Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?

Зошто Бог толку високо ги цени оние што соучествуваат во Христовите страдања, што страдаат на правдина, што пијат од бигорната чаша од која пиел Исус? Зошто е тоа толку голема чест и предимство за нас и ние, слично на Христа, да имаме своја Гетсиманија и своја Голгота? Има ли некаква морална, или некоја друга смисла и оправдание, да газиме по истата трнлива патека по која одел нашиот Спасител Исус Христос? Дали некој или нешто врши пресија врз Христа за да ги изложи своите следбеници, и безброј невини луѓе, да поминуваат низ такви грозоморни искушенија и страдања и толку бедно и мизерно да го завршат животот? Секако, Бог има силна причина и издржани аргументи да постапува така со оние што го љубат и што се подготвени животот да го жртвуваат за него.

Пред сè, споменатите причини и аргументи произлегуваат од процесот на решавање на вселенскиот проблем на гревот. Гревот не е зачнат на нашата планета. Тој натрапник на нашата земја дошол од вслената. Според тоа, гревот не е само наш проблем, туку проблем на целата вселена и затоа во неговото решавање учествува целата вселена. Гревот е генератор на неправди, патила, болки, страдања, несреќи, војни, болести – извор и причина за смрт…

Бог проблемот на гревот го решава активно, темелно и радикално и ќе го реши коренито. Тој наскоро вселената ќе ја исчисти од тој грд плевел што ја нарушува нејзината убавина и нејзиното совршенство. Но при решавањето на прашањето на гревот Бог наидува на отпор од страна на сатаната (ѓаволот), кој е татко на гревот, во чиешто срце се зачнал и се развил тој одвратен троскот, отпор што не сака да го скрши сосила. За што станува збор?

Сатаната без никакво притеснување, јавно и отворено го обвинува Бога пред целата вселена дека е пристрасен и неправеден кога го решава проблемот на гревот. Имено, тврди тој, за разлика од грешниците, кои поминуваат низ жестоки искушенија и кои поднесуваат екстремно тешки страдања, Бог во значителна мера истите им ги олеснува на своите следбеници. Според тврдењата на сатаната, за да привлече што поголем број луѓе да го следат и да му служат, лажно прикажувајќи се себеси пред вселената во најповолна светлина, Бог на праведните им нуди многу полесен пат од оној по кој одат грешниците. Да го потврдиме ова со еден пример од Библијата.

Станува збор за еден исклучително верен Божји слуга, за праведниот Јов, за добар, праведен и мошне богат човек кој имал седум синови и три ќерки, седум илјади овци, три илјади камили, петстотини ѕевгари волови, петстотини магарици и многу слуги. Значи, во животот на овој човек буквално цутеле трендафили. Но се случило нешто што од темел го изменило целокупниот негов живот и го потресло до дното на душата.

На небото Бог го свикал на заседание небесниот совет составен од претставници на сите светови во вселената. Наместо Адама, нашата земја на тоа советување ја претставувал сатаната, кој привремено ја презел од неговите раце управата над нашиот свет. На тоа советување интересен е дијалогот што се води меѓу Бога и сатаната пред очите на претставниците на сите светови на вселената, значи, пред очите на целата вселена.

„Еден ден дојдоа Божјите синови да застанат пред Господа, а меѓу нив пристапи и сатаната. ‘Од каде доаѓаш?’ – го праша Господ. ‘Еве, поминав низ земјата и ја обиколив’, одговори тој. Потоа Господ рече: ‘Го виде ли мојот слуга Јов? Нему никој не му е рамен на земјата. Тој е непорочен и праведен човек, се бои од Бога и го одминува злото.’ А сатаната му одговори на Господа: ‘Зар Јов напразно се бои од Бога? Зар ти не го загради него, неговиот дом и сиот негов имот? Го благослови делото на неговите раце, имотот му се умножи на земјата. Ама испружи ја раката и гибни го она што го има – ќе те проколне в лице.’ ‘Нека ти биде!’ – му рече Господ на сатаната. ‘Прави што сакаш со сè што има; само не кревај рака на него.’ И сатаната отиде од пред Господовото лице“ (Книг. за Јов 1,6-12).

Лесно му е на Јова да ти служи! – подига сатаната обвинение против Бога на небесното советување пред очите на целата вселена. Лесно му е нему! Си му дал огромно богатство – синови, ќерки, овци, волови, камили, куќи, земја, слуги, има сè што сака… нема искушенија, нема страдања! Но Јов не ти служи од љубов, туку од интерес. Ти си неправеден, зашто си го поткупил Јова. Всушност, на светот ти немаш свои вистински следбеници кои те сакаат и кои ти служат доброволно и од љубов. Затоа ти нема што да бараш на земјата. Сите твои приврзаници на неа се лицемери кои ти служат од интерес. Ти нив ги благословуваш и им го олеснуваш животот, со што ги поткупуваш за да преминат на твоја страна.

Тешки обвиненија против Бога. Вселената е во дилема. Можеби сатаната има право. Ако е точно она што го тврди тој, тогаш Бог навистина е неправеден. И сатаната како да остварил предимство.

Бог е на мака. Навидум самиот си создал проблем. Можеби згрешил што воопшто почнал да разговара со сатаната и што му дал можност да го „надитри“, толку жестоко јавно да го нападне и да го обвини за поткуп, за малверзации со своите приврзаници, каков што бил Јов. Се чинело Бог како да си го каснал јазикот и си ги врзал себеси рацете, не знаејќи што да прави и како да излезе од таа крајно неугодна ситуација во која самиот упаднал, од тоа ќоше во кое сатаната го натерал со своите „силни“ аргументи.

Да се правда со зборови, вербално да докажува пред целата вселена дека сатаната нема право, дека неговите обвиненија не се точни – не било продуктивно. Ако постапи така, тогаш вечно ќе остане сомнеж во срцата на Божјите созданија во вселената.

Не, Бог решил на друг, на наполно поинаков, на продуктивен начин да го реши проблемот, да докаже, да ги обелодени лагите на сатаната и на показ пред целата вселена да го изложи неговиот карактер.

Му рекол: Добро, ти тврдиш дека јас ги поткупувам луѓето за да ми служат, дека ја изнудувам нивната љубов, дека тие се лицемери кои ми служат од интерес, а не доброволно и од вистинска љубов и дека јас немам свои вистински приврзаници на земјата. Ете ти го мојот слуга, Јов. Ти го давам во раце. Прави со неговото богатство сè што сакаш, и ќе видиме како ќе реагира – дали навистина ќе ме колне и ќе ме пцуе в лице, како што тврдиш ти. Тој нека докаже пред сите овие делегати собрани на ова советување и пред целата вселена кој има право – јас или ти!

„И сатаната отиде од пред Господовото лице. Еден ден, додека Јововите синови и ќерки јадеа и пиеја во куќата на најстариот брат, дојде гласник при Јова и рече: ‘Твоите волови ораа, а магариците пасеа покрај нив, кога одненадеж Савејците нападнаа на нив и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено само јас избегав за да ти го јавам ова.’

Додека тој уште го зборуваше тоа, дојде друг и рече: ‘Божји оган удри од небото, ги изгоре твоите овци и пастири. Единствено јас избегав да ти јавам.’

Додека тој уште зборуваше, дојде трет и рече: ‘Халдејците удрија со три чети на твоите камили и ги грабнаа, убивајќи ги слугите со остар меч. Единствено избегав јас да ти јавам.’

Додека уште зборуваше овој, дојде четвртиот и рече: ‘Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на најстариот брат. И ете, силен ветер се крена од пустината, удри на сите четири агли на куќата, ја урна врз децата па тие загинаа. Единствено избегав јас да ти јавам’“ (Јов 1,12-19).

Кутриот Јов! Кутрото жртвено јагне преку кое се кршат копјата меѓу Бога и сатаната, а не знае што се случува. Не знае дека очите на целата вселена се насочени кон него и дека без здив сите очекуваат да видат како ќе се однесува сега кога сатаната (ѓаволот) за неколку мига му го уништи сето богатство кое долго време го печалел чесно, со пот и мака, кога му ги уништи овците, говедата, воловите, камилите; како ќе реагира сега кога ѓаволот го удри со најсилниот и најстрашниот можен удар – кога му го уништи најголемото богатство, кога му ги уби децата, седумте синови и трите ќерки? Дали ќе го проколне и ќе го опцуе Бога, како што тврдеше сатаната, или пак ќе остане простум и пред најжестоките налети на луњата што го зафати и пред целата вселена ќе докаже дека не е поткупен на Бога да му служи од интерес, дека неговата љубов кон Бога не е изнудена туку доброволна? И, што виде вселената која напрегнато ги следеше овие настани? Кој имаше право – Бог или сатаната?

„Тогаш Јов стана, ја искина облеката на себе, ја избричи главата и падна ничкум на земјата, се поклони и рече: ‘Гол излегов од мајчината утроба, и гол ќе се вратам таму. Господ даде, Господ зеде. Нека е благословено Господовото име!’ Покрај сето тоа, Јов не згреши ниту изусти некаква навреда против Бога“ (Јов 1,20-22). – Секој натамошен коментар за ова е излишен.

На едно друго, исто такво советување на небото, сатаната му вели на Бога за Јова:

„Кожа за кожа! Човекот ќе даде сè што има во животот. Ама испружи ја раката, допри се до неговите коски и до неговото месо и – ќе те проколне в лице! ‘Нека ти биде! – му рече Господ на сатаната. Во твоја рака е; запази му го само животот!’“

Штом добил дозвола од Бога на Јова да му го упропасти здравјето, надевајќи се дека со тоа ќе ја поколеба неговата вера во Бога, сатаната веднаш стапил во акција.

„И сатаната отиде од пред Господовото лице. Тој го удри Јова со лути рани од стапалата до темето. Јов зеде црепка за да се струже со неа и седна во пепел. Тогаш неговата жена му рече: ‘Зар уште си праведен? Проколни го Бога и умри!’“

Надвор од домот, осамен, седнат во пепел, на буниште, нападнат од тешка болест од која кожата му пукала, се распаѓала и крвавела, во неискажливо силни болки, нападнат и од црви, Јов спаднал на најниско можно дереџе! И што гледаат очите на жителите на вселената? Дали можеби Јов сега ќе се откаже од својот Творец? – Еве го одговорот:

„Во сè тоа Јов не згреши со своите усни“ (Јов 2,4-10). Не кажа и не праша: Господе, зар овците, зар и воловите, зар сиот имот!? Господе, зар и децата!? Зар и здравјето!?

Да, Јов ја оправдал Божјата доверба што ја имал во него. Бог не се осрамотил пред вселената кога тврдел дека Јов е негов верен и предан слуга и дека нема да се откаже од него ниту во најсвирепите искушенија и страдања во кои западнал на правдина, не по своја вина, ами по злобата на сатаната.

Бог не се осрамотил пред вселената кога тврдел дека неговиот верен и предан слуга, Аврам, повеќе го сака него отколку својот син, единецот Исак. Целата вселена со задржан здив посматрала како Аврам го крева ножот да му го принесе Исака на жртва на Бога.

Бог не се осрамотил пред вселената кога тврдел дека на оваа земја Тој има милиони луѓе подготвени во секој миг да поднесат и најтешки жртви, не очекувајќи Бог да им го олесни патот и животот затоа што се негови слуги, подготвени да го положат и својот живот за него. Тие на вселената ѝ докажале и постојано ѝ докажуваат дека на Бога му служат не од интерес, дека нивната љубов кон него не е поткупена ниту на каков и да е начин изнудена, туку дека тоа е љубов од љубов – чиста, искрена, доброволна.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Каде е Бог кога невини страдаат?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?

Во Библијата читаме прекрасни ветувања што им ги дава Бог на праведните дека ќе уживаат негова висока заштита и помош кога светот го погаѓаат тешки зла и кога грешните гинат. Меѓутоа, факт е дека секогаш не е така. Суровата животна стварност покажува дека често и...

Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат

Да, точно е дека „Господ седи на висок и возвишен престол“. Но истиот тој Господ Исус Христос - гледајќи ги страдањата и патилата на своите човечки суштества зафатени од виорот на гревот, решил да го напушти небото и доброволно да се лиши од сите привилегии и...

За Христовите страдања

Повеќе за Христовите понижувања, за неговите искушенија и страдања низ кои поминал на оваа земја, и за заедничките патеки по кои, заедно со него, поминуваат и безброј милиони невини кои страдале и страдаат од истите причини како и Тој: „Беше презрен, отфрлен од...

Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“

Прво, уште еднаш да го потврдиме она што повеќепати го кажавме - Христос бил безгрешен, немал никаков свој грев: „Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста“ (1. Петрово 2,22). Но, од друга страна, во Божјата реч ги читаме и оние силни надежни зборови...

Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница

Христос е „Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот на себе“; него „го одведоа како јагне на клање“ „за да се откупиме (од гревот) со скапоцената крв на Христа како невино и чисто јагне“; пред „престолот (Божји) стоеше Јагне како заклано“ (Јован 1,29; Исаија 53,7;...

Христовите страдања не престанале на Голгота

Христовите страдања, болки и патила не престанале во Гетсиманија и на Голгота! Не! Христос и понатаму сочувствува и силно страда и пати заедно со своите деца кои страдаат. Тој Гетсиманија и Голгота секојдневно повторно ги доживува во нивниот живот, рамо до рамо...

За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога

Се поставува прашање дали е трагедија што страдаат тие верни и предани Божји слуги, тие невини луѓе? Од човечка гледна точка да, но од Божја перспектива не! Гледано со Божјите очи, тоа е тешко, мачно, жално, но не и трагично. Бог многукратно ќе им го надомести она што...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат