Зошто христијаните не си ги мијат нозете еден на друг – кога тоа е Христова заповед?
Христос на својата црква ѝ оставил три обреди: крштавање, за кое веќе зборувавме, обред на понизноста или миење на нозете и обред вечера Господова. Обредот миење на нозете и обредот вечера Господова Христос ги поврзал еден со друг. Така, во четвртокот вечер, пред да вечераат, Христос им ги измил нозете на апостолите и потоа им дал заповед: „А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив јас? Вие мене ме нарекувате Учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете вам, и вие сте должни да си ги миете нозете еден на друг, зашто јас ви дадов пример и вие да правите онака како што ви направив јас вам. Вистина, вистина, ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној што го праќа. Кога го знаете ова, блажени сте ако го исполнувате’“ (Јован 13,12-17).
Почитувани, Христос заповеда: „Вие сте должни да си ги миете нозете еден на друг!“ И, ако сме ние вистински Христови ученици и следбеници, и ако сме припадници на вистинската Христова црква – ќе си ги миеме нозете еден на друг. Миењето на нозе е еден од белезите на вистинската Христова црква.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Како е прикажан Христос во стожерот на литургијата на традиционалната црква?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАКО Е ПРИКАЖАН ХРИСТОС ВО СТОЖЕРОТ НА ЛИТУРГИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА?
Читаме во Библијата за вечерата Господова: „Господ Исус онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и откако заблагодари, го раскрши и рече: ‘Ова е моето тело, кое е за вас; правете го ова за мој спомен!’ Исто така, по вечерата ја зеде и чашата и рече: ‘Оваа чаша е...
Евхаристијата е стожер во литургијата на традиционалната Црква, но не и во Библијата
Посветувањето на лебот и виното, кои наводно стануваат тело и крв на Исуса, е битен литургиски чин во традиционалната Црква. Апостол Јован за тоа не кажува ниту збор. Четирите извештаи на евангелистите имаат само две заеднички точки: најавата за откажување на Петар од...
Христос во нас не преку лебот и виното
Во врска со вечерата Господова треба да појасниме како го прима верникот Христа во себе. Кога еден римокатолик кажува дека го примил Господа Исуса како свој Господ и Спасител, тоа значи дека го прима Исуса секојпат кога јаде хостија или леб за време на мисата. Тој...
Христос и вечерата Господова
Да ги приведеме извештаите за вечерата Господова од сите три евангелија: „И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: ‘Земете, јадете, ова е моето тело.’ И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ‘Пијте од...
Првите христијани и вечерата Господова
Да ја довршиме мислата за вечерата Господова: „Зашто, секојпат кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате Господовата смрт - додека не дојде Тој. Зашто, секој што го јаде овој леб или ја пие Господовата чаша на недостоен начин, ќе биде виновен за...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.