Библијата за сексуалните изопачености

Имаме друг случај, сличен со претпотопниот, со ист епилог. Се работи за два познати библиски града, за Содом и Гомор и за околните градови. Господ пратил во Содом и Гомор двајца ангели да направат извештај за нивните гревови. Кога тие пристигнале во Содом, ним им укажал гостопримство во својот дом единствениот праведник во тој град, Лот. Но, што се случило? „Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата. Го викнаа Лота и му рекоа: ‘Каде се луѓето кои дојдоа ноќеска кај тебе? Изведи ни ги, за да ги познаеме (да вршиме блуд со нив)!’ ‘Браќа мои, им рече тој, ве молам, не правете го тоа зло! Еве, имам две ќерки, до кои маж уште не се допрел. Ќе ви ги изведам нив, па правете со нив што сакате; само на овие луѓе не правете им ништо, зашто дојдоа под мојот покрив.’ ‘Отстапи оттаму! – рекоа. – Дојде како придојденец, а веќе се поставува како судија. Сега ќе ти сториме тебе поголемо зло отколку ним.’ И се нафрлија на вратата за да ја скршат. Тогаш двајцата (луѓе) ги испружија рацете надвор, го повлекоа Лота при себе и ја затворија вратата, а луѓето пред вратата, младите и старите, ги заслепија со блесок, така што не можеа да ја најдат вратата“ (1. Мојсеева 19,4-11).

Жителите на тие градови сите биле хомосексуалци. Гнасен и одвратен е тој грев во Божјите очи и библиски забранет: „Не легнувај со маж како што се легнува со жена, тоа е гнасно и одвратно.“ „Ако маж легне со маж како со жена, двајцата ќе направат одвратно и гнасно дело, тоа е крајна гнасотија – двајцата да се погубат.“ (3. Мојсеева 18,22; 20,13). „Луѓето ги обесчестија своите тела и се предадоа на срамни страсти: жените го заменија природното општење со неприродно; мажите исто така, го оставија природното општење со жена и се распалија со сладострасност еден кон друг, правејќи – мажи со мажи – срамни работи…“ „Не лажете се, хомосексуалците нема да го наследат Божјето царство“ (Римјаните 1,24-27; 1. Коринќаните 6,9).

Друг инсерт од гадостите на жителите на Содом! „Лот со своите две ќерки отиде од Сигор горе и се настани во планината. Тој и неговите две ќерки живееја во пештера. Постарата ѝ рече на помладата: ‘Татко ни остаре, а на земјата нема маж за да влезе при нас, како што е обичај по цел свет. И така, да го испијаниме со вино нашиот татко, и да легнеме со него; така со татко ни ќе го запазиме потомството.’ Во онаа ноќ го испијанија таткото со вино, и постарата отиде и легна со татка си, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала…“ – Истото се случило и со помладата ќерка. „И така обете Лотови ќерки забременија од татка си“ (1. Мојсеева 19,30-38).

Инцестот (родосквернавењето) кај нив исто така бил максимално присутен грев – случајот на двете Лотови ќерки силно зборува за оваа настраност со која биле проникнати жителите на Содом и Гомор. Бог забранува стапување во брак и во сексуални односи меѓу најблиски роднини. За степенот на сродството што треба да се почитува при стапувањето во брак и во сексуални односи читај 3. Книга Мојсеева 18. и 20. глава.

Понатаму, од сите нивни гревови, денес познати како „содомски гревови“, „содомци“, најодвратен грев, во кој потонале жителите на тие градови, бил гревот што  го именуваме како „скотолоштво“ и „содомија“ – противприродно полово општење на луѓето со животните.

„Господ рече: ‘Голема е викотница против Содом и Гомор, бидејќи нивниот грев е претежок (премногу грд).’“ „Како што Содом и Гомор и нивните околни градови, кои на ист начин, како и тие, се предадоа на блудство и одеа по други тела (вршеа блуд со разновидни тела)“ – противприроден блуд со животни (1. Мојсеева 18,20; Јуда 7).

Овие гадотии се строго забранети и санкционирани од Бога: „Да не си легнал ниту со некое животно, ќе се онечистиш од него. И жена не смее да легне под животно за да се спари со него. Тоа е гнасно и бесрамно.“ „Секој што ќе легне со добиток, треба да биде казнет со смрт.“ „Не правете ниту едно од тие гнасни нешта, зашто сите тие гнасотии (хомосексуалност, инцест и скотолоштво) ги правеа луѓето на оваа земја што е пред вас, и земјата стана загадена; за да не ве изблуе и вас земјата од себе, кога и вие ќе почнете да ја загадувате, како што ги изблува народите кои беа пред вас. Ако некој ги прави тие гадости, душите на тие што го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ. Затоа пазете ги моите заповеди за да не постапувате според гнасните обичаи, според кои постапуваа пред вас, за да не се онечистите со нив. Јас сум Господ, ваш Бог!“ (3. Мојсеева 18,23-30; 2. Мојсеева 22,19).

Содом и Гомор на показ ни ги изнесуваат токму овие најгнасни гревови што воопшто можат да се замислат и да се направат за кои Бог кажува дека се премногу грди. И навистина, премногу се мачни за поподробно опишување и одвратни за да се именуваат со нивното вистинско име. Жителите на Содом и Гомор се спуштиле на најниско можно ниво, под кое не можеле веќе да тонат, постигнувајќи го апсолутното дно на беззаконито и крајните дострели на гревот.

Со своите нискости и со својот грозен, развратен живот, се претвориле во гаден смет што ја загадувал земјата, во најгнасен општествен кал и во одвратна смрдеа што не можела да се поднесува. Го загубиле човечкото достоинство со кое Бог го надарил и го украсил човекот кога го создал невин, непорочен, чист и свет, далеку и од помислата на тие гнасотии, со човечки образ и со човештина во срцето и карактерот, со високи морални квалитети, за да стои простум, гордо и со кренато чело пред целата чиста вселена, без да се срамува, рамо до рамо со другите светови, и заедно со нив рамноправно да ги ужива благодатите на вечноста што ѝ стојат на располагање на целата Божја вселена, чијшто дел е и нашата планета Земја. Така и со таква цел биле создадени Адам како Божји син и Ева како Божја ќерка. Но „содомците“ ја промашиле целта на своето постоење како луѓе, како човечки суштества, наполно се изродиле, се обезличиле и отчовечиле, излегувајќи од рамките на човечкото семејство каде што ги сместил Бог, и затоа немало причина и оправдание за нивно натамошно постоење. Неминовно следело нивно целосно уништување.

„Господ истури оган од небото на Содом и Гомор, и ги уништи тие градови, и сета таа рамница, сите жители во градовите и сите растенија на земјата.“ „Господ ги опсипа со својот гнев и со својата јарост.“ „Падна од небото оган и сулфур и ги уништи сите“ (1. Мојсеева 19,24.25; 5. Мојсеева 29,23; Лука 17,29). – Гнасни и одвратни гревови – соодветна казна!

Така исчезнале во пламен и заминале во неврат најрасипаните жители на најрасипаните градови Содом и Гомор. Така исчезнала во силни води и заминала во неврат најрасипаната претпотопна цивилизација на оваа планета. Зад огнот во Содом и Гомор, наместо некогашниот буен тропски растителен и животински свет, останал нов, грд и одбивен, безживотен пустински екосистем со сури камења што наликуваат на човечки фигури кои сведочат за грдото историско минато на жителите кои ја газеле почвата на тие предели.

Заедно со претпотопната генерација, силните води на потопот ја уништиле земјата како рај – извонредно богатиот, убавиот и мошне богат и разновиден растителен и животински свет – и ги нарушиле рамнотежните системи што обезбедувале еднаква, пријатна температура и клима на целата земја. Зад тие силни води на потопот останала обезличена планета со огромни песочни и карпести пустини и непродуктивни мочуришта, со непрегледни океани и мориња, со џиновски планински масиви, со екстремно студени региони, со многубројни непогодни, стерилни климатски појаси, и со малку погодни предели за убаво и пријатно живеење. – Да, такви се последиците на грешните нозе што ја газеле нејзината почва.

Но, ако претпотопната генерација и цивилизација е однесена од виорот на нејзините тешки гревови, ако зад жителите на Содом и Гомор останале само сурови пустински останки и запис од кој се гадиме и гнасиме кога го читаме, тука е сега последната генерација или последната цивилизација која, со помал исклучок, ќе исчезне, заминувајќи во неврат, како и претпотопната цивилизација, како и жителите на Содом и Гомор, зашто и таа со молскавична брзина тоне во истите гревови и беззаконија и се изедначува со нив! – Така кажува пророштвото, така кажува нашиот Спасител Исус Христос:

„Како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и во деновите на Синот човечки… Исто така беше и во деновите на Лот“ (Лука 17,26-28).

Видовме како било во деновите на Ное. Видовме како било во деновите на Лот. „Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло, се расипа земјата – секое суштество на земјата се изопачи.“ „Содом и Гомор и нивните околни градови се предадоа на блудство и одеа по други тела (вршеа противприроден блуд со разновидни тела).“

Претпотопното насилство и агресивност и нивната расипаност и изопачена, перверзна сетилност, како и содомскиот хомосексуализам и нивниот инцест (родосквернавење), стануваат сè посилни и поочигледни одлики и белези и на денешното поколение, кое Христос го именува како последно и ноево и содомско поколение.

Духот ни премалува кога читаме како стотици илјади жители, мажи и жени, во секој поголем град, особено на запад, се хомосексуалци. Перверзните активности, хомосексуализмот, пркосејќи им и на милениумите, во „последните денови“ е во силен подем, дрско дигајќи ја својата одвратна глава и уривајќи ги пред себе сите пречки и бариери што му ги поставуваат чесниот дел од човештвото и Библијата.

До нас допираат вести дека денес десет проценти или 700 милиони од светското население се хомосексуалци кои, заедно со оние кои пројавуваат наклоност кон хомосексуалноста, ја надминуваат бројката од една милијарда. Каде води тоа!?

Среде „просветена“ Европа, стотици илјади хомосексуалци, претежно христијани, маршираат низ улиците на поголемите градови, вршејќи силна пресија врз властите и јавноста, барајќи легализирање на истополните бракови. И, што гледаат денес нашите очи и што слушаат нашите уши? – Легализирање на овој одвратен и гнасен грев од страна на европски влади на одделни, за жал, христијански држави со највисок животен стандард и со највисока култура, често и со благослов на некои христијански црковни великодостојници. Пред очите на целата светска јавност, без никаков страв и срам, мошне свечено и помпезно, без никакво притеснување, ниту затскривање, како да е во прашање прослава на некоја извојувана победа во некоја голема и стратешки значајна битка, се склучуваат бракови меѓу двајца мажи, стапуваат во меѓусебен брак две жени.

И повеќе сојузни држави во Америка веќе ги легализираа овие бракови. Исто така и повеќе држави во светот го сторија истото тоа. А како тргнале работите, и цел свет ќе го прифати тоа. Најнов случај е Франција, изразито католичка земја, која го легализира овој брак. Стотици илјади Французи, хомосексуалци и нивни симпатизери, демонстрираа на улиците на Париз и ја присилија власта да ги озакони нивните бракови – бракот меѓу двајца мажи и бракот меѓу две жени. Тоа се католици христијани кои читаат во Библијата дека тоа е гнасно, одвратно и во Божјите очи, дека тоа е содомски и гоморски грев поради кој паднал оган од небото и ги спалил нивните жители. Тоа е претпотопен грев, грев на претпотопната генерација којашто Бог ја уништил со потоп. Несфатливо е како хомосексуалците христијани не го сфаќаат тоа.

Без никакви скрупули, луѓето отворено зборуваат, јавно го прикажуваат и масовно го применуваат оралниот и аналниот секс, што се исто така гадни, одвратни и гнасни гревови. Очигледно е дека светот станува брат на Содом и сестра на Гомор – сее исто семе и ќе жнее иста жетва!

Голема гнасотија и злосторство од највисок ранг претставува и педофилијата, сексуално малтретирање на деца. За жал, вестите кажуваат дека овој грев во голема мера е присутен и во редовите на свештениците на традиционалната христијанска Црква сега, а тоа е индикатор кој открива дека истиот грев масовно бил присутен меѓу нејзиното свештенство во минатото, кога Црквата имала апсолутна власт и доминација над верништвото. Но, за тоа опширно ќе стане збор во книгава подоцна.

Сите овие перверзни и злосторнички активности, за кои читаме и слушаме, што се одвивале и што се одвиваат и денес насекаде, за жал и меѓу свештенството и монаштвото, далеку од очите на јавноста, тајно зад завесите и ѕидовите на манастирите и другите црковни простории – илјадници такви и уште погнасни случаи, ќе излезат на виделина дури на небесниот суд.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Мракобесието на гревот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

МРАКОБЕСИЕТО НА ГРЕВОТ

Грев - грд и одвратен, најгрд и најодвратен збор, феномен со колосално разорно дејство, извор на сите опишани и неопишани, познати и непознати зла, неволји, катастрофи и катаклизми, причина за најстрашните грозомори и за најцрните мракобесија низ кои поминувала и ќе...

Убавината на вистинскиот, од Бога даден секс

Сите претходни перверзни настраности и активности што ги споменавме го банализираат и вулгаризираат вистинскиот, природниот и од Бога даден секс и ја девалвираат неговата вредност, го обезвредуваат највредното во животот на човекот, она што може да му пружи вистинско...

Земјата во своите пазува чува неброени грди тајни што ќе се обелоденат

Земјата тажи и офка, стенка и брефта под товарот на силното беззаконие на луѓето и не може и не сака веќе ниту да го носи ниту да го поднесува тој товар. Во нејзините архиви се забележани премногу грди и гнасни работи што само таа ги видела! Тие се преполни со записи...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат