Евхаристијата е стожер во литургијата на традиционалната Црква, но не и во Библијата
Посветувањето на лебот и виното, кои наводно стануваат тело и крв на Исуса, е битен литургиски чин во традиционалната Црква. Апостол Јован за тоа не кажува ниту збор. Четирите извештаи на евангелистите имаат само две заеднички точки: најавата за откажување на Петар од Исуса и за предавството на Јуда. Само Јован зборува за тоа дека Исус им ги измил нозете на учениците на почетокот од вечерата. Значи, евангелистите воопшто не ѝ придаваат некакво посебно значење на вечерата Господова. Ако таа беше толку битна и значајна за нашето спасение, барем Јован, кој во таа пригода ја наслони главата на Исусовите гради, сигурно ќе ни кажеше нешто за тоа.
Како да ја објасниме празнината кај Јована кој не зборува ништо за воспоставувањето на фундаменталниот чин на литургијата на новата христијанската религија, за стожерот на христијанската литургија на традиционалната Црква? Проблемот толку многу ги збунува егзегетите, што теолозите попусто се исцрпуваат барајќи префигурации или еквивалентни евхаристии во епизодите од животот на Исуса за кои проповеда Јован.
Приведуваме неколку епизоди од Христовата наука што ги бележи Јован на кои се повикуваат христијанските теолози за да ги поткрепат своите еквивалентни евхаристии: Прво, во врска со евхаристијата теолозите се повикуваат на говорот на Исуса за „лебот на животот“ (Јован 6,32-58), за што веќе зборувавме. Меѓутоа, ова не е база за воспоставување на евхаристијата. Тука се работи за Христов повик надвор од последната вечера. Станува збор за секојдневниот Божји дар, за „маната“ (лебот) во пустината во времето на излегувањето на Израелците од Египет.
Други теолози потврда за евхаристијата бараат и наоѓаат во виното во Кана Галилејска, за време на свадбената свеченост, кога Исус водата ја претворил во вино (Јован 2,1-12).
Трети егзегети потврда за евхаристијата бараат во умножувањето на лебот (Јован 6,1-13) чијашто цел на Исуса била да нахрани 5000 луѓе.
Четврти обид: Потврда за евхаристијата бараат и наоѓаат во водата и крвта што истекле од Христовата слабина кога војник го пробол со копје кога Христос умрел.
Петти обид: Во извештајот за миење на нозете пред последната вечера гледаат симболички еквивалент на воспоставената евхаристија итн.
Тешко е да се разбере базата на сите овие споредувања што ги измислиле коментаторите за полесно да се прифати за нив збунувачката празнина во Евангелието според Јован во врска со евхаристијата. Сите тие споредби се чиста имагинација на егзегетите и теолозите кои присилуваат одделни настани од Христовиот живот и епизоди од неговата наука, кои очигледно се надвор од контекстот на последната вечера, изговорени во други пригоди и сторени со друга цел, во кои бараат потврди за својата црковна, историска, а не библиска категорија на евхаристијата.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Како е прикажан Христос во стожерот на литургијата на традиционалната црква?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАКО Е ПРИКАЖАН ХРИСТОС ВО СТОЖЕРОТ НА ЛИТУРГИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ЦРКВА?
Читаме во Библијата за вечерата Господова: „Господ Исус онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и откако заблагодари, го раскрши и рече: ‘Ова е моето тело, кое е за вас; правете го ова за мој спомен!’ Исто така, по вечерата ја зеде и чашата и рече: ‘Оваа чаша е...
Христос во нас не преку лебот и виното
Во врска со вечерата Господова треба да појасниме како го прима верникот Христа во себе. Кога еден римокатолик кажува дека го примил Господа Исуса како свој Господ и Спасител, тоа значи дека го прима Исуса секојпат кога јаде хостија или леб за време на мисата. Тој...
Христос и вечерата Господова
Да ги приведеме извештаите за вечерата Господова од сите три евангелија: „И кога јадеа, Исус зеде леб, го благослови, го прекрши, и откако им го даде на учениците, рече: ‘Земете, јадете, ова е моето тело.’ И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: ‘Пијте од...
Првите христијани и вечерата Господова
Да ја довршиме мислата за вечерата Господова: „Зашто, секојпат кога го јадете овој леб и ја пиете оваа чаша, ја објавувате Господовата смрт - додека не дојде Тој. Зашто, секој што го јаде овој леб или ја пие Господовата чаша на недостоен начин, ќе биде виновен за...
Зошто христијаните не си ги мијат нозете еден на друг – кога тоа е Христова заповед?
Христос на својата црква ѝ оставил три обреди: крштавање, за кое веќе зборувавме, обред на понизноста или миење на нозете и обред вечера Господова. Обредот миење на нозете и обредот вечера Господова Христос ги поврзал еден со друг. Така, во четвртокот вечер, пред да...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.