Чистење на небесното Светилиште

Што кажуваа земните „симболи на небесните оригинали“ во земното Светилиште во Стариот завет за начинот на кој грешниците се ослободуваа од своите гревови? Да се потсетиме! Кога некој од народот ќе згрешел, носел животно во дворот, во тремот на Светилиштето, каде што тоа било жртвувано за неговиот грев, заклано и спалено на жртвеникот. Дел од крвта на животното свештеникот внесувал во првото одделение на Светилиштето и таму над жртвеникот (кадилниот олтар), пред завесата, вршел соодветна служба со чија помош симболички гревот од грешникот го пренесувал во Светилиштето. Така секој ден во текот на годината гревовите од сите грешници со вера преку крвта на животните жртвувани на жртвеникот во дворот се пренесувале од грешниците во земното Светилиште. Еднаш годишно било предвидено Светилиштето да се очисти од сите гревови на грешниците што се пластеле во него во текот на целата година.

Чистењето на Светилиштето се вршело во посебен ден наречен „ден на чистење“ или „ден на помирување“ (3. Мојсеева 23,27.28). Во тој ден првосвештеникот влегувал во светињата над светињите со крв на жртвуван јарец. Прскајќи со крвта на јарецот определен „за Господа“ над поклопецот на ковчегот, на „денот на чистење“, тој го чистел Светилиштето од гревовите, а потоа во дворот своите раце ги положувал врз главата на друг, жив јарец, определен „за Азазела“ (за ѓаволот) и врз неговата глава ги исповедувал сите гревови и беззаконија на народот. Со тоа гревовите симболично биле пренесувани од Светилиштето врз јарецот кој, натоварен со нив, морал да биде однесен во пустина таму да загине. Така било чистено земното Светилиште од гревовите на народот што се пластеле во него.

Соодветно на тоа, во Новиот завет го имаме истиот процес на чистење на гревовите на грешниците во небесното Светилиште. Рековме дека тоа е тековен процес, нешто што се одвива сега. Ние, како грешници, во секое време слободно излегуваме пред Бога натоварени со нашите беззаконија, се каеме за нашите гревови, ги оставаме и за нив бараме од Бога прошка. Христос гревовите ни ги проштава, ги прифаќа и со својата крв ги пренесува во небесното Светилиште каде што  ги одложува и каде што се пластат. Значи, нашите гревови ние со вера вистински ги пренесуваме врз Христа како наша замена на крстот, а Христос вистински ги пренесува гревовите во небесното Светилиште.

Според тоа, и небесното Светилиште, слично на земното, се полни со простени и оставени гревови на безброј илјади грешници.

Да, небото е онечистено со многубројни тони грев (се изразуваме сликовито) на милиони поранешни грешници. Затоа и небото чека и пека да се исчисти од тие тешки тони гревови што грешниците, преку Христовата крв, со векови ги одложувале и ги пластеле таму, на небото, во небесното Светилиште. Еве го библискиот непобитен доказ за тоа:

„Потоа (Мојсеј) со крвта ги попрска шаторот и сите богослужбени садови… И така, неопходно беше симболите на небесните оригинали вака да се чистат (со животинска крв), а самите небесни оригинали со (уште) подобри жртви од овие“ (Евреите 9,21-23).

Овој текст говори за чистење на гревови на две различни места со различни жртви:

  1. Чистење на земното Светилиште и на неговите предмети како симболи на „небесните оригинали“ со животинска крв: „Потоа (Мојсеј) со крвта ги попрска шаторот и сите богослужбени садови… И така, неопходно беше симболите на небесните оригинали вака да се чистат (со животинска крв).
  2. Чистење на небесното Светилиште и на неговите предмети во него како „небесни оригинали“: „А самите небесни оригинали“ се чистат „со (уште) подобри жртви од овие.“

Овде имаме мисла дека „небесните оригинали“, а тоа е небесното Светилиште комплет со неговите предмети, се онечистени, извалкани со грев, и дека тие се чистат не со животински жртви и со животинска крв, туку со подобра жртва и со подобра крв, а подобра жртва од животинските жртви е Христовата жртва и подобра крв од крвта на животните е Христовата крв.

Според тоа, гревот во земното Светилиште се чистел со животински жртви и со животинска крв, а оние безброј тони грев на небото, во небесното Светилиште, се чистат со Христовата жртва и со Христовата крв.

Текстот во Евреите 9,21-23 многу столетија ги збунувал теолозите кои не успевале да сфатат зошто нешто на небото би барало да се чисти. Овој текст ги збунувал затоа што тој јасно зборува дека нешто на небото е извалкано, онечистено, и дека треба да се очисти. Апостол Павле е категоричен: „Небесните оригинали“, небесното Светилиште, е онечистено, извалкано, полно е со грев што треба да се очисти со Христовата жртва и со Христовата крв.

Бог предвидел време за чистење и на небесното Светилиште кое е полно со гревови, време кога Христос со својата крв конечно ќе го исчисти од напластените гревови. Прво треба да се утврди кој навистина искрено се покајал и ги оставил гревовите кои се пренесени во небесното Светилиште и кому му е простено. Во следниот наслов ќе биде објаснето дека за таа цел на небото, во небесното Светилиште, сега заседава небесен истражен суд за да го испита сечиј случај поединечно и да утврди кој е за спасение, а кој не.

Во небесното Светилиште Христос има двојна улога –  служи како жртва и како свештеник. Значи, стожер на теологијата на небесното Светилиште е Христос како наша жртва, како наша замена на крстот, и како свештеник кој во небесното Светилиште нашите гревови ги чисти, не со животинска, туку со својата крв од Голгота.

Кога ќе заврши небесниот истражен суд, Христос сите гревови од сите грешници, од небесното Светилиште, ќе ги пренесе врз главата на Азазела, врз главата на ѓаволот, кој го измислил гревот, и кој така натоварен со нив, ќе талка низ илјадагодишна пуста пустина во која наскоро ќе биде претворена нашата планета. Повеќе за тоа при крајот од книгава!

Не е тешко да сфатиме зошто Христовата служба како посредник меѓу Бога и грешниците во небесното Светилиште мора да се посматра како мошне значајно учење. Впрочем, погледајте колкав дел од Стариот завет се занимава со земното Светилиште, со земниот храм. Погледајте колкав дел од Новиот завет се занимава со небесното Светилиште. Што треба да ни каже тоа за значењето на оваа доктрина?

Но, поголем дел од христијанството ниту чуле ниту знаат нешто за оваа спасоносна библиска вистина. И најголем дел од христијанските теолози немаат поим за оваа библиска теологија, што е за големо жалење.

Што може да ни каже за оваа есенцијална библиска наука преданието на традиционалната Црква, но и теологиите на протестантските цркви!?

Во име на традиционалната Црква на ова прашање Сергиј Булгаков ќе ни одговори вака: Според православните правила, човек во никој случај не смее да ја чита Библијата толкувајќи и разбирајќи ја независно од учењата на светите отци, напоменувајќи дека и самата таа помисла би била „лажна и сенишна (страшна)“

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „На небото имаме небесно Светилиште, небесен храм“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

За небесното Светилиште

Полагањето раце врз главата на животното е вообичаен чин со кој се врши замена и пренесување на гревот од грешникот на жртвата. Во секоја жртва постоела идеја за замена; жртвата го заземала местото на човекот, местото на грешникот; со други зборови, жртвата го...

Небесното Светилиште во Откровението

Иако се соочуваме на земјата, проблемот на гревот, на спасението и злото, го опфаќа и небото. Гревот не почнал на земјата; тој почнал на небото (Исаија 14,12-14) со бунтот на Луцифера и на една третина на небесните ангели. Според тоа, проблемот на гревот има небесни...

Синај е присутен и во небесното Светилиште

Во земното Светилиште бил сместен ковчегот со Божјиот закон. И во небесното Светилиште постои ковчег со Божјиот закон: „При тоа се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм“ (Откр. 11,19). Апостол Јован на небото го гледа...

Со свои очи ќе ги гледаме плочите со Десетте Божји заповеди на небото

Божјиот слуга, апостол Јован, е многу јасен кога тврди: „Се отвори Божјиот храм на небото и се покажа ковчегот на неговиот завет во неговиот храм!“ Секако, тоа е пророштво кое кажува дека во даден миг ќе се отвори небесниот храм и ќе се покаже ковчегот на Божјиот...

Небесното Светилиште е реално и вистинско светилиште

Посланието до Евреите опишува вистинско, стварно, реално, материјално Светилиште на небото што го подигнал Господ: „Најважно од сè што е кажано: имаме таков Првосвештеник (Врховен свештеник) кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како...

Христос – наш првосвештеник во небесното Светилиште

Многу е значајна вистината дека во небесното Светилиште имаме небесен „Првосвештеник (Христос), кој седна од десната страна на престолот на Величеството на небесата како служител“ во тоа „Светилиште што го подигна Господ, а не човек“. Прекрасно е опишан нашиот „вечен...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат