Христос е Јагне Божје, лав и змија отровница
Христос е „Јагне Божје кое ги зема гревовите на светот на себе“; него „го одведоа како јагне на клање“ „за да се откупиме (од гревот) со скапоцената крв на Христа како невино и чисто јагне“; пред „престолот (Божји) стоеше Јагне како заклано“ (Јован 1,29; Исаија 53,7; 1. Петрово 1,18.19; Откровение 5,6). Но едновремено Христа го гледаме и како лав: „Надвладеа Лавот од племето на Јуда… кој може да го отвори свитокот и неговите седум печати“ (Откровение 5,5).
Навидум две несврзливи и непомирливи работи, две крајни спротивности: јагне наспроти лав – едновремено јагне и лав! Кога ги презема гревовите на грешниците на себе и кога треба да им покаже пример на верниците што треба да го следат, Христос е понизен и кроток како јагне, но кога ја брани Божјата чест и вистина и кога го остварува планот на спасението, Христос е храбар и бестрашен како лав.
Некој рекол: „Не вреди да се наговара лав да го пушти јагнето. За да го спасиме јагнето, мораме да го победиме лавот.“ Токму тоа значи поимот „суд“, „праведност“ – казнување на угнетувачот, а значи „љубов“ која го ослободува угнетениот и го враќа во живот.
Понатаму, видовме дека Бог Христа „го направи грев наместо нас“ и дека Тој „стана проклетство заради нас“. Но можеби малку е познато дека Тој стана и змија отровница! Од каде Христос да стане змија отровница кога змијата е симбол на гревот и злото, симбол на сатаната (1. Мојсеева 3,1; Откровение 12,9)?
Христос му кажува на Никодима: „Како Мојсеј што подигна змија во пустината, така треба да биде подигнат Синот човечки, та секој кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3,14.15; 4. Мојсеева 21,4-9). Со други зборови, на крстот е подигнато проклетството, подигнат е гревот како змија отровница, и громовите на Божјата правда на крстот го убиле проклетството, го убиле гревот, ја убиле змијата отровница – всушност го убиле Христа кој се идентификувал со сите нив. Според тоа, единствен начин за грешникот да се спаси е да погледне на крстот каде што е подигнат и убиен неговиот грев, каде што е убиена змијата отровница, каде што е убиен Хрисотс како спасител на светот.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Каде е Бог кога невини страдаат?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
КАДЕ Е БОГ КОГА НЕВИНИ СТРАДААТ?
Во Библијата читаме прекрасни ветувања што им ги дава Бог на праведните дека ќе уживаат негова висока заштита и помош кога светот го погаѓаат тешки зла и кога грешните гинат. Меѓутоа, факт е дека секогаш не е така. Суровата животна стварност покажува дека често и...
Во Гетсиманија и на Голгота Исус дава одговор на сите мачни прашања што збунуваат
Да, точно е дека „Господ седи на висок и возвишен престол“. Но истиот тој Господ Исус Христос - гледајќи ги страдањата и патилата на своите човечки суштества зафатени од виорот на гревот, решил да го напушти небото и доброволно да се лиши од сите привилегии и...
За Христовите страдања
Повеќе за Христовите понижувања, за неговите искушенија и страдања низ кои поминал на оваа земја, и за заедничките патеки по кои, заедно со него, поминуваат и безброј милиони невини кои страдале и страдаат од истите причини како и Тој: „Беше презрен, отфрлен од...
Христос за нас стана грешен, грешник и „грев“; проклет, проклетник и „проклетство“
Прво, уште еднаш да го потврдиме она што повеќепати го кажавме - Христос бил безгрешен, немал никаков свој грев: „Тој не направи грев и не се најде измама во неговата уста“ (1. Петрово 2,22). Но, од друга страна, во Божјата реч ги читаме и оние силни надежни зборови...
Христовите страдања не престанале на Голгота
Христовите страдања, болки и патила не престанале во Гетсиманија и на Голгота! Не! Христос и понатаму сочувствува и силно страда и пати заедно со своите деца кои страдаат. Тој Гетсиманија и Голгота секојдневно повторно ги доживува во нивниот живот, рамо до рамо...
Што го присилува Бога да дозволи да страдаат невини луѓе?
Зошто Бог толку високо ги цени оние што соучествуваат во Христовите страдања, што страдаат на правдина, што пијат од бигорната чаша од која пиел Исус? Зошто е тоа толку голема чест и предимство за нас и ние, слично на Христа, да имаме своја Гетсиманија и своја...
За невините страдалници не е трагедија што страдаат за Бога
Се поставува прашање дали е трагедија што страдаат тие верни и предани Божји слуги, тие невини луѓе? Од човечка гледна точка да, но од Божја перспектива не! Гледано со Божјите очи, тоа е тешко, мачно, жално, но не и трагично. Бог многукратно ќе им го надомести она што...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.