Христос во нас не преку лебот и виното
Во врска со вечерата Господова треба да појасниме како го прима верникот Христа во себе.
Кога еден римокатолик кажува дека го примил Господа Исуса како свој Господ и Спасител, тоа значи дека го прима Исуса секојпат кога јаде хостија или леб за време на мисата. Тој верува дека навистина го јаде Исусовото тело и ја пие неговата крв.
Веќе го читавме тврдењето на Милина: „Секое парче од св. причест, па и најмалечкото, е целиот Христос, и секој причесник го прима истиот Христос којшто се наоѓа и на небото од десната страна на Отецот.“ – Крупна теолошка грешка и заблуда! Верникот не го прима Христа во себе преку парченцето нафора што ќе го посвети и што ќе му го подели свештеникот. Барем не онака како што тврди споменатата теологија. Ние Христа го примаме во себе на друг начин:
„Христос во вас – надежта на славата.“ „Христос да живее во вашите срца преку вашата вера“ – значи, не преку нафората, туку Христос во нас, во нашето срце, преку нашата вера (Колошаните 1,27; Ефесците 3,17).
Еве ги и Христовите зборови за тоа: „Јас во нив (во учениците), а ти (Оче), во мене.“ „Оној што ме љуби мене, ќе ја држи мојата реч, и мојот Отец ќе го љуби него; кај него ќе дојдеме и во него ќе се вселиме“ (Јован 17,23; 14,23). Феноменално! Отецот и Христос ќе се вселат во срцето на верникот кој живее според Божјата реч, според Библијата, а не преку нафората што му ја дава свештеникот. Како можеме овие Христови зборови да ги сфатиме поинаку?
Извонреден пример за ова ни е и апостол Павле: „Со Христа бев распнат; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Галатите 2,20). „Христос живее во мене“, кажува Павле, кога „со Христа бев распнат“, и продолжува во Римјаните 6,3-18; 8,9.10: „Знаеме дека нашиот стар човек беше распнат со него (со Христа) за да биде онемоштено грешното тело, та да не му робуваме веќе на гревот, зашто оној што е умрен (распнат), ослободен е од гревот. А ако умревме (ако се распнавме) со Христа, веруваме дека и ќе живееме со него… Затоа не дозволувајте гревот да царува во вашето смртно тело за да им се покорувате на неговите похоти.“ „Вие сте духовни ако навистина Божјиот Дух живее во вас… Ако е Христос во вас, тогаш телото е мртво за грвот.“
Уште поедноставно кажано, Христос ќе се всели и ќе живее во нас ако сме го напуштиле стариот начин на живеење, ако не грешиме веќе и ако живееме според Библијата. Тогаш „ние сме храм на живиот Бог, токму како што рекол Бог: ‘Ќе живеам во нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат мој народ.’“ „Вашето тело, вели понатаму Павле, е храм на Светиот Дух кој е во вас… Затоа, прославете го Бога во своето тело.“ И, „ако некој го урива Божјиот храм, Бог ќе го урне него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие“ (2. Коринќаните 6,16; 1. Коринќаните 6,19.20; 3,17).
Никаде во овие текстови не се споменува вечерата Господова (причесната) како услов Бог, или Христос, или Светиот Дух, да се всели во нас и да живее во нас, зашто таа е дадена со наполно друга цел, за која веќе зборувавме. Затоа, почитувани, да не се залажуваме и да не му дозволиме никому да ни го плакне мозокот тврдејќи дека Бог Отецот, Христос и Светиот Дух ќе се вселат и ќе живеат во нас преку нафората што ни ја дава свештеникот. Тоа е наполно јалов христијански живот и јалово, неделотворно, неживотворно христијанство, христијанство без Христа. Текстовите што ги приопштивме ги распрснуваат тие илузии како магла, зашто таквите тврдења и не се ништо друго освен ветер и магла. Единствен начин да го примиме Христа и Светиот Дух во себе, во нашето срце, е да го напуштиме гревот и да живееме според Божјата реч, според Божјите заповеди.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Како е прикажан Христос во стожерот на литургијата на традиционалната црква?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАКО Е ПРИКАЖАН ХРИСТОС ВО СТОЖЕРОТ НА ЛИТУРГИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА?
Читаме во Библијата за вечерата Господова: „Господ Исус онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и откако заблагодари, го раскрши и рече: ‘Ова е моето тело, кое е за вас; правете го ова за мој спомен!’ Исто така, по вечерата ја зеде и чашата и рече: ‘Оваа чаша е...
Евхаристијата е стожер во литургијата на традиционалната Црква, но не и во Библијата
Посветувањето на лебот и виното, кои наводно стануваат тело и крв на Исуса, е битен литургиски чин во традиционалната Црква. Апостол Јован за тоа не кажува ниту збор. Четирите извештаи на евангелистите имаат само две заеднички точки: најавата за откажување на Петар од...
Христос и вечерата Господова
Да ги приведеме извештаите за вечерата Господова од сите три евангелија: „И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: ‘Земете, јадете, ова е моето тело.’ И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ‘Пијте од...
Првите христијани и вечерата Господова
Да ја довршиме мислата за вечерата Господова: „Зашто, секојпат кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате Господовата смрт - додека не дојде Тој. Зашто, секој што го јаде овој леб или ја пие Господовата чаша на недостоен начин, ќе биде виновен за...
Зошто христијаните не си ги мијат нозете еден на друг – кога тоа е Христова заповед?
Христос на својата црква ѝ оставил три обреди: крштавање, за кое веќе зборувавме, обред на понизноста или миење на нозете и обред вечера Господова. Обредот миење на нозете и обредот вечера Господова Христос ги поврзал еден со друг. Така, во четвртокот вечер, пред да...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.