Убавината на вистинскиот, од Бога даден секс

Сите претходни перверзни настраности и активности што ги споменавме го банализираат и вулгаризираат вистинскиот, природниот и од Бога даден секс и ја девалвираат неговата вредност, го обезвредуваат највредното во животот на човекот, она што може да му пружи вистинско уживање со највисоки дострели, уживање кое е различно од сите други уживања што ги доживува човекот во другите области од својот живот.

Сексот е една од најсветите човечки функции, под услов да се спроведува според библиските упатства. Една од причините зошто сексот е толку свет е таа што тој има способност да произведе нешто што е над моќта на секоја друга човечка функција – да создаде живо човечко суштество. Затоа уживањата што ги всадил Бог во сексот и што произлегуваат од него се уникатни и неспоредливи со уживањата од другите области во животот, зашто тие произлегуваат од единствената заедница од тој вид што ја создал Бог и што ја нарекол „едно тело“ (1. Мојсеева 2,22-24).

Бог создал машко и женско за да живеат во брачна заедница, во законит брак. Во брачната заедница, двајцата, рамноправни брачни другари, мажот и жената, стануваат „едно тело“. Тоа е природно и убаво. И само во таков, законит брак меѓу машко и женско, сексот, како дел на севкупната љубов што ја всадил Бог во срцето на човекот, има смисла и убавина и е одобрен и благословен од Бога. Бог предвидел сексот да игра многу значајна улога во животот на брачните другари. Вистинскиот секс не е нешто срамно, вулгарно, нечисто и ниско, што го понижува и што го деградира човекот. Напротив, тој го издигнува и го облагородува неговиот живот. Понижуваат и деградираат настраностите што ги опишавме.

Со вистинскиот секс Бог му го осмислува животот на човекот, му го прави интересен, му го гарнира со убави, копнежливи, пријатни и среќни, и со душа и срце очекувани и посакувани мигови. Преку таа извонредо убава, од Бога дадена и создадена активност, човекот се осознава и се потврдува себеси како личност, како човек; како што кажавме, брачните другари, мажот и жената, стануваат „едно тело“, имајќи можност взаемно, меѓусебно да си се даруваат и споделуваат. Човекот е создаден со потреба да се споделува со друг, а бракот му дава можност таа потреба да ја задоволува.

За вистинската убавина на брачната заедница и за брачната љубов како стожер на бракот, да ги слушнеме и овие зборови од Библијата: „Нека е благословен твојот извор, и радувај се со жената на својата младост. Нека ти е како мила срна и како љубезлива кошута; нека те напојуваат нејзините гради во секое време, и нејзината љубов нека те восхитува непрекратно“ (Мудри изреки Соломонови 5,18.19). – Таа љубов е природна, убава и благословена од Бога.

Но, како и сè друго, и оваа, толку убава билка, значајна и доминантна активност во животот на човекот, луѓето ја изопачиле и ја уништиле нејзината суштина.

„Затоа Бог ги предаде на срамни страсти: нивните жени го заменија природното општење со неприродно. Мажите, исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи – мажи со мажи – срамни работи, добивајќи заслужена плата за својата заблуда“ (Римјаните 1,26.27).

Страшна глетка за Божјите очи! „Господ од небото го набљудува човечкиот род за да види има ли некој што расудува и Бога што го бара? Сите застранија, сите се изродија, нема добар, нема примерен – ниту еден единствен… Луѓето станаа развратни, делата им се гнасни, ниту еден од нив добро не прави!“ (Псалм 14,1-3).

Поради овие силни гревови и беззаконија исчезнале цели народи, поколенија и цивилизации, а поради истите гревови и беззаконија наскоро ќе исчезне и денешната ноева и содомска цивилизација. Пророштвото кажува дека „земјата е онечистена под своите жители, зашто го престапија законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот завет“. На „земјата толку ќе ѝ стежне нејзиното беззаконие, што ќе падне и веќе не ќе стане“ (Исаија 24,5.20).

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Мракобесието на гревот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

МРАКОБЕСИЕТО НА ГРЕВОТ

Грев - грд и одвратен, најгрд и најодвратен збор, феномен со колосално разорно дејство, извор на сите опишани и неопишани, познати и непознати зла, неволји, катастрофи и катаклизми, причина за најстрашните грозомори и за најцрните мракобесија низ кои поминувала и ќе...

Библијата за сексуалните изопачености

Имаме друг случај, сличен со претпотопниот, со ист епилог. Се работи за два познати библиски града, за Содом и Гомор и за околните градови. Господ пратил во Содом и Гомор двајца ангели да направат извештај за нивните гревови. Кога тие пристигнале во Содом, ним им...

Земјата во своите пазува чува неброени грди тајни што ќе се обелоденат

Земјата тажи и офка, стенка и брефта под товарот на силното беззаконие на луѓето и не може и не сака веќе ниту да го носи ниту да го поднесува тој товар. Во нејзините архиви се забележани премногу грди и гнасни работи што само таа ги видела! Тие се преполни со записи...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат