Историските патишта и факторите кои помогнале неделата да го узурпира местото на саботата
Прв фактор. – На појавувањето на неделата како празник во чест на Христовото воскресение најсилно влијаел култот на сонцето, таканаречениот „митраизам“, кој во првиот и вториот век бил доминантна религија во Римската империја.
Митраистите имале исто така и посебни денови, т.н. „себасте“, денови посветени на царот. Отпаднатите водачи на христијанството се прашувале зошто и христијаните не би имале посебни денови посветени на својот Цар, на Сонцето на правдата – на Исуса Христа. И зошто не би ги имале истите денови кои нивните противници им ги посветиле на царот и на сонцето? На овој начин „сончевиот ден“, кој едновремено бил и „ден посветен на царот“, и кај христијаните станал „Господов ден“.
Во 4 век римскиот бискуп Силвестер I (314-337) решил првиот ден во седмицата да не се вика веќе dies solis (сончев ден), туку dies dominica, што значи „Господов ден“, како спомен на Христовото воскресение. Тој назив е воведен кај сите романски народи кои потпаднале под влијание на Црквата. Така, во италијанскиот јазик за првиот ден во седмицата го имаме изразот dominica, во шпанскиот domingo и во францускиот dimanche. Но тој назив не е воведен во северните земји на Европа, кои останале надвор од досегот на римското влијание. Во тие јазици и денес за неделата е сочуван стариот многубожечки назив „сончев ден“, како на пример Sunday во англискиот, Sonntag во германскиот и Sondag во шведскиот јазик.
„Уште рано христијаните го прифатиле првиот ден на седмицата како ден за богослужение. Сонцето што го обожавале Римјаните, христијаните го замениле со Сонцето на правдата (со Христа)… Во Новиот завет нема пропис кој би се однесувал на празнување на првиот ден, ниту пак тоа празнување некогаш е наредено.“1
Историчарот Loisy пишува: „Денот, посветен на сонцето, кај христијаните од многубоштво станува ден на Спасителот.“2
Th. Zilinski: „Богот на сонцето на последните многубожечки цареви му го отстапил местото во календарот на Спасителот на христијаните… Сончевиот ден, dies solis, станал христијанска недела, празник на воскресението. Годишнината на раѓањето на сонцето, Natalis Solis Invict, којашто се славела на 25 декември, е прифатена како роденден на Спасителот (Божиќ)“3
Колку ниско паднале и далеку од Бога отишле христијаните! „Сонцето што го обожавале Римјаните, христијаните го замениле со Сонцето на правдата (со Христа).“ – Спасителот на светот, Христа, го идентификувале со многубожечкото божество на сонцето! „Богот на сонцето … му го отстапил местото … на Спасителот на христијаните!“ Роденденот на сонцето, „25 декември, е прифатен како роденден на Спасителот (Божиќ)!“ – Болно жалосно и трагично!
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата за неделата како празник“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ИСТОРИЈАТА ЗА НЕДЕЛАТА КАКО ПРАЗНИК
Христијаните кои празнуваат недела своите „силни“ библиски докази за неделата како новозаветен христијански празник ги поткрепуваат и надополнуваат со исто толку „силни“ историски докази и аргументи. Со тој нераскинлив тандем од библиски и историски „докази“, нашите...
Еврејскиот антисемитизам во првите векови во голема мера помогнал неделата да ја потисне саботата
Втор фактор, кој веќе во вториот век влијаел врз воведувањето на неделата во христијанската средина, покрај поранешната сабота, било негодувањето на римскиот свет или антиеврејското расположение кон еврејството во Римската империја. Евреите дигнале две востанија...
Неделниот закон на Константина и другите неделни закони
На 7 март 321 г. царот Константин Велики го издал првиот закон за празнување на неделата како ден за одмор. „Сите судии и народот по градовите нека не работат и сите дуќани нека бидат затворени во ‘чесниот ден на сонцето’ (dies solis). Сепак, земјоделците, кои...
Христијанството го асимилирало паганското божество на сонцето и го заменило со Христа како Сонце на правдата, а паганскиот „ден на сонцето“ го заменило со денот на Христовото воскресение
Не можејќи да се решат од паганскиот „сончев ден“, христијанските теолози решиле истиот да го асимилираат, да го похристијанизираат, да го приберат во пазувите на христијанството, да го прифатат и да му најдат место во христијанската наука. Тие во Библијата пронашле...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.