Христовите страдања не престанале на Голгота

Христовите страдања, болки и патила не престанале во Гетсиманија и на Голгота! Не! Христос и понатаму сочувствува и силно страда и пати заедно со своите деца кои страдаат. Тој Гетсиманија и Голгота секојдневно повторно ги доживува во нивниот живот, рамо до рамо активно учествувајќи во патилата, во чемерот и јадот низ кои поминуваат невините, кои страдаат на правдина, храбрејќи ги и давајќи им сила и помош да издржат. Во полна мера учествувал во животот на оние кои „доживеаја подбиви и удари, а покрај тоа и окови и зандани. Беа каменувани, со пила сечени надве; искушувани, умираа од меч, талкаа во овчи и козји кожи; во немаштија, во неволји и мачени – оние за кои светот не беше достоен – талкаа по пустини, по гори, по пештери и по јами вземи“ (Евреите 11,36-38).

Со својата силна љубов Христос го запалува срцето на своите деца кои храбро поднесуваат и најгрозни страдања и најжестоки искушенија, положувајќи го со радост и својот живот за него, како и Тој што го положил својот живот на крст за нив.

Таков е случајот на Јована Крстителот, таков е случајот на апостол Павле и на апостол Јаков, во чиишто срца бликала силна вера и чиишто глави се стркалале на губилиштето.

Таков е случајот на апостол Петар кој ни во смртта не можеше да се оддели од својот сакан Учител, сметајќи дека не е достоен да умре како него, туку бараше да биде распнат на крст со главата удолу.

И случајот на апостол Јован, кој својот живот не можел ни да го замисли без Христа, и кој заради него бил фрлен во котел со вриено масло.

И случајот на Санктус и Матурус, кои биле жестоко камшикувани, потоа ставени на усвитена печка и на крај фрлени пред див ѕвер кој ги растргнал. Тие биле маченици за Христа.

И случајот на младата робинка Бландина, која била обесена на столб во арена со рацете раширени во вид на крст, но ѕверовите тој ден не сакале да ја растргнат, па била вратена во затворот. Последниот ден од гладијаторските игри била камшикувана, ставена на усвитена печка и потоа завиткана во мрежа и фрлена пред див бик кој повеќе пати со роговите ја фрлил во воздух. Крвникот со меч ѝ ги прекратил маките на оваа жена хероина во чиешто срце Христос запалил свој оган на љубов и вера на кои таа не можела да им се противстави, бидејќи тие биле посилни и од самата неа и од нејзините страдања, посилни дури и од нејзината смрт, и затоа до последен здив останала на Христова страна, сведочејќи не само пред безочниот џган во арената, ами и пред целата вселена за својата вера и љубов кон својот Спасител.

И случајот на младата 22-годишна жена Перпетуа од Картага, заедно со уште една робинка, Фелицита, и со тројца мажи робови, кои невино страдале, жртвувајќи го својот живот како маченици за Христа. Да наведеме мал дел од извештајот за нивното мачеништво.

„Ние сè уште бевме со нашите чувари, раскажува Перпетуа. Татко ми се обидуваше да ме одврати од мојата одлука. Со својата татковска љубов се обидуваше да ја поколеба мојата вера во Христа.“

„Татко, му реков, ги гледаш ли овие предмети? На пример, оваа ваза, оваа врчва и другиве предмети?“

„Ги гледам!“ одговори тој.

Тогаш јас му кажав: „Може ли на овој предмет да му се даде друго има освен неговото вистинско име?“

„Не!“ одговори тој.

„Е добро! И јас себеси не можам да си дадам друго име освен она вистинското што го имам: Јас сум христијанка!“

Еден очевидец го објаснува случајот до крај. „Најпосле за мачениците настапи денот на нивната победа. Напуштајќи го затворот, одеа со брзи чекори во амфитеатарот како да се искачуваат на небото. Лицата им беа озарени и прекрасни; иако се тресеа, тоа не беше од страв, туку од радост. Назад одеше Перпетуа. За жените чуваа една бесна крава. Перпетуа беше прва фрлена во воздух со роговите на кравата. Падна на земја на крстината и ја повреди; штом се прибра и седна, ја собра косата којашто ѝ се расплете, зашто си велеше: ‘Не треба маченицата да има растурена коса за време на своето мачење за да не остави впечаток дека таа жали во денот кога слави победа.’ Најпосле се крена на нозе. Во тој миг ја забележа другата робинка, Фелицита, која беше тешко ранета. & се приближи, ѝ подаде рака и ѝ помогна да се исправи. Кога толпата ги виде двете на нозе, нејзината свирепост беше победена: ги изведоа низ вратата живи.

Подоцна народот пак побара овие ранети жени да се доведат во арената со свои очи да ја посматраат борбата на гладијаторите и самите да бидат жртва и наслада на расипаните очи на бесчувствителната безочна и споулавена толпа во арената. Маченичките сами станаа и се упатија кон местото што им беше одредено. Најнапред си дадоа една на друга христијански бакнеж на мир за да се приготват за смрт. Потоа останаа простум, неподвижно да стојат. Мирно го пречекаа смртниот удар… Овојпат Перпетуа почувствува страшна болка. Удрена со меч во ребро, таа страшно крикна. Но веднаш ја фати треперливата рака на младиот неопитен гладијатор и сама ја подигна кон своето грло. Сатаната се плашеше од неа. Тој виде дека таа сака да умре.

О храбри и блажени маченици! О маченици, навистина повикани и одбрани за слава на Господа Исуса Христа! Оној кој го фали и слави Христа треба да ги чита овие сведоштва.“ Да, драги мои, и ние треба да ги читаме овие сведоштва кога си поставуваме прашање: „Каде е Бог кога страдаат невини?“ „Зошто, покрај грешните, страдаат и невини?“

Перпетуа и Фелицита не можеле поинаку. Во нив горел Божји оган што го запалила Христовата љубов која била посилна од нив, посилна и од нивната смрт. Во арената бил присутен и Христос кој ги храбрел, им помагал да издржат, да страдаат на правдина заради него. Тој нежно ги посматрал своите бестрашни борци како храбро, без да потклекнат и без да се поколебаат пред налетите на жестоките искушенија, им преодолеваат и на најсилните удари на џелатите; сочувствувал со нив и заедно со нив ги поднесувал нивните маки и болки, практично делејќи ја со нив нивната судбина. Кога крикнала Перпетуа од силна болка предизвикана од ударот со меч, со неа крикнал и Спасителот. Тие тоа го виделе и го почувствувале. Тоа им дало сила да издржат и, без да се жалат, без да постават прашање зошто, да поднесат сè заради него.

Христос бил присутен и во животот на сите оние безброј милиони други маченици насекаде низ светот кои на правдина страдале. Неговото око ги видело и неговата рака ги забележала во небесните книги сите стравотии и грозомори низ кои поминувале неговите верни и предани слуги. Тој бил присутен во сите арени и на сите губилишта и со силна болка во душата ги посматрал страдањата и смртта на своите невини слуги како паѓаат како жртви на незаузданиот бес на споулавените грешници.

Бил присутен во гасните комори во кои милиони невини страдалници животот го завршиле со грозна смрт и, делејќи ги заедно со нив нивните страдања, и Тој бил страдалник; присутен е во лавовската јама со својот слуга Даниел и во огнената печка со своите тројца храбри борци за Бога, а им прави друштво и ги храбри своите слуги Павле и Сила, чиишто нозе биле ставени во клади во затворот во Филипи и пеат.

Со свои очи Христос го гледал пламенот на безбројните ломачи на кои гореле невини луѓе во чиешто срце запалил свој оган кој бил посилен од оној на ломачите; тоа биле невини луѓе чијшто единствен грев бил што читале Свето писмо и верувале во Бога онака како што кажува тоа.

Посматрал илјадници гилотини на кои биле обезглавени илјадници невини луѓе.

Христос стоел крај своите слуги наметнати со животински кожи и фрлени пред кучиња да ги растргнат или премачкани со смола и во вечерните часови живи запалувани да горат како факли и да ја осветлуваат градината на налудничавиот цар Нерон. Да, Христос бил крај нив и во нивното срце запалил своја љубов за која тие, умирајќи, пееле:

„Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволја ли, или мака, или прогонство, или глад, или голотија, или гибел, или меч? Токму како што е напишано: ‘Заради тебе везден нè убиваат, нè сметаат како овци за клање.’ Но во сето ова победуваме надмоќно преку Оној кој нè засака. Зашто уверен сум дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту кое-годе друго создание, не ќе може да нè одвои од Божјата љубов, која е во нашиот Господ Исус Христос“ (Рим. 8,35-39).

Најголемо предимство, поголемо од сите други предимства, ужива оној човек што ќе го удостои Бог да страда заради Христа, што ќе го удостои да соучествува во Христовите страдања. Најголема чест со која Бог воопшто може да ги почести луѓето е да им дозволи да бидат вистински маченици за него. Најголема милост што може да ја добие човек од Бога е да го даде својот живот за Бога. Најголемо сочувство и безмерни симпатии Бог покажува кон оние што се невини и страдаат на правдина. Тие се најголеми во Божјите очи, еднакви по големина со Јована Крстителот и во Божјето царство ќе заземаат почесно место.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Каде е Бог кога невини страдаат?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?

Во Библијата читаме прекрасни ветувања што им ги дава Бог на праведните дека ќе уживаат негова висока заштита и помош кога светот го погаѓаат тешки зла и кога грешните гинат. Меѓутоа, факт е дека секогаш не е така. Суровата животна стварност покажува дека често и...

Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат

Да, точно е дека „Господ седи на висок и возвишен престол“. Но истиот тој Господ Исус Христос - гледајќи ги страдањата и патилата на своите човечки суштества зафатени од виорот на гревот, решил да го напушти небото и доброволно да се лиши од сите привилегии и...

За Христовите страдања

Повеќе за Христовите понижувања, за неговите искушенија и страдања низ кои поминал на оваа земја, и за заедничките патеки по кои, заедно со него, поминуваат и безброј милиони невини кои страдале и страдаат од истите причини како и Тој: „Беше презрен, отфрлен од...

Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“

Прво, уште еднаш да го потврдиме она што повеќепати го кажавме - Христос бил безгрешен, немал никаков свој грев: „Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста“ (1. Петрово 2,22). Но, од друга страна, во Божјата реч ги читаме и оние силни надежни зборови...

Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница

Христос е „Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот на себе“; него „го одведоа како јагне на клање“ „за да се откупиме (од гревот) со скапоцената крв на Христа како невино и чисто јагне“; пред „престолот (Божји) стоеше Јагне како заклано“ (Јован 1,29; Исаија 53,7;...

Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?

Зошто Бог толку високо ги цени оние што соучествуваат во Христовите страдања, што страдаат на правдина, што пијат од бигорната чаша од која пиел Исус? Зошто е тоа толку голема чест и предимство за нас и ние, слично на Христа, да имаме своја Гетсиманија и своја...

За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога

Се поставува прашање дали е трагедија што страдаат тие верни и предани Божји слуги, тие невини луѓе? Од човечка гледна точка да, но од Божја перспектива не! Гледано со Божјите очи, тоа е тешко, мачно, жално, но не и трагично. Бог многукратно ќе им го надомести она што...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат