Христијанството го асимилирало паганското божество на сонцето и го заменило со Христа како Сонце на правдата, а паганскиот „ден на сонцето“ го заменило со денот на Христовото воскресение
Не можејќи да се решат од паганскиот „сончев ден“, христијанските теолози решиле истиот да го асимилираат, да го похристијанизираат, да го приберат во пазувите на христијанството, да го прифатат и да му најдат место во христијанската наука. Тие во Библијата пронашле дека и библискиот Бог се нарекува „сонце“ – „Господ Бог е сонце“ (Псалм 84,11). Кога го пронашле сето ова во Библијата, теолозите си честитале себеси за тоа славно откритие бидејќи го пронашле каменот на мудроста, златната алка што недостигала во нивниот синџир од „силни аргументи“ за неделата како библиски христијански празник наместо саботата.
Значи, проблемот го решиле на феноменален начин! Си рекле: Сега имаме силен аргумент во рака. Ќе го потиснеме паганското божество на сонцето и на неговото место ќе го поставиме библискиот Бог како сонце – Христа како Сонце на правдата – а паганскиот „ден на сонцето“ ќе го препосветиме во негова чест и ќе го прогласиме за негов роденден, Божиќ, и за ден на неговото воскресение!
И така, барајќи библиско покритие и оправдание пред својата совест за овие промени, како и за сè друго небиблиско, теолозите фабрикуваат шеќер не од шеќерна трска, туку од обична метла (по надворешен изглед овие две билки се идентични, но со наполно различна внатрешна содржина!); тие упорно ги бранат овие небиблиски измислици на своите претходници кои го упропастиле христијанството со тоа што го наполниле со паганизам.
Водачите на христијанската црква ја прифатиле неделата од опортунистички причини. Прво, за да го стивнат пламенот на прогонството и, второ, за полесно да ги придобијат многубожечките маси за христијанството, зашто многу тешко било многубошците да се одделат од нивните обичаи. Значи, водачите на црквата прифатиле политика на прилагодување, прифатиле компромис, и тоа ги одвело во отпад.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата за неделата како празник“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ИСТОРИЈАТА ЗА НЕДЕЛАТА КАКО ПРАЗНИК
Христијаните кои празнуваат недела своите „силни“ библиски докази за неделата како новозаветен христијански празник ги поткрепуваат и надополнуваат со исто толку „силни“ историски докази и аргументи. Со тој нераскинлив тандем од библиски и историски „докази“, нашите...
Историските патишта и факторите кои помогнале неделата да го узурпира местото на саботата
Прв фактор. - На појавувањето на неделата како празник во чест на Христовото воскресение најсилно влијаел култот на сонцето, таканаречениот „митраизам“, кој во првиот и вториот век бил доминантна религија во Римската империја. Митраистите имале исто така и посебни...
Еврејскиот антисемитизам во првите векови во голема мера помогнал неделата да ја потисне саботата
Втор фактор, кој веќе во вториот век влијаел врз воведувањето на неделата во христијанската средина, покрај поранешната сабота, било негодувањето на римскиот свет или антиеврејското расположение кон еврејството во Римската империја. Евреите дигнале две востанија...
Неделниот закон на Константина и другите неделни закони
На 7 март 321 г. царот Константин Велики го издал првиот закон за празнување на неделата како ден за одмор. „Сите судии и народот по градовите нека не работат и сите дуќани нека бидат затворени во ‘чесниот ден на сонцето’ (dies solis). Сепак, земјоделците, кои...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.