Небесното Светилиште во Откровението
Иако се соочуваме на земјата, проблемот на гревот, на спасението и злото, го опфаќа и небото. Гревот не почнал на земјата; тој почнал на небото (Исаија 14,12-14) со бунтот на Луцифера и на една третина на небесните ангели. Според тоа, проблемот на гревот има небесни димензии. Целата вселена е вмешана (Римјаните 8,22) во прашањата што се поврзани со решавањето на проблемот на гревот и бунтот.
Зар тогаш не би можело небесното Светилиште да помага небесните жители да се информираат за планот на спасението на ист начин како и луѓето што се информирани преку земното Светилиште? На Бога не му е потребно Светилиште на небото; тоа е таму заради небесните жители, за да им се покаже дека Бог отворено и праведно постапува со бунтот и бунтовниците, дека праведно го решава и разрешува проблемот на гревот.
Христијанството денес не ја сфаќа и голем грев прави што не сака да ја сфати и да ја прифати оваа толку јасна библиска вистина и огромната улога што ја има небесното Светилиште со сите свои незаменливи и неодминливи служби и активности што се одвиваат во него без кои буквално нема спасение. Да се занемарува една толку значајна вистина е нешто што збунува.
Христовото посредување за човекот во небесното Светилиште е важно во планот на спасението. Со својата смрт Христос направил големо дело кое, по своето воскресение, заминал да го доврши на небото! Оваа мисла поподробно ќе биде разработена и прикажана во натамошните текстови. Покрај посланието до Евреите, и Откровението го прикажува небесното Светилиште како вистинско и возвишено место. Во книгата Откровение небесното Светилиште се спомнува четиринаесет пати под различни имиња: „Божји храм што се наоѓа на небото“ (11,19), „негов храм“ (7,15; 11,19), „небесен храм“ (14,17), „храм, шатор (скинија) на сведоштвото“ (15,5), „храм“ (14,15; 15,6.8; 16,1.17).
Во небесното Светилиште, како небесен оригинал, ги наоѓаме истите предмети и служби од земното Светилиште кое било само негова сенка и копија. Така, во него го гледаме Христа во свештеничка облека како оди среде „седум златни свеќници“ (1,12.13) и како „заклано (жртвувано) јагне“ (5,6); понатаму, гледаме ангел кој застанал „до жртвеникот, држејќи златна кадилница“, на кого му било дадено „многу темјан за да го принесе заедно со молитвите на сите свети врз златниот жртвеник пред престолот“, а од рацете на ангелот се издигнал „пред Бога димот од темјанот, заедно со молитвите на светите. И ангелот ја зеде кадилницата, ја наполни со оган од жртвеникот и ја фрли на земјата“ (8,3-5; 14,18). – На небото: „свеќници“ жртвеник, кадилница, темјан…, својствени за земното Светилиште!
Небесното Светилиште е команден центар за целата вселена бидејќи во него се наоѓа Божјиот престол. Да го аргументираме ова со очигледни библиски докази!
„Главно од она што беше кажано е ова: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник), кој седна оддесно на престолот на Величеството на небесата како служител во Светилиштето и во вистинскиот шатор што го подигна Господ, а не човек“ (Евреите 8,1.2). – Да забележиме: „Првосвештеник“, „оддесно на престолот“, „на небеста“, „во Светилиштето и во вистинскиот шатор што го подигна Господ, а не човек“.
Божјиот престол, кој се наоѓа во небесниот храм, во небесното Светилиште, се споменува четириесет пати. Карактеристично е тоа што за Бога секојпат се зборува како за „Оној кој седи на престолот“ (5,7). Уште неколку текстови од Откровението за локацијата на Божјиот престол:
„Тоа се оние кои доаѓаат од големите неволји, кои ги испраа своите облеки и ги избелија во крвта на Јагнето. Затоа се пред Божјиот престол и му служат дење и ноќе во неговиот храм“ (7,14.15); „златниот жртвеник пред престолот“ (8,3); „а седмиот ангел ја излеа својата чаша во воздухот, и излезе силен глас од храмот, од престолот, велејќи: ‘Се сврши!’“ (16,17). – Значи, „Божјиот престол“ во „неговиот храм“, „од храмот, од престолот.“
Сите небесни активности, поврзани со вселената и со нашата планета, се одвиваат во небесното Светилиште, пред Божјиот престол, па и небесниот истражен суд.
Во Откровението се одигруваат многу настани и сцени кои го сочинуваат скелетот на планот на спасението на паднатото човештво и главно тие произлегуваат од Светилиштето од каде што се управува со настаните на последното време.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
НА НЕБОТО ИМАМЕ НЕБЕСНО СВЕТИЛИШТЕ, НЕБЕСЕН ХРАМ
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во...
За небесното Светилиште
Полагањето раце врз главата на животното е вообичаен чин со кој се врши замена и пренесување на гревот од грешникот на жртвата. Во секоја жртва постоела идеја за замена; жртвата го заземала местото на човекот, местото на грешникот; со други зборови, жртвата го...
Синај е присутен и во небесното Светилиште
Во земното Светилиште бил сместен ковчегот со Божјиот закон. И во небесното Светилиште постои ковчег со Божјиот закон: „При тоа се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм“ (Откр. 11,19). Апостол Јован на небото го гледа...
Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото
Божјиот слуга, апостол Јован, е многу јасен кога тврди: „Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм!“ Секако, тоа е пророштво кое кажува дека во даден миг ќе се отвори небесниот храм и ќе се покаже ковчегот на Божјиот...
Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште
Посланието до Евреите опишува вистинско, стварно, реално, материјално Светилиште на небото што го подигнал Господ: „Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како...
Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште
Многу е значајна вистината дека во небесното Светилиште имаме небесен „Првосвештеник (Христос), кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител“ во тоа „Светилиште што го подигна Господ, а не човек“. Прекрасно е опишан нашиот „вечен...
Чистење на небесното Светилиште
Што кажуваа земните „симболи на небесните оригинали“ во земното Светилиште во Стариот завет за начинот на кој грешниците се ослободуваа од своите гревови? Да се потсетиме! Кога некој од народот ќе згрешел, носел животно во дворот, во тремот на Светилиштето, каде што...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.