг ќе се отвори небесниот храм и ќе се покаже ковчегот на Божјиот завет во него.
Многу важно и суштествено за нас е да знаеме дека Божјиот храм на небото се отвора и во него се покажува ковчегот на неговиот завет за време на седмата труба која е непосредно поврзана со времето на второто Христово доаѓање (Откровение 11,15-19).
Факт е дека ние живееме во „последните денови“ кога Христос повторно ќе дојде (2. Тимотеј 3,1), кога на небото ќе се покаже „ковчегот на неговиот завет“, кој во Божјата реч се споменува на 33 места како „ковчег на заветот“, со „две плочи“ во него кои се споменуваат на 15 места, со Десет Божји заповеди напишани на нив.
Постои веројатност Бог да ги изнесе плочите на показ пред очите на целото човештво, за секој да може со свои очи и на својот јазик да ги чита Десетте Божји заповеди, оние заповеди што ги изговорил лично Тој на Синај и со својот огнен прст ги врежал на две камени плочи.
Веројатно милиони христијани ќе ја читаат втората Божја заповед и првпат ќе сфатат дека сликите, иконите и киповите, пред кои се клањале, се идоли, а тие идолопоклоници, кои ќе бидат казнети за идолопоклонство.
Уште поверојатно е дека поголем број милиони христијани со свои очи и на својот јазик ќе ја гледаат и ќе ја читаат четвртата Божја заповед и за првпат ќе видат дека таа заповед од нас бара да празнуваме сабота, а не недела, дека сабота е свет Божји ден, седми ден за одмор, а не недела.
Да, почитувани, апостол Јован кажува и тврди дека „се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм.“ И навистина, без оглед на тоа дали ние веруваме или не, дали тоа го толкуваме вака или онака, буквално или симболично, независно од нашата желба, небесниот храм ќе се отвори и во него ќе се покажат двете „камени плочи“ со Десетте Божји заповеди, со силна Божја светлина која ќе проникне до дното на нашата душа и – што тогаш? Тогаш не ќе можеме да опстанеме пред силата на овие заповеди што сме ги газеле, и неминовно ќе паднеме врз острицата на нивниот меч и ќе загинеме за вечни времиња.
Затоа, да не се играме со синајскиот оган, зашто тој не е обичен оган. Божјите заповеди ги изговорил Бог и нив ги напишала Божја рака – сите десет, меѓу нив и втората и четвртата заповед, и од нив излегува Божји оган. Навреме да се тргнеме од нашата самоувереност, да излеземе од кожурците на верата што сме ја наследиле од дедовците и прадедовците и да го преиспитаме нашето христијанство, да го измериме на Божјиот кантар – и навреме да се престроиме, за да не се најдеме на погрешна страна кога небесниот суд ќе го разгледува нашиот случај.
И на крај, да одговориме на поставеното прашање: Небесниот храм или небесното Светилиште, и Христовата свештеничка служба во него, првенствено се заради нас, но и заради жителите на целиот космос. Очите на целата вселена со страхопочит го посматраат Христа во улога на наш првосвештеник како со помош на својата првосвештеничка служба во небесното Светилиште јавно, најотворено, најтранспарентно и праведно го решава проблемот на гревот, давајќи му на секое живо суштество во космосот можност да има целосен увид во планот на спасението, сè со цел кај никого и никогаш да не остане ни малку сомневање ниту во Божјата милост, ниту во Божјата правда кога наскоро Бог конечно ќе им стави крај на гревот и грешниците.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
НА НЕБОТО ИМАМЕ НЕБЕСНО СВЕТИЛИШТЕ, НЕБЕСЕН ХРАМ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во...
За небесното Светилиште
Полагањето раце врз главата на животното е вообичаен чин со кој се врши замена и пренесување на гревот од грешникот на жртвата. Во секоја жртва постоела идеја за замена; жртвата го заземала местото на човекот, местото на грешникот; со други зборови, жртвата го...
Небесното Светилиште во Откровението
Иако се соочуваме на земјата, проблемот на гревот, на спасението и злото, го опфаќа и небото. Гревот не почнал на земјата; тој почнал на небото (Исаија 14,12-14) со бунтот на Луцифера и на една третина на небесните ангели. Според тоа, проблемот на гревот има небесни...
Синај е присутен и во небесното Светилиште
Во земното Светилиште бил сместен ковчегот со Божјиот закон. И во небесното Светилиште постои ковчег со Божјиот закон: „При тоа се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм“ (Откр. 11,19). Апостол Јован на небото го гледа...
Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште
Посланието до Евреите опишува вистинско, стварно, реално, материјално Светилиште на небото што го подигнал Господ: „Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како...
Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште
Многу е значајна вистината дека во небесното Светилиште имаме небесен „Првосвештеник (Христос), кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител“ во тоа „Светилиште што го подигна Господ, а не човек“. Прекрасно е опишан нашиот „вечен...
Чистење на небесното Светилиште
Што кажуваа земните „симболи на небесните оригинали“ во земното Светилиште во Стариот завет за начинот на кој грешниците се ослободуваа од своите гревови? Да се потсетиме! Кога некој од народот ќе згрешел, носел животно во дворот, во тремот на Светилиштето, каде што...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.