Еврејскиот антисемитизам во првите векови во голема мера помогнал неделата да ја потисне саботата

Втор фактор, кој веќе во вториот век влијаел врз воведувањето на неделата во христијанската средина, покрај поранешната сабота, било негодувањето на римскиот свет или антиеврејското расположение кон еврејството во Римската империја.

Евреите дигнале две востанија против Римјаните. Прво од 66-70 година по Христа кое било задушено со страшен колеж во Ерусалим кој подолго време бил под опсада и во кој загинале над еден милион луѓе, кога е разрушен храмот и опустен градот. Во 131 година Евреите во Рим дигнале друго големо востание под водство на Бар Кохб. Војната траела до 135 година, кога Евреите доживеале пораз. Тој судир меѓу Римјаните и Евреите кај Римјаните предизвикал огорчена омраза против сè што мирисало на еврејство. Периодот меѓу двете востанија е обележан со бројни еврејски бунтови од помали размери во Александрија, Цезареја и Антиохија, и од поголеми размери во Месопотамија, Кирена, Палестина, Египет и Кипар. Тоа бил нивни последен обид да стекнат независност, а последиците биле страшни: покрај тоа што бил опустен нивниот свет град, тие ја загубиле и државата и биле расејани насекаде низ светот. Од тогаш тие не се народ, туку бездомници со својата религија.

Римскиот историчар Dio Cassius (150-220) ни ја открива срдбата и омразата против Евреите што ги предизвикале нивните бунтови и востанија во умовите на Римјаните. На пример, тој пишува за бунтот во Кирена: „Во меѓувреме Евреите во подрачјето на Кирена, под водство на некојси Андреј, убивале Римјани и Грци. Јаделе месо од своите жртви, од нивните црева си правеле ремени, се премачкувале со нивната крв и се облекувале во нивните кожи. Многу луѓе распориле насреде, некои од нив ги фрлале пред диви ѕверови, а други терале да се борат како гладијатори. Сè на сè убиле 220.000 луѓе. Во Египет направиле многу слични ѕверства, а и на Кипар…“4 Сличен извештај дава Евсевиј (Eusebius).5 Исто така и многу христијани настрадале од Евреите.

Римски противмерки и ставови. Римјаните, кои порано ги почитувале и им се восхитувале на Евреите и на нивните верски начела, сега против нив реагирале воено, парично и со перо. Статистиката на крвопролевањето, дури и ако е преувеличана, е највпечатлив доказ за страшната римска одмазда над Евреите. На пример, во разурнувањето на Ерусалим, како што рековме, убиени се над еден милион Евреи, а во востанието на Бар Кохба околу 580.000, не сметајќи го безбројното мноштво кое умрело од глад и болест. „Цела Јудеја“, кажува цитираниот историчар, „изгледа како пустина.“

Укинат им е нивниот духовен совет, Синедрионот, со закон им е забрането нивното богослужение, и ставена им е забрана да празнуваат сабота. Воведен им е „државен данок“ од половина шекел, кој некогаш бил прилог за одржување на ерусалимскиот храм. Сега тој им е наметнат на Евреите како данок за одржување на римскиот многубожечки храм на Јупитера, со што е означен периодот на понижување на Евреите.

Од тие причини христијаните повеќе сакале да ги сметаат за многубошци отколку за Евреи, па затоа го прифатиле многубожечкиот „сончев ден“ како свој празник наместо саботата која била обележје на еврејството. Римскиот цар, Хадријан, издал едикт со кој се забранувало празнување на саботата. Овој едикт на царот влијаел врз римскиот бискуп кој наредил христијаните да се собираат на верски свечености во недела.

Набргу уследил Лаодикијскиот собор (околу 364 год.), и еве ги неговите препораки:

„Христијаните не треба да се поеврејчат и да безделничат во сабота, туку во тој ден треба да работат, но Господовиот ден (недела) треба посебно да го празнуваат, и бидеќи се христијани, ако е можно, не треба да работат во тој ден. Но ако се открие дека се поеврејчиле, тие ќе бидат отсечени од Христа.“6

Историчарот Јевсевие Поповиќ пишува: „Бидејќи христијанството веќе се ослободувало од јудејството (од страв да не биде изедначено со него), саботата престанувала да важи како празник, но како одличен седмичен ден таа сè уште се празнувала на Исток со одржување на јавно заедничко богослужение, што не било случај на Запад.“7

Таа омраза и тоа антиеврејско расположение во Римската империја ги зафатило и христијаните, што придонело под удар да падне и „Господовата сабота“, божем како „еврејска“ установа, која требало да се замени со друг ден. А со кој друг, ако не со неделата? Зошто? Затоа што илјадници многубошци го прифатиле христијанството, а за нив Тертулијан велеше дека „сонцето е наш бог … и ‘денот на сонцето’ за нас е ден на радост и празник … Со кое право вие ни префрлате за обожавањето на сонцето и за изборот на денот што му е посветен нему?“ Значи, за нив многу лесно било „денот на сонцето“ да го понесат со себе во христијанството и со него да ја заменат саботата.

Од друга страна, бидејќи многубошците на сонцето му служеле во недела, христијанските црковни поглавари, подготвени за компромис, можеле да видат дека, ако го префрлат денот за одмор од сабота на недела, ќе постигнат најмалку три цели, три олесненија: Прво, христијаните не ќе мораат веќе да бидат наметнувани со кожи од диви животни за да ги раскинуваат кучиња, не ќе ги парчосуваат лавови, нема да бидат ладнокрвно убивани и распнувани на крстови, мачкани со смола и запалувани како човечки факли да ги осветлуваат арените за гладијаторите, прогонувани, ограбувани, убивани…, не ќе мораат да се откажуваат од Христа и да му принесуваат жртва на императорот за да ја одбегнат смртта… Христијанството ќе стане државна религија и работите прекрасно ќе се одвиваат – барем така се чинело.

Второ, тоа ќе ги издели од Евреите кои многу Римјани ги мразеле и кои уште од почеток празнувале сабота, и трето, како што истакнавме, на многубошците ќе им биде многу полесно да дојдат во црквата ако и христијаните се собираат во недела како и многубожечкиот свет. Со тоа богатството и престижот на црквата ќе растат. Впрочем, на кого му е грижа ако во нешто треба да се измени Библијата за да се популаризира Црквата! Само воведи некои многубожечки обичаи и ритуали во христијанството, прекрсти ги истите со христијански имиња и многубошците ќе нагрвалат во црквата така што набргу тие ќе имаат доминантно влијание во неа.

И така, во име на популарноста и напредокот, водачите постепено ги спуштаат стандардите за да им се олесни на многубошците да ја наполнат црквата. Но тоа внело погрешни верувања и многубожечки обичаи во христијанството.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата за неделата како празник“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ИСТОРИЈАТА ЗА НЕДЕЛАТА КАКО ПРАЗНИК

Христијаните кои празнуваат недела своите „силни“ библиски докази за неделата како новозаветен христијански празник ги поткрепуваат и надополнуваат со исто толку „силни“ историски докази и аргументи. Со тој нераскинлив тандем од библиски и историски „докази“, нашите...

Историските патишта и факторите кои помогнале неделата да го узурпира местото на саботата

Прв фактор. - На појавувањето на неделата како празник во чест на Христовото воскресение најсилно влијаел култот на сонцето, таканаречениот „митраизам“, кој во првиот и вториот век бил доминантна религија во Римската империја. Митраистите имале исто така и посебни...

Неделниот закон на Константина и другите неделни закони

На 7 март 321 г. царот Константин Велики го издал првиот закон за празнување на неделата како ден за одмор. „Сите судии и народот по градовите нека не работат и сите дуќани нека бидат затворени во ‘чесниот ден на сонцето’ (dies solis). Сепак, земјоделците, кои...

Христијанството го асимилирало паганското божество на сонцето и го заменило со Христа како Сонце на правдата, а паганскиот „ден на сонцето“ го заменило со денот на Христовото воскресение

Не можејќи да се решат од паганскиот „сончев ден“, христијанските теолози решиле истиот да го асимилираат, да го похристијанизираат, да го приберат во пазувите на христијанството, да го прифатат и да му најдат место во христијанската наука. Тие во Библијата пронашле...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат