За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога
Се поставува прашање дали е трагедија што страдаат тие верни и предани Божји слуги, тие невини луѓе? Од човечка гледна точка да, но од Божја перспектива не! Гледано со Божјите очи, тоа е тешко, мачно, жално, но не и трагично. Бог многукратно ќе им го надомести она што загубиле да го уживаат во овој живот – сите благодати од кои, од разни причини, биле лишени. Како што рековме порано, нивните маки, страдања, патила, колку и да биле тешки, мачни, грозни, колку и да биле свирепи неправдите на кои биле изложени – сето тоа, споредено со славата што ги очекува во скорашното Христово царство, не ќе биде вредно ниту да се спомене.
Ако постои трагедија и ако нешто е трагично, тогаш тоа се однесува на грешниците: „Но дури и ако грешникот кој извршил стотици злодела поживее долго, јас знам дека сепак им е подобро на богобојазливите луѓе – на оние кои го почитуваат Бога. А злосторниците нема да минат добро, бидејќи тие немаат страхопочит кон Бога; нивниот живот ќе мине како кусотрајна сенка“ (Проповедник 8,12.13).
За своите приврзаници, кои верно и предано му служат, кои не се откажуваат од него ниту тогаш кога поминуваат и низ најтешки искушенија, кои го љубат од љубов, а не од интерес, Бог приготвува нешто „што око не видело, што уво не чуло и во човечко срце не дошло“ (1. Коринќаните 2.9). Затоа, почитувани, да го чуеме и да го прифатиме Божјиот повик што ни го упатува преку апостол Петар:
„Радувајте се што соучествувате во Христовите страдања, за да можете да се радувате и веселите при откривањето на неговата слава. Блажени сте ако ве напаѓаат заради Христовото име, зашто тогаш Духот на славата и Божјиот Дух почива врз вас. Никој од вас да не страда како убиец, или крадец, или злосторник или како оној што се меша во туѓи работи; но, ако страда како христијанин, да не се срами, туку да го слави Бога со тоа име“ (1. Петрово 4,12-16).
Како кнез на оние што страдаат, Христос пак нè упатува на својата Реч: „Зашто тоа се цени, ако заради својата совест пред Бога човек трпи и тагува кога неправедно страда. Инаку, каква е пофалбата ако трпите кога ве казнуваат за вашите престапи? Но, ако страдате и трпите кога правите добро, тоа е благодат пред Бога. Зашто за тоа сте повикани, бидејќи и Христос страдаше за вас и ви остави пример и вие да одите по неговите стапки. Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста. Тој, кој беше навредуван, не возвраќаше со навреда; кога страдаше – не се закануваше, туку се предаде себеси на Оној кој суди праведно“ (1. Петрово 2,19-23).
Сметаме дека доста се задржавме на овој предмет и дадовме повеќе сугестии со кои понудивме одговори на прашањето „Каде е Бог кога невини страдаат?“
_________________
* Со темата за Христовите страдања во овој и во следните неколку поднаслови пак ќе се сретнеме кога ќе зборуваме за Божјата благодат. Тогаш таа тема ќе ја дообјасниме.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Каде е Бог кога невини страдаат?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?
Во Библијата читаме прекрасни ветувања што им ги дава Бог на праведните дека ќе уживаат негова висока заштита и помош кога светот го погаѓаат тешки зла и кога грешните гинат. Меѓутоа, факт е дека секогаш не е така. Суровата животна стварност покажува дека често и...
Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат
Да, точно е дека „Господ седи на висок и возвишен престол“. Но истиот тој Господ Исус Христос - гледајќи ги страдањата и патилата на своите човечки суштества зафатени од виорот на гревот, решил да го напушти небото и доброволно да се лиши од сите привилегии и...
За Христовите страдања
Повеќе за Христовите понижувања, за неговите искушенија и страдања низ кои поминал на оваа земја, и за заедничките патеки по кои, заедно со него, поминуваат и безброј милиони невини кои страдале и страдаат од истите причини како и Тој: „Беше презрен, отфрлен од...
Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“
Прво, уште еднаш да го потврдиме она што повеќепати го кажавме - Христос бил безгрешен, немал никаков свој грев: „Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста“ (1. Петрово 2,22). Но, од друга страна, во Божјата реч ги читаме и оние силни надежни зборови...
Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница
Христос е „Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот на себе“; него „го одведоа како јагне на клање“ „за да се откупиме (од гревот) со скапоцената крв на Христа како невино и чисто јагне“; пред „престолот (Божји) стоеше Јагне како заклано“ (Јован 1,29; Исаија 53,7;...
Христовите страдања не престанале на Голгота
Христовите страдања, болки и патила не престанале во Гетсиманија и на Голгота! Не! Христос и понатаму сочувствува и силно страда и пати заедно со своите деца кои страдаат. Тој Гетсиманија и Голгота секојдневно повторно ги доживува во нивниот живот, рамо до рамо...
Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?
Зошто Бог толку високо ги цени оние што соучествуваат во Христовите страдања, што страдаат на правдина, што пијат од бигорната чаша од која пиел Исус? Зошто е тоа толку голема чест и предимство за нас и ние, слично на Христа, да имаме своја Гетсиманија и своја...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.