За проституцијата и за другите гадости во  Црквата

„Во деветтиот и десеттиот век многу папи биле на возраст од дваесет години, а повеќе од нив биле тинејџери. Некои опстанале дваесет дена, еден или три месеци. Шест од нив биле соборени од престолот, а многумина и убиени. Всушност, не е можно да се каже колку папи и антипапи (лажни папи) биле во овој период… Папите сакателе и биле сакатени, убивале и биле убивани. Нивните животи не личеле на евангелието… Кога еден папа одненадеж би исчезнал, луѓето се прашувале дали некој му го пресекол вратот и го фрлил во Тибар? Дали бил задавен во затвор? Дали преспал во јавна куќа? Дали му ги пресекле ушите и носот, како на Стефана VII кој, разбирливо, никогаш веќе не го покажл своето лице во јавноста? Или, дали побегнал, како Бенедикт V 964. година кој, откако обесчестил млада девојка, веднаш побегнал во Константинопол со сето богатство на базиликата св. Петар, само да се појави кога средствата исчечнале и предизвикал уште поголеми пустошења во Рим?

Побожниот црковен историчар, Герберт, Бенедикта го нарекол ‘најбеззаконит меѓу сите монструми на безбожноста’. Но неговиот суд бил прерано изречен. Овој папа конечно го заклал љубоморен маж. Неговиот леш, со стотици убоди од сабја, бил влечен низ улиците додека на крај не го фрлиле во клозетска јама… Историјата го уништува популарниот мит за Борџија како едно лошо јаболко на папството. Не долго по Карло Велики, повеќе од еден и пол век, цела група од папи биле гнили. Помалку биле ученици Христови отколку ученици на Велијара, принцот на темнината. Мнозина од нив биле развратници, убијци, прељубници, подбуцнувачи на војни, тирани, симонијаци кои биле подготвени да продадат сè што е свето. Речиси сите биле повеќе заплеткани во пари и во интриги отколку во религијата. Без сомнение, овие папи се водачи кои во историјата најмногу заслужуваат презир од сите, и од секуларните и од црковните. Искрено, тие биле варвари. Древниот Рим немал ништо што би можело да биде ривал во гнилоста.“66

За папата Јован XII, кој станал папа во 955 година, читаме: „Дури и за папа од тој период, тој бил толку лош, што граѓаните ја барале неговата крв. Тие тврделе дека тој  пронашол гревови кои се непознати од создавањето на светот – спиел дури и со својата мајка. Имал харем во латеранската палата. Се коцкал со даровите на поклониците. Имал штала со две илјади коњи кои ги хранел со бадеми и со смокви натопени во вино.  Своите придружнички, со кои ги поминувал ноќите уживајќи во нивната љубов, ги наградувал со златни пехари од базиликата св. Петар… Посебно жените биле предупредени да не влегуваат во св. Јован Латеран, ако ја ценат својата чест, зашто папата секогаш демнел.

Бил собран Синодот за да ги среди работите. Биле присутни шеснаесет кардинали, сите многубројни италијански бискупи и многу други од Германија. Бискупот од Кремон оставил прецизен запис од обвинението против папата… Тој ракоположил ѓакон во штала. Го наплатувал ракополагањето. Спиел со голем број жени, вклучувајќи ја старата љубов на својот татко и својата внука. Го ослепел својот духовен водич. Кастрирал кардинал, предизвикувајќи негова смрт. Сите обвиненија биле потврдени со заклетва… Потоа Ото на Јована му напишал писмо кое може да се вброи меѓу најљубезните писма на сите времиња. ‘Ваша светост, сето свештенство и сиот народ ве обвинуваат за убиство, за криви заклетви, за светогрдие, за инцест со вашите роднини, вклучувајќи ги и вашите две сестри, и дека како паганец сте ги призивале Јупитера, Венера и други демони…’ Ниту еден папа не завршил во толку незгодна позиција. Една ноќ, еден од мнгубројните љубоморни мажи, ја фатил неговата светост со неговата in flegrante delicto и му подарил последен ритуал – удар со чекан во тилот. Бил 24 години стар…

За Јован XIII читаме: Новиот папа правел дела на неверојатна свирепост. Според хрониките на Лутпранд (Liutprand), тој на своите нерпијатели им ги вадел очите и со меч убил половина популација…

Клемент VII ВИИ докажал дека бил создаден од папски материјал кога во 1377 година дејствувал како еден од папските легати во Цесна, на Јадранско Море. Локалното население приговарало што неговите продавачи ги силувале нивните жени и убиле некои од виновниците. По преговорите со градските службеници, тој ги убедил да го остават оружјето. Потоа пратил мешани англиски и бретонски трупи да ги убијат сите осум илјади жители, вклучувајќи ги и децата.“67

„Со векови свештенството главно било наследно. Мнозинството свештеници биле свештенички синови или синови на бискупи. Повеќе од еден папа бил нелегален син на претходниот папа во ‘целибат’. На пример, папата Hor­misdas (514-523) бил татко на папата Силверие (536-537), а на Сергие III (904-911) неговата омилена љубовница, Мароција, му го родила Јована XI (931-935)… Меѓу другите копилиња кои владееле со Црквата биле папите Бонифацие I (418-422), Геласие (492-496), Агипатие (535-536) и Теодор (642-649). Имало и други. Адријан IV (1154-1159) бил син на еден свештеник. Не е чудо што папата Пие II (1458-1464) рекол дека ‘Рим е единствен град што го водат копилиња’. Лично Пие признал дека бил татко барем на две нелегитимни деца, од различни жени, од кои едната била мажена. Правилото за целибат буквално создавало проститутки, претворајќи го Рим во ‘Мајка на блудниците’, како што преткажал апостол Јован.“68

За папата Јован XXIII читаме: „Обвинувањата против него биле намалени од 54 на 5. Во ‘Опаѓање и пад’, Гибон карактеристично забележал: ‘Најскандалозните обвинувања биле потиснати; Христовиот намесник бил обвинет само за пиратство, за убиство, за силување, за содомија и за инцест.’ Било добро познато дека, откако станал Христов намесник, Јован XXIII вежбал само во кревет… Набргу по Јована XXIII дошол Бенедикт VII, уште еден кој умрел фатен во чин на прељуба од рацете на разбеснет маж.“69

Алберик III ИИИ платил вистинско богатство за да го одржи континуитетот на папскиот престол. Кој може подобро да го пополни испразнетото место од неговиот син, Теофилактус? Раул Глабер (Raoul Glaber), монах од Cluni, известува дека при својот избор во октомври 1032 година, неговата светост, Бенедикт IX,, бил стар единаесет години… Чуден спектакл, момче кое уште не влегло ниту во тинејџерските години, со глас кој уште мутирал, бил главен законодавец и владетел на Католичката црква, повикан да носи тијара, да одржува главна миса во базиликата Свети Петар, да дава имоти, да одредува бискупи и да екскомуницира еретици! Подвизите на неговата светост со жените докажуваат дека мамчето-папа мошне рано навлегло во период на пубертет. Кога наполнил четиринаесет години, еден хроничар рекол дека ги надминал сите претходници по разузданоста и екстраваганцијата. Св. Петар Дамијан, фин судија на гревот, извикнал: ‘Тој бедник од почеток на својот понтификат, до крајот на својот живот, прославувал во неморал.’ Друг посматрач напишал: ‘Петровата столица ја зазел демон од пеколот во свештеничка облека’.“70

„Поради несогласување со императорот Фредерик II,, папата Иноќентие IV (1243-1254), морал да го напушти Рим… Иноќентие IV куријата ја одвел во Лион… Кога Фредерик II,,  умрел, Иноќентие можел да се врати во Рим. Во име на папата, кардиналот Хуго на луѓето во Лион им напишал писмо со благодарност. Документот, кој потекнува од 1250 година, е еден од најнеславните во папската историја. ‘За време на нашиот престој во вашиот град, ние (римската курија) љубезно ви бевме од полза. Кога дојдовме кај вас, одвај можевме да најдеме три-четири сестри на љубовта кои можеа да се купат, додека при нашето заминување, може да се каже дека ви оставивме јавна куќа која се протега од западната до источната врата.’“71

„Последната ноќ во октомври 1501 година се случил еден од најгротескните настани во папската историја. Го запишал Бурхард, личен соработник на четворица понтифи едноподруго, во дневникот кој случајно излегол на виделина. Синот на папата Александар VI, Цезар, ја повикал својата омилена сестра Лукреција и папата, единствен друг маж кој бил присутен на фестивалот наречен ‘Витешки турнир на курвите’. Педесет најфини дами на Рим танцувале во сè поскудна облека пред да се соблечат голи, играјќи околу масата на папата. Веројатно ги чуле гласиштата што кружеле во Рим дека папата повеќе ги сака оргиите отколку мисата.“72

За папата Иноќентие VIII читаме: „Неговиот намесник дошол и му рекол: ‘Ваша Светост, ние навистина треба да ги запреме свештениците да имаат жени.’ Како што е забележано, Иноќентие возвратил: ‘Губење време! Тоа е толку раширено  меѓу свештениците, дури и меѓу куријата, што тешко ќе најдеш и еден без конкубина.’ Кога се дознало ова, некој рекол: ‘Неговата Светост станува од кревет со курва да ја затвора и отвора вратата на чистилиштето и небото.’“73

Папата Бонифацие VIII „со еден удар погубил 6000 од спротивниот табор (од противкандидатите за папа). Исто така тој бил развратник кој како љубовници имал мажена жена и нејзината ќерка. Еднаш изјавил: ‘Да се води секс е исто како да се тријат рацете една со друга!’“73а

Историчарите сведочат дека во Црквата во средниот век, покрај симболичкиот блуд, кој се однесувал на прељубата (клањање и служба) со другите богови на искривените, нехристијански учења, имало и буквално курварство и таканаречена света проституција во полза на Црквата.

Во својата книга „Ходочасници“, англискиот историчар Норман Фостер, пишувајќи за т.н. простеништа и светилишта, каде што грешниците за добар паричен надомест добивале прошка за своите гревови, кажува дека „во 410 година Августин ги проколнал простеништата ‘како центри на разуздан разврат’ и ги набројал местата ‘во кои се одржуваат свечености на гробовите на мачениците на кои Црквата похотно се валка’.“74

Понатаму, истиот историчар кажува дека со текот на времето Рим станал „Вавилон на гревот“ и „блудница на Европа“, зашто Црквата држела јавни куќи за потребите на поклониците.75

Малку е познато дека папата Sikstus IV, чиешто име ја носи прочуената градба „Сикстинска капела“, „е прв папа кој основал т.н. ‘куќи на радоста’, односно јавни куќи во Рим, чиишто девојки за уживање му носеле приход од 30 илјади дукати годишно. Покрај јавните куќи, тој имал прилично голем приход и од данокот за свештеници кои живееле со своите љубовници. Друг извор на приходи биле привилегиите што ги уживале богатите кои им ‘дозволувале да утешат одредени мажени жени во отсуство на нивните мажи’.“76

Рим е наречен блудница (курва). Апостол Јован во Откровението во 17. глава кажува дека видел голема блудница „со која блудствуваа земните цареви“ (17,2), „како седи врз црвен ѕвер“ (17,3), „облечена во пурпурно и во црвено, и украсена со злато, со скапоцени камења и со бисери, и држеше во својата рака златна чаша полна со гнасотијата и нечистотијата од нејзиното блудство“ (17,4), блудница „пијана од крвта на светите и од крвта на Исусовите сведоци“ (17,6).

Дали Рим е наречен блудница само заради духовниот неморал? Не! Историчарот Henri Pirenne ја истакнува и другата страна:

„Да помислиме само каков впечаток морал да понесе верникот со себе напуштајќи го главниот град на христијанството во времето кога во него имало 6.800 блудници (1490 г.), и кога папите и кардиналите јавно ги истакнувале своите љубовници и ги признавале своите незаконити деца, збогатувајќи ги на сметка на Црквата.“77

„Било предвидено сè што можело да му затреба на поклоникот. Од подобрите бордели се истерани најлошите блудници, ‘лумпанари’. Мноштво нови девојки се доведени во ‘опатиите’, како што се нарекувале тие, од Црквата контролирани установи, да се грижат за истоштените поклоници и за нивните уморни нозе откако ги разгледале знаменитостите на градот Рим. Во 1552 година во Рим имало над 24 илјади блудници кои секој месец на папската курија ѝ плаќале износ сообразно со нивните примања.“78

Да го додадеме кон ова и тврдењето на историчарот K. Deschner:

„Откако постојат манастирите, во нив цутела хомосексуалноста. Калуѓерките на Запад отвориле постојана проституција… Уште од 9 век се повторува споредбата меѓу женските манастири и јавните куќи.“79

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата на традиционалната христијанска Црква е премногу грда, мрачна и мачна, страшна и гнасна!“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ИСТОРИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА Е ПРЕМНОГУ ГРДА, МРАЧНА И МАЧНА, СТРАШНА И ГНАСНА!

Напомена: Наша намера со овој, и со сите други наслови и поднаслови во книгава, не е некого да навредиме, а уште помалку да повредиме нечии чувства. Високо ги цениме и почитуваме и припадниците на традиционалната (Католичката и Православната) Црква и припадниците на...

Моќта на средновековното папство

Накусо за најмоќните папи на Католичката црква: Папата Гргур VII е еден од најсилните и најзначајни папи кој зазема доминантно место во историјата на папството. Зошто овој папа е толку голема фигура во Католичката црква? Токму затоа што тој е градител на...

Инквизицијата и нејзините стравотии

Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици и злоупотреби што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за...

Лов на вештици

Не се прогонувани само еретиците. Католичкиот историчар, Август, зборува и за лов на вештици: „Ловот на вештици и процесите против нив многу потешко ја оптоваруваат инквизицијата отколку прогонствата против кривоверците (еретиците). Тие масовни неурози и нивната...

„Посветен меч“

„Во 1568 година шпанскиот инквизиторски суд потврдил истребување на три милиони Холанѓани... Бидејќи војводата Алба веќе погубил многу илјади па, за да го охрабри за натамошни масакри, папата му праќа ‘посветен меч’, така што, меѓу бираните грозотии, во кои се давени...

Сегашната морална состојба на РКЦ

Во последно време светскиот печат и другите средства за јавна комуникација изнесоа на виделина потресни настани што се случувале во Католичката црква во поново време, настани од кои здивот ни застанува и костата на главата ни се дига. Беа документирани масовни случаи...

И историјата на Источната црква не е розова

Православието тврди дека никогаш во неговата средина немало прогонства против неговите неистомисленици, дека немало никаква инквизиција против никого! „Се знае дека Православната црква никогаш не користела тортура за еретиците, ниту некого го згромила во...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат