Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште

Многу е значајна вистината дека во небесното Светилиште имаме небесен „Првосвештеник (Христос), кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител“ во тоа „Светилиште што го подигна Господ, а не човек“.

Прекрасно е опишан нашиот „вечен Првосвештеник“, Христос, и неговата првосвештеничка служба, неговото „вечно свештенство“, во небесното Светилиште: Тој, „свет, невин, непорочен, наполно различен од грешниците и повозвишен од небесата“, кој „сочувствува со нашите слабости“, „влезе еднаш за секогаш во светињата над светињите, не со крв на јарци и јунци, туку со својата сопствена крв, и ни прибави вечен откуп“.

„Со помош на силата на Исусовата крв“, заедно со нашиот Првосвештеник, и „ние слободно можеме да влеземе во светињата над светињите“, и повикани сме „да пристапуваме кон него со молитва и со искрено срце“, „со доверба, кон престолот на благодатта“, кон Божјиот престол, во „Божјиот дом“, во небесното Светилиште, „за да примиме милост“ и спасение, зашто „Тој може да ги спасува за вечни векови оние кои преку него доаѓаат кај Бога, бидејќи секогаш живее за да се застапува за нив“, да „посредува“, да „се зазема за нас“ „пред Божјето лице“. Според тоа, не во исповедална, пред увото на смртен свештеник, туку директно со молитва пред Бога, пред Божјиот престол, во небесното Светилиште, како што нè учат овие библиски текстови.

Да нема забуна! На крстот на Голгота комплетно е исплатена казната за гревот на човештвото и целосно е задоволена Божјата правда кога Христос ги изговорил зборовите „Се сврши!“ Но, фактот што Христос уште два пати ќе ги изговори истите зборови „Се сврши“, јасно покажува дека нашето спасение е континуиран и активен процес што не престанал на крстот кога Христос ги изговорил зборовите „Се сврши!“ Според тоа, планот на спасението на грешниците се одвива во три фази. Првата фаза завршила на Голгота, кога Христос првпат ги изговорил зборовите „Се сврши“ (Јован 19,30). Втората фаза од нашето спасение се одвива сега во небесното Светилиште која наскоро ќе заврши во мигот кога Христос по вторпат ќе ги изговори истите зборови „Се сврши“ (Откровение 16,17). Третата фаза од планот на спасението ќе се одвива за време на небесниот милениум – при неговиот крај, откако гревот и грешниците ќе завршат во огнено езеро, Христос по третпат ќе ги изговори зборовите „Се сврши“ (Откровение 21,6), со што конечно завршува планот на спасението на грешниците, и званично почнува вечноста за праведниците.

Да се вратиме на втората фаза од планот на спасението што се одвива сега во небесното Светилиште, во кое нашиот Спасител влегол со својата пролеана крв на Голгота и во улога на наш небесен првосвештеник таму врши служба на помирување за нас пред Бога.

Ако обрнеме внимание на библиските текстови што ги приведовме, ќе утврдиме дека тие зборуваат за активности што се одвиваат сега, што зборуваат за тековен процес, за фаза од планот на спасението и за настани што се одигруваат во овие мигови.

Значи, Христос е спасител кој „спасува“ сега. Тој е застапник кој „се застапува“ за нас сега и посредник кој „посредува“, кој „се зазема за нас“ „пред Божјето лице“ сега, во овој миг. Ние сме повикани „да пристапуваме кон него“, „кон престолот на благодатта“, кон Божјиот престол, во „Божјиот дом“, во небесното Светилиште, „за да примиме милост“ и спасение сега, во овој миг.

Според тоа, настрана земните храмови, настрана земното свештенство и нивните служби, настрана сите тие земни „симболи на небесните оригинали“, симболи кои успешно ја завршиле својата задача и се повлекле пред своите небесни оригинали кои со Христовата смрт стапиле на сцената на нашето спасение. Затоа, целокупниот наш живот треба да биде насочен кон небесното Светилиште и кон неговите служби каде што се остварува нашето спасение денес, спасение што наскоро ќе ни го донесе Христос со своето второ доаѓање на нашиот свет.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

За небесното Светилиште

Полагањето раце врз главата на животното е вообичаен чин со кој се врши замена и пренесување на гревот од грешникот на жртвата. Во секоја жртва постоела идеја за замена; жртвата го заземала местото на човекот, местото на грешникот; со други зборови, жртвата го...

Небесното Светилиште во Откровението

Иако се соочуваме на земјата, проблемот на гревот, на спасението и злото, го опфаќа и небото. Гревот не почнал на земјата; тој почнал на небото (Исаија 14,12-14) со бунтот на Луцифера и на една третина на небесните ангели. Според тоа, проблемот на гревот има небесни...

Синај е присутен и во небесното Светилиште

Во земното Светилиште бил сместен ковчегот со Божјиот закон. И во небесното Светилиште постои ковчег со Божјиот закон: „При тоа се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм“ (Откр. 11,19). Апостол Јован на небото го гледа...

Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото

Божјиот слуга, апостол Јован, е многу јасен кога тврди: „Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм!“ Секако, тоа е пророштво кое кажува дека во даден миг ќе се отвори небесниот храм и ќе се покаже ковчегот на Божјиот...

Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште

Посланието до Евреите опишува вистинско, стварно, реално, материјално Светилиште на небото што го подигнал Господ: „Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како...

Чистење на небесното Светилиште

Што кажуваа земните „симболи на небесните оригинали“ во земното Светилиште во Стариот завет за начинот на кој грешниците се ослободуваа од своите гревови? Да се потсетиме! Кога некој од народот ќе згрешел, носел животно во дворот, во тремот на Светилиштето, каде што...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат