Христос и вечерата Господова
Да ги приведеме извештаите за вечерата Господова од сите три евангелија:
„И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: ‘Земете, јадете, ова е моето тело.’ И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ‘Пијте од неа сите; зашто ова е мојата крв на новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.’“ (Матеј 26,26-28). „И кога јадеа, зеде Исус леб, го благослови, го прекрши, па им даде и рече: ‘Земете, јадете; ова е моето тело.’ Потоа ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и се напија од неа сите. И им рече: ‘Ова е мојата крв на новиот завет, која се пролева за мнозина…’“ (Марко 14,22-24). „Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: ‘Ова е моето тело, што се дава за вас; правете го ова за мој спомен.’ Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: ‘Оваа чаша е новиот завет во мојата крв, која се пролева за вас.’“ Лука 19-20).
Од овој интегрален библиски текст за вечерата Господова“, неопходно е да истакнеме две работи, само две, не повеќе!
Прво, никаде за време на вечерата Господова Христос не ги повторува оние зборови што им ги кажал на Евреите во Јован 6,48-56: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Синот човечки и не ја пиете неговата крв, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде моето тело и ја пие мојата крв, има вечен живот, и јас ќе го воскреснам во последниот ден. Зашто моето тело е вистинска храна и мојата крв вистинска напивка.“ Што значи тоа? Тоа значи дека таа изјава, тие зборови, Исус ги кажал во друго време, во друга пригода и во други околности кои не соодветствуваат со вечерата Господова, со друга цел која не е компатибилна со целта на вечерата Господова. Врската меѓу текстовите од Јован 6,48-56 и вечерата Босподова е повеќе асоцијативна отколку суштинска и компатибилна
Второ, Христос е премногу јасен кога кажува: „Правете го ова за мој спомен!“ За каков спомен? За спомен на „моето тело, што се дава за вас“, за спомен на „мојата крв на новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите.“
Лебот е симбол на Христовото тело кое е принесено на жртва за нас, а виното е симбол на неговата крв која се пролеала на крстот како единствено средство за бришење на нашите гревови. Тие се само симболи кои укажуваат и нè потсетуваат на вистинските настани што се одиграле во Гетсиманија и на Голгота. Тао е сè.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Како е прикажан Христос во стожерот на литургијата на традиционалната црква?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАКО Е ПРИКАЖАН ХРИСТОС ВО СТОЖЕРОТ НА ЛИТУРГИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА?
Читаме во Библијата за вечерата Господова: „Господ Исус онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и откако заблагодари, го раскрши и рече: ‘Ова е моето тело, кое е за вас; правете го ова за мој спомен!’ Исто така, по вечерата ја зеде и чашата и рече: ‘Оваа чаша е...
Евхаристијата е стожер во литургијата на традиционалната Црква, но не и во Библијата
Посветувањето на лебот и виното, кои наводно стануваат тело и крв на Исуса, е битен литургиски чин во традиционалната Црква. Апостол Јован за тоа не кажува ниту збор. Четирите извештаи на евангелистите имаат само две заеднички точки: најавата за откажување на Петар од...
Христос во нас не преку лебот и виното
Во врска со вечерата Господова треба да појасниме како го прима верникот Христа во себе. Кога еден римокатолик кажува дека го примил Господа Исуса како свој Господ и Спасител, тоа значи дека го прима Исуса секојпат кога јаде хостија или леб за време на мисата. Тој...
Првите христијани и вечерата Господова
Да ја довршиме мислата за вечерата Господова: „Зашто, секојпат кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате Господовата смрт - додека не дојде Тој. Зашто, секој што го јаде овој леб или ја пие Господовата чаша на недостоен начин, ќе биде виновен за...
Зошто христијаните не си ги мијат нозете еден на друг – кога тоа е Христова заповед?
Христос на својата црква ѝ оставил три обреди: крштавање, за кое веќе зборувавме, обред на понизноста или миење на нозете и обред вечера Господова. Обредот миење на нозете и обредот вечера Господова Христос ги поврзал еден со друг. Така, во четвртокот вечер, пред да...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.