Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат
Да, точно е дека „Господ седи на висок и возвишен престол“. Но истиот тој Господ Исус Христос – гледајќи ги страдањата и патилата на своите човечки суштества зафатени од виорот на гревот, решил да го напушти небото и доброволно да се лиши од сите привилегии и предимства што ги уживал таму, и слегол на нашата земја да се вмеша во кобната судбина на човештвото и на човекот да му подаде рака, да го избави од калта на гревот, неговите нозе да ги постави на цврста карпа и неговиот живот да го пренасочи кон славна иднина.
Апостол Павле ни кажува: „Мислете во себе како што мислеше и Исус Христос: кој, иако беше во Божји лик, не го сметаше како нешто приграбено тоа што беше еднаков со Бога, туку самиот се лиши од таа еднаквост, земајќи лик на слуга, станувајќи сличен на луѓето. И откако стана сличен на човек, Тој се понизи самиот себеси и стана послушен до смрт, дури до смрт на крст“ (Филипјаните 2,5-8).
Не постоел друг начин да ѝ се помогне на нашата планета и на нејзиното грешно човештво зафатено од пожарот на гревот, друг начин за негово гасење. Не постоел друг пат освен оној кој водел преку неговото воплотување во утробата на Марија и преку Гетсиманија и Голгота. Бог Отецот и Христос тоа го сториле од љубов кон нас грешни за да ни помогнат да се избавиме од гревот и страдањата.
„Зашто Бог толку го милее светот, што го даде и својот единороден Син, за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3,16).
Бог го милее овој свет, Христос го милее човекот и затоа дошол од небото да му помогне.
Светата книга на исламот, Коранот, нагласок става врз единственоста на Бога, врз неговата трансцендентност, врз неговата сила и господарство над сè. Според Коранот, Бог (Алах) е жив, вечен, највозвишен, безмерен, совршен, господар, свет дарител на мир, чувар на верата, старател, силен, семоќен, мудар; Тој е Господ, творец, зачетник, причина за сè што постои; сè што е на земјата и на небото нему му оддава слава…
Очигледно е дека при опишувањето на Божјата семоќ над своите созданија Коранот не штеди суперлативи. Меѓутоа, интересно е да се забележи дека од безбројните имиња што го опишуваат Бога, Коранот ниту со едно име не го прикажува како Бог на љубов.
Според учењето на исламот, Бог само оддалеку ја објавува својата волја. Тој на луѓето им се обраќа од неизмерно големо растојание, за огнот на човечките страдања и беззаконија да не го валкаат неговиот лик. Божјата љубов кон светот, онака како што е сфатена во исламскиот лик на Творецот, не поднесува жртва. Во декември муслиманскиот свет слави ноќ на молитва. Таа ноќ Бог се спушта од седмото на првото небо коешто е најблизу до земјата. Тогаш Тој е толку близу до луѓето, што ги слуша сите нивни молитви. И ако еден правоверен муслиман ја помине оваа ноќ на молитва, неговите молитви ќе бидат исполнети.
Тоа е разбирлива и убава слика. Но, како христијани, да си поставиме прашање: Зар првото небо навистина е последното скалило до кое се приближува Божјата љубов до човекот? Зар таа не слегува уште подолу и уште поблизу до нас грешните луѓе?
Во исламот токму овој обид, со кој се утврдува границата на Божјата љубов и на неговата слобода, е бесмислен. Исламот ги осудува христијаните што недоволно внимаваат на недосегливоста на Бога, не внимаваат на фактот дека Бог е недоловлив. И навистина треба да се пазиме нашите човечки ограничувања да не му ги припишуваме на Безграничниот. Меѓутоа, зар муслиманското тврдење дека Бог не може да стане човек не е сомнеж во Божјата сила? Од каде тоа силно убедување кај исламскиот свет дека Бог навистина не може да стане човек? Не е можно на љубовта да ѝ се стави преграда и да се каже дека преку таа граница на љубовта Бог никогаш не ќе смее да сака, да љуби. Бог е слободен своите созданија да ги сака онолку колку што сака токму затоа што е Бог!
Иако библискиот Бог е независен од своите созданија и не е ограничен од времето и просторот, иако, како што рековме, него не можат да го „опфатат небесата ни небесата над небесата“, сепак, Тој има родителско, татковско срце кое вистински и несебично сака, срце преполно со љубов докажана на дело: „Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи својот живот за своите пријатели.“ „Но Бог ја покажува својата љубов кон нас со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници“ (Јован 15,13; Римјаните 5,8).
Неговата љубов не само што зела човечка лика, Тој не само што изгледал како човек – туку Тој станал човек. И неговата љубов кон нас одела до крај, до последната точка, до целосна преданост себеси, до целосно самооткажување, до жртва и смрт. Евангелскиот Бог е љубов; Тој не само што љуби, туку самиот Тој е љубов. Тој не само што има љубов, туку самиот Тој е љубов. Тој не само што се потврдува во љубовта, туку самиот Тој е љубов. „Бог е љубов“ (1. Јованово 4,8).
Значи, „прво небо“ до кое се спушта Божјата љубов е дното на вселената, нашата обезличена грешна планета; тоа е грдото грешно срце на човечките суштества каде што таа проникнува и содомците ги чисти од сите гнасотии и, од одвратни грешници, прави чесни луѓе со повратено човечко достоинство, враќајќи им го вистинското, загубеното место меѓу семејството на безгрешните светови на вселената.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Каде е Бог кога невини страдаат?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?
Во Библијата читаме прекрасни ветувања што им ги дава Бог на праведните дека ќе уживаат негова висока заштита и помош кога светот го погаѓаат тешки зла и кога грешните гинат. Меѓутоа, факт е дека секогаш не е така. Суровата животна стварност покажува дека често и...
За Христовите страдања
Повеќе за Христовите понижувања, за неговите искушенија и страдања низ кои поминал на оваа земја, и за заедничките патеки по кои, заедно со него, поминуваат и безброј милиони невини кои страдале и страдаат од истите причини како и Тој: „Беше презрен, отфрлен од...
Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“
Прво, уште еднаш да го потврдиме она што повеќепати го кажавме - Христос бил безгрешен, немал никаков свој грев: „Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста“ (1. Петрово 2,22). Но, од друга страна, во Божјата реч ги читаме и оние силни надежни зборови...
Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница
Христос е „Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот на себе“; него „го одведоа како јагне на клање“ „за да се откупиме (од гревот) со скапоцената крв на Христа како невино и чисто јагне“; пред „престолот (Божји) стоеше Јагне како заклано“ (Јован 1,29; Исаија 53,7;...
Христовите страдања не престанале на Голгота
Христовите страдања, болки и патила не престанале во Гетсиманија и на Голгота! Не! Христос и понатаму сочувствува и силно страда и пати заедно со своите деца кои страдаат. Тој Гетсиманија и Голгота секојдневно повторно ги доживува во нивниот живот, рамо до рамо...
Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?
Зошто Бог толку високо ги цени оние што соучествуваат во Христовите страдања, што страдаат на правдина, што пијат од бигорната чаша од која пиел Исус? Зошто е тоа толку голема чест и предимство за нас и ние, слично на Христа, да имаме своја Гетсиманија и своја...
За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога
Се поставува прашање дали е трагедија што страдаат тие верни и предани Божји слуги, тие невини луѓе? Од човечка гледна точка да, но од Божја перспектива не! Гледано со Божјите очи, тоа е тешко, мачно, жално, но не и трагично. Бог многукратно ќе им го надомести она што...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.