Неделниот закон на Константина и другите неделни закони

На 7 март 321 г. царот Константин Велики го издал првиот закон за празнување на неделата како ден за одмор.

„Сите судии и народот по градовите нека не работат и сите дуќани нека бидат затворени во ‘чесниот ден на сонцето’ (dies solis). Сепак, земјоделците, кои обработуваат ниви, на тој ден можат слободно да работат, зашто често се случува некој друг ден да не е толку погоден за сеидба или за садење на винова лоза, та да не го испуштат мигот што им го дава Небото.“8

По ова првобитно озаконување, императорите и папите во следните векови додавале други закони за да го засилат празнувањето на неделата. Слични закони издавале неговите следбеници во 368, 386, 429 и 469 год. Царот Теодосиј II во 423 година издал закон против празнувањето на саботата. Црковните собори исто така одиграле важна улога при зацврстувањето на неделата како празник. За таа цел биле издадени закони во Арил (314), во Никеја (325), во Лаодикија (364), во Картага (401), во Орлеан (538) итн.

Кога го издал неделниот закон, Константин уште не бил христијанин. Тој овде ја немал предвид изрично христијанската црква, зашто на деновите не им ги дава нивните христијански имиња, туку првиот ден го нарекува со многубожечкото име „чесниот ден на сонцето“ (dies solis).

Хари Боер, во својата „Кратка историја на ранохристијанската црква“ кажува:

„Тој (Констанин) неделата ја именува со нејзиното традиционално паганско име ‘ден на сонцето’ а не со сабота или со Господов ден. Паганите така можеле да ја прифатат. Христијаните на Сонцето од природата му дале ново значење – размислувајќи за Христа како Сонце на правдата. Константин и подоцнежните императори, како и црковните совети, дополнително го утврдувале неделното законодавство. Сепак, декретот на Константина од 321 година поставил основа за универзално прифаќање на неделата како ден за одмор.“ (Страна 148).

Всушност, неделата малку напредувала како христијански ден за одмор сè до четвртиот век, до времето на Константин Велики. Тој бил римски императот од 306 до 337 година од новата ера. Во текот на првите години од своето владеење тој го обожавал Сонцето. Подоцна тврдел дека се преобратил и го прифатил христијанството, но во срцето останал предан обожавател на Сонцето. Константин никогаш не бил вистински религиозен. Тој тајно го обожавал богот на сонцето сè до смртта.

Во својата книга „Подемот и падот на Римското царство“, Едвард Гибон пишува:

„Сонцето било универзално прославувано како непогрешлив водич и заштитник на Константина.“9

Царот Константин верски се придржувал кон култот на сонцето. Тој го обожавал божеството Митра, бог на сонцето и војната, на кого му бил посветен првиот ден во седмицата, неделата. Култот на староиранскиот бог Митра од првиот век на нашата ера многу се раширил низ целото Римско царство, и тој религиозен култ, наречен „митраизам“, во првите векови од нашата ера му бил сериозен соперник на христијанството, кое презело од него многу работи, меѓу кои и „денот на сонцето“, првиот ден на седмицата.

Обожавањето на сонцето е еден од најстарите облици на многубоштвото што го наоѓаме кај сите многубожечки народи на стариот век. Ра, Изис, Озирис, Ваал, Митра, Херкулес, Аполон, Јупитер и др., се многубожечки богови на сонцето. Ова го потврдуваат многубројни споменици и храмови во Египет, Вавилонија, Персија, Грција, Феникија и Рим.

Старата астрономија познавала седум планети, односно сонцето, месечината и пет планети. На секое од тие небесни тела таа му посветила по еден ден во седмицата, и според тие планети старите Вавилонци, а подоцна и Римјаните, ги нарекувале деновите во седмицата, зашто секој ден бил ставен под заштита на еден бог. Првиот ден во седмицата бил ставен под заштита на главниот бог, богот на сонцето и тој ден кај Римјаните се викал dies solis, „сончев ден“.

„Заслугата“ на Константина за христијанството се состои во тоа што тој го соединил христијанството со многубоштвото и со тоа го проширил христијанството. Константин и неговите врвни службеници виделе дека неделата, којашто ја празнувале митраистите, а и некои христијани во третиот век, може да послужи како врска за единство на двете големи и различни религии во неговото царство, како печат за единство меѓу христијаните и многубошците. За таа цел тој го издал својот прочуен закон за празнување на „чесниот ден на сонцето“. Тоа упорно прилепување кон стариот бог на сонцето оставило траги дури до нашите денови. Задржувањето на старото незнабожечко име dies solis или sunday (недела) како седмичен ден за одмор, во голема мера е израз на тоа единство меѓу многубошците и христијаните.10

Ф. Џеј Фоакс-Џексон во својата книга „Историја на христијанската црква“, вака ги опишува целите на Константина:

„Негова цел била постепено од незнабоштвото да го префрли во христијанството сè она што било привлечно во очите на народот.“11

Германскиот историчар Хегтвејт овој трагичен компромис го опишува на следниот начин:

„Во свое време Константин неуморно се трудел да ги обедини верниците на старата и новата вера во една религија. Сите негови закони и вештини имале за цел да ја спроведат оваа интеграција на религиите. Тој со сите средства сакал да ги измеша пречистеното незнабоштво и умереното христијанство.“12

Зборувајќи за неделните закони, Хегтвејт кажува: „Неговиот налог ‘денот на Сонцето’  да биде главен ден за одмор бил карактеристичен за неговото сфаќање… Од целокупната мешаница и од соединувањето на христијанството и паганството, ништо не е толку провидно колку што е овој негов неделен закон. Христијаните го обожавале својот Христос, а многубошците својот бог – Сонцето. Според сфаќањето на императорот, предметите на богослуженијата на двете религии во суштина биле исти.“

Евсевие (Euzebius) од Цезареја (260-340) е татко на црковната историја, најпрочуен црковен историчар од првите векови на христијанството, човек кој најдобро е запознат со животот на Константин Велики и со неговиот закон за неделата, бидејќи бил негов придворен епископ и биограф.

Како негов современик и голем историчар, тој ги проучувал и настаните поврзани со овој проблем. Бидејќи пред себе ги имал и сите пишани документи и извештаи на претходните црковни отци и историчари кои зборувале и пишувале за „денот на сонцето“ и за „денот Господов“, Евсевие имал можност да ги анализира сите тие документи, да изврши најдобар можен увид во реалната состојба на работите, да ги мери сите докази и противдокази, да ги сумира резултатите од своите истражувања и како историчар да ни ги соопшти резултатите.

И, ако некој е меродавен да ни ја каже вистината за ова прашање, тогаш тоа е токму тој, Евсевие, бидејќи самиот живее во тоа преломно време и преломни години кога се случувале и се случиле тие промени, во времето на извориштата од кои потекнала иницијативата за промена на „Господовата сабота“ со паганскиот „ден на сонцето. Еве што ни кажува Евсевие за таа промена:

„Сè што требаше да се прави во сабота, ние тоа го пренесовме на недела како Господов ден, како попогоден ден кој има првенство и ужива поголем углед отколку еврејската сабота.“13

Евреите за неделата:

„Денот кој воопшто многубошците го посветуваат за обожавање и за прослава на нивниот врховен бог, Сонцето, според нашето сметање бил прв ден во седмицата.“ 14

„Најстарите Германи биле пагани, и бидејќи првиот ден во седмицата го одредиле за посебно обожавање на Сонцето, така тој ден во нашиот ангилски јазик го задржал името Sunday (недела).15

И така, она што почнало како пагански ритуал завршило како христијанска регулација.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата за неделата како празник“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ИСТОРИЈАТА ЗА НЕДЕЛАТА КАКО ПРАЗНИК

Христијаните кои празнуваат недела своите „силни“ библиски докази за неделата како новозаветен христијански празник ги поткрепуваат и надополнуваат со исто толку „силни“ историски докази и аргументи. Со тој нераскинлив тандем од библиски и историски „докази“, нашите...

Историските патишта и факторите кои помогнале неделата да го узурпира местото на саботата

Прв фактор. - На појавувањето на неделата како празник во чест на Христовото воскресение најсилно влијаел култот на сонцето, таканаречениот „митраизам“, кој во првиот и вториот век бил доминантна религија во Римската империја. Митраистите имале исто така и посебни...

Еврејскиот антисемитизам во првите векови во голема мера помогнал неделата да ја потисне саботата

Втор фактор, кој веќе во вториот век влијаел врз воведувањето на неделата во христијанската средина, покрај поранешната сабота, било негодувањето на римскиот свет или антиеврејското расположение кон еврејството во Римската империја. Евреите дигнале две востанија...

Христијанството го асимилирало паганското божество на сонцето и го заменило со Христа како Сонце на правдата, а паганскиот „ден на сонцето“ го заменило со денот на Христовото воскресение

Не можејќи да се решат од паганскиот „сончев ден“, христијанските теолози решиле истиот да го асимилираат, да го похристијанизираат, да го приберат во пазувите на христијанството, да го прифатат и да му најдат место во христијанската наука. Тие во Библијата пронашле...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат