Синај е присутен и во небесното Светилиште
Во земното Светилиште бил сместен ковчегот со Божјиот закон. И во небесното Светилиште постои ковчег со Божјиот закон: „При тоа се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм“ (Откр. 11,19).
Апостол Јован на небото го гледа „Божјиот храм“ кој се отворил, и во него „ковчегот на неговиот (Божјиот) завет“. Со други зборови, Јован го гледа Синај во небесниот храм, синајскиот ковчег со Десетте Божји заповеди во неговиот оригинал. Кога се појавил „ковчегот на неговиот завет“ во „Божјиот храм на небото“, настанале „молскавици, гласови, земјотрес“…, слично како и порано кога Господ ги изговарал своите Десет заповеди на Синај.
Во небесниот храм постојат оригинални плочи со оригиналниот Божји закон, односно со оригиналните Десет Божји заповеди, ставени во оригинален ковчег. Синајските плочи со синајскиот закон, односно со синајските Десет заповеди, ставени во синајскиот ковчег, се копија на небесните оригинали кои се чуваат во небесниот храм, односно во небесното Светилиште. И Јован во небесниот храм ги гледа токму небесните оригинали – го гледа небесниот „ковчег на заветот“ со небесните плочи и со небесниот Божји закон. Овие небесни оригинали ја потврдуваат нивната непроменливост и нивната вечна вредност. И кој смее да гиба во тие небесни оригинали и да се осмелува да ги менува или да ги укинува?!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
НА НЕБОТО ИМАМЕ НЕБЕСНО СВЕТИЛИШТЕ, НЕБЕСЕН ХРАМ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во...
За небесното Светилиште
Полагањето раце врз главата на животното е вообичаен чин со кој се врши замена и пренесување на гревот од грешникот на жртвата. Во секоја жртва постоела идеја за замена; жртвата го заземала местото на човекот, местото на грешникот; со други зборови, жртвата го...
Небесното Светилиште во Откровението
Иако се соочуваме на земјата, проблемот на гревот, на спасението и злото, го опфаќа и небото. Гревот не почнал на земјата; тој почнал на небото (Исаија 14,12-14) со бунтот на Луцифера и на една третина на небесните ангели. Според тоа, проблемот на гревот има небесни...
Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото
Божјиот слуга, апостол Јован, е многу јасен кога тврди: „Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм!“ Секако, тоа е пророштво кое кажува дека во даден миг ќе се отвори небесниот храм и ќе се покаже ковчегот на Божјиот...
Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште
Посланието до Евреите опишува вистинско, стварно, реално, материјално Светилиште на небото што го подигнал Господ: „Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како...
Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште
Многу е значајна вистината дека во небесното Светилиште имаме небесен „Првосвештеник (Христос), кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител“ во тоа „Светилиште што го подигна Господ, а не човек“. Прекрасно е опишан нашиот „вечен...
Чистење на небесното Светилиште
Што кажуваа земните „симболи на небесните оригинали“ во земното Светилиште во Стариот завет за начинот на кој грешниците се ослободуваа од своите гревови? Да се потсетиме! Кога некој од народот ќе згрешел, носел животно во дворот, во тремот на Светилиштето, каде што...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.