Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“

Прво, уште еднаш да го потврдиме она што повеќепати го кажавме – Христос бил безгрешен, немал никаков свој грев: „Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста“ (1. Петрово 2,22).

Но, од друга страна, во Божјата реч ги читаме и оние силни надежни зборови за нас грешниците кои се наша единствена сигурна котва на зовриеното море на гревот во кое се давиме како грешници, јаже што нè извлекува од длабоката темна и сурова бездна во која би ги оставиле коските и за век веков би исчезнале.

Молам, да ги слушнеме тие, за нас блескотни Божји зборови од кои силно заигрува нашето срце, зборови што ги будат и активираат кај нас сите наши успиени музички дарби со кои нè надарило Небото, кои душата ни ја распевуваат и на нашите очи тераат солзи радосници:

„Оној (Христос), кој не знаеше за грев, Бог го направи грев наместо нас, за ние да станеме Божја праведност во него“ (2. Коринќаните 5,21).

„Христос нè откупи од проклетството на законот, откако стана проклетство за нас“ (Галатите 3,13). Христос е проклет и стана проклетство. Кој го проколна? Бог го проколна!

Прекрасно! Христа, „кој не знаеше за грев, Бог го направи грев наместо нас“. „Христос … стана проклетство за нас!“

Извонредно! Христос, не само што е најголем грешник, натоварен со гревовите на цел свет, туку самиот Тој е „грев“ и „проклетство“.

Христос ги прифати гревовите на сите грешници од цел свет како свои лични гревови, како самиот Тој лично да ги направил, и Бог него го гледаше како најголем грешник со свои лични гревови за кои го казни него, а нас нè ослободи.

Неверојатно радосно и многу надежно! Јас, грешник, „грев“ и „проклетство“, не сум веќе ниту грешник, ниту „грев“ ниту „проклетство“.

Чудесно убаво! Наместо мене, грешник, „грев“ и „проклетство“ е Христос. Според тоа, Божјиот гнев не е веќе насочен кон мене. Јас не сум веќе грешен. За гревот сум се покајал и сум го оставил, и Христос го симнал од мене и го натоварил на себе, изнесувајќи го заедно со себе на крст. „Тој сам во своето тело ги изнесе нашите гревови на крст… преку неговите рани се исцеливте“ (1. Петрово 2,24).

Христос „вкуси смрт за сите“ грешници (Евреите 2,9). Многу убаво, феноменално! Без никаква заслуга, грешникот се ослободи од гревот кој му висеше како дамоклов меч над главата да го убие, зашто „плата за гревот е смрт“ (Римјаните 6,23). Еден од најубавите и најјасни текстови за делото што го извршил Христос за нас кога умрел на Голгота е запишан во Ефесците 1,7: „Во кого имаме откуп преку неговата крв, прошка на престапите, според богатството на неговата благодат.“

И понатаму: „Христос … со својата сопствена крв ни прибави вечен откуп“ (Евреите 9,11-14).

Овој текст има мошне богато значење. Тој тврди дека имаме откуп и кажува дека откупот не е само нешто што ќе се случи во иднина; тоа е нешто што го имаме во овој миг, сега. Ние сме откупени – сега. Сега сум откупен и праведен, и како праведник ослободен сум од Божјата казна, зашто Божјиот гнев е насочен не против мене, туку против Христа. Божјите громовни стрели го гаѓаат него, неговите молскавици го убиваат најголемиот грешник, „гревот“, „проклетството“ и проклетникот на крстот на Голгота. Според тоа, гревот и грешникот се казнети во Христа на крстот, со што Бог радикално и засекогаш го решил проблемот на гревот.

Тежината на казната што ја поднесува Христос на крстот е безмерна. Бог го мрази гревот, и во интерес на правдата, во интерес на опстанокот на вселената, мора да го казни и да го искорени засекогаш. Бидејќи Христос на крстот стана „грев наместо нас“, Бог Отецот се гнасеше од него, кој стана „грев“, го сврти своето лице од него кога висеше на крст на Голгота, му стана свиреп непријател и го уби – го уби својот мил и сакан Син наместо нас.

Во својата агонија на крстот, осамен, напуштен од сите, Христос бара, се надева и очекува милост од својот небесен Отец, во чиишто прегратки е уште од вечноста. Но, наместо одговор – мрак, молњи и громови! Отецот ги затворил прозорците на небото, не сакајќи да ги посматра страдањата на својот Син! Положувајќи го својот скапоцен живот, Христос не добил поддршка од никаде и од никого.

Значи, за Исуса нема светлина, нема милост, за него нема надеж, нема помош ниту поддршка; на неговите молитви нема одговор!

Сатаната го нагрвалувал Исусовото срце со жестоки искушенија и Христос бил кнез на оние што страдаат. Но неговите страдања не биле првенствено предизвикани од болката и срамот на крстот, туку тие произлегувале од свеста за опачноста на гревот, од сознанието дека човекот, тесно поврзан со злото, станал слеп за неговите стравотии. Христос видел колку е цврсто упориштето на гревот во човечкото срце и колку малку има такви кои се готови да се одвојат од неговата сила, да го прифатат обилното спасение што им го нуди Тој со својата жртва и да се спасат. Неговата жалост е огромна и срцето му крвавело затоа што на милијарди луѓе им дал можност да се спасат, но не сакале да се спасат, што доброволно го одбрале патот на гревот кој ги одвел во вечна пропаст. Тоа го скршило Исусовото срце.

Висејќи на крст, ѓаволот го изложил Христа на силни искушенија. Преку старешините и војниците, и еднаш преку еден од разбојниците на крстот, тој му упатува повик на Христа: „Ако си ти Христос (Месија), Божји Син, слези од крстот па ќе веруваме во тебе“ (Лука 23,35-39).

Да, тоа било силно искушение за Христа, да слезе од крстот и да се спаси себеси. Тој можел да го стори тоа, но бил длабоко свесен и уверен дека не може да се спаси и себеси и светот, и себеси и грешниците. Знаел дека, ако слезе од крстот Тој, на него ќе мора да висат грешниците. Тоа прашање се решавало на крстот. Тој направил свој избор. „Ќе умрам јас, за тие да живеат“.

Исус на крстот му зборува на светот: „Ве сакам вас повеќе од себеси!“ Тоа е Божја љубов „агапе“. Дали сфаќаме дека Исус нас нè сака повеќе отколку што се сака себеси? Тоа ни го открива крстот и кај нас побудува искрена почит кон него.

Божјето срце копнее и заигрува од радост кога еден грешник ќе реши да го напушти гревот и кога ќе дојде кај него, барајќи милост и прошка. Нема грев толку голем, страшен и гнасен, таен или јавен, сè едно, кој Бог не сака и не е подготвен да го прости. Нашето покајание во Божјите уши звучи како најубава музика што Тој со најголемо задоволство ја слуша. На Бога ништо не му е толку мило како кога еден грешник се кае и го остава гревот, и најмногу од сè сака и најподготвен е да проштава гревови и на најголеми грешници кои бегаат од суровата и свирепа прачка на гревот и засолниште и спас бараат од него. Грешниците кои се каат и ги напуштаат своите гревови, небото со радост го прифаќа нивното покајание, им укажува милост и со раширени раце и со срдечно добредојде ги пречекува во редовите на спасените. „Ви велам: поголема радост има на небото за еден грешник кој се кае…!“ (Лука 15,7).

Отецот ни кажува: Јас го мразам и се гнасам од гревот, но ги сакам грешниците, ве сакам вас бидејќи вие сте мои созданија, мои деца. Иако вие сте виновни за смртта на мојот Син, иако него го распнаа вашите гревови, јас ве сакам и вас и затоа дозволив наместо вас Тој да биде казнет и убиен.

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Каде е Бог кога невини страдаат?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?

Во Библијата читаме прекрасни ветувања што им ги дава Бог на праведните дека ќе уживаат негова висока заштита и помош кога светот го погаѓаат тешки зла и кога грешните гинат. Меѓутоа, факт е дека секогаш не е така. Суровата животна стварност покажува дека често и...

Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат

Да, точно е дека „Господ седи на висок и возвишен престол“. Но истиот тој Господ Исус Христос - гледајќи ги страдањата и патилата на своите човечки суштества зафатени од виорот на гревот, решил да го напушти небото и доброволно да се лиши од сите привилегии и...

За Христовите страдања

Повеќе за Христовите понижувања, за неговите искушенија и страдања низ кои поминал на оваа земја, и за заедничките патеки по кои, заедно со него, поминуваат и безброј милиони невини кои страдале и страдаат од истите причини како и Тој: „Беше презрен, отфрлен од...

Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница

Христос е „Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот на себе“; него „го одведоа како јагне на клање“ „за да се откупиме (од гревот) со скапоцената крв на Христа како невино и чисто јагне“; пред „престолот (Божји) стоеше Јагне како заклано“ (Јован 1,29; Исаија 53,7;...

Христовите страдања не престанале на Голгота

Христовите страдања, болки и патила не престанале во Гетсиманија и на Голгота! Не! Христос и понатаму сочувствува и силно страда и пати заедно со своите деца кои страдаат. Тој Гетсиманија и Голгота секојдневно повторно ги доживува во нивниот живот, рамо до рамо...

Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?

Зошто Бог толку високо ги цени оние што соучествуваат во Христовите страдања, што страдаат на правдина, што пијат од бигорната чаша од која пиел Исус? Зошто е тоа толку голема чест и предимство за нас и ние, слично на Христа, да имаме своја Гетсиманија и своја...

За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога

Се поставува прашање дали е трагедија што страдаат тие верни и предани Божји слуги, тие невини луѓе? Од човечка гледна точка да, но од Божја перспектива не! Гледано со Божјите очи, тоа е тешко, мачно, жално, но не и трагично. Бог многукратно ќе им го надомести она што...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат