„Посветен меч“
„Во 1568 година шпанскиот инквизиторски суд потврдил истребување на три милиони Холанѓани… Бидејќи војводата Алба веќе погубил многу илјади па, за да го охрабри за натамошни масакри, папата му праќа ‘посветен меч’, така што, меѓу бираните грозотии, во кои се давени и ќерки во крвта на своите татковци, се ликвидирани цели градови сè до последно дете.“63
Малку повеќе за таканаречениот „посветен меч!“ Историчарот Велс зборува за проповедање на евангелието со помош на „посветениот меч“ на многу пошироко подрачје:
„Цела северозападна Европа, денешна Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Норвешка и Шведска, во 9 век биле поприште на сурови борби меѓу многубоштвото и новата вера (христијанска). Цели народи со силата на оружјето се натерани да го прифатат христијанството (покрстени се)… Карло Велики го проповедал евангелието со оган и меч.“64
Овие христијани заборавиле, или подобро кажано, тие никогаш и не чуле какви упатства дал Исус за проповедање на евангелието: „Одете и проповедајте дека се приближи Божјето царство… Не носете ни злато, ни сребро, ниту бакар во вашите појаси; ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата издршка. А кога ќе влезете во кој и да било град или село, распрашајте
кој е достоен и во него останете таму додека не заминете оттаму. Кога ќе влезете во домот, поздравете го. И ако навистина куќата е достојна, вашиот мир нека влезе во неа, а ако не е достојна, вашиот мир нека ви се врати вам.“ А што требало да сторат ако некаде не бидат примени? „А ако некој не ве прими, ниту ги послуша вашите зборови, кога ќе излегувате од таа куќа или од тој град, истресете го правот од вашите нозе… Ете, јас ве праќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и простодушни како гулаби“ (Матеј 10,7-13.14.16).
За жал, средновековните христијани (средновековната Црква), наместо правот од своите обувки, ја треселе крвта од своите мечеви, зашто влегувале не како овци меѓу волци, туку како крвожедни волци меѓу овци.
„Посветенит меч“ сечел и на Исток. „Сообразно со својата положба и зборувајќи во Божје име, папата Урбан, секому што ќе се оѕвие на повикот за поход против исламот, му ветил проштавање на сите гревови на земјата и целосно ослободување од сите казни за простените гревови. А тоа значи: за нив нема чистилиште, нема пекол, туку директно заминување во рај. Папата во Божје име ветил: ‘Со Божја милост и потпомогнати од светите апостоли Петар и Павле, ние решивме и тврдиме дека на сите христијани, на верниците кои ќе земат оружје во рака за борба против паганите и кои ќе тргнат во ова тешко поклонение, ќе им бидат простени сите казни што им ги изрекла Црквата за нивните гревови. И ако некој од нив таму загине во вистинско покајание, може да биде наполно сигурен дека ќе му бидат простени сите гревови и дека ќе може да ужива во плодовите на вечниот живот.“65
И така Црквата ги турнала народите на Европа и на Блискиот и Средниот Исток во долготрајни исцрпувачки крстоносни војни во кои илјадници христијани од цела Европа се упатиле кон Ерусалим, подготвени да ја докажат надмоќта на својата вера над исламот, пролевајќи безброј тони своја и туѓа крв, понесени од еуфоријата дека прават подвиг, извршуваат богоугодно дело – одат во поход да го ослободат Христовиот гроб.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата на традиционалната христијанска Црква е премногу грда, мрачна и мачна, страшна и гнасна!“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ИСТОРИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА Е ПРЕМНОГУ ГРДА, МРАЧНА И МАЧНА, СТРАШНА И ГНАСНА!
Напомена: Наша намера со овој, и со сите други наслови и поднаслови во книгава, не е некого да навредиме, а уште помалку да повредиме нечии чувства. Високо ги цениме и почитуваме и припадниците на традиционалната (Католичката и Православната) Црква и припадниците на...
Моќта на средновековното папство
Накусо за најмоќните папи на Католичката црква: Папата Гргур VII е еден од најсилните и најзначајни папи кој зазема доминантно место во историјата на папството. Зошто овој папа е толку голема фигура во Католичката црква? Токму затоа што тој е градител на...
Инквизицијата и нејзините стравотии
Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици и злоупотреби што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за...
Лов на вештици
Не се прогонувани само еретиците. Католичкиот историчар, Август, зборува и за лов на вештици: „Ловот на вештици и процесите против нив многу потешко ја оптоваруваат инквизицијата отколку прогонствата против кривоверците (еретиците). Тие масовни неурози и нивната...
За проституцијата и за другите гадости во Црквата
„Во деветтиот и десеттиот век многу папи биле на возраст од дваесет години, а повеќе од нив биле тинејџери. Некои опстанале дваесет дена, еден или три месеци. Шест од нив биле соборени од престолот, а многумина и убиени. Всушност, не е можно да се каже колку папи и...
Сегашната морална состојба на РКЦ
Во последно време светскиот печат и другите средства за јавна комуникација изнесоа на виделина потресни настани што се случувале во Католичката црква во поново време, настани од кои здивот ни застанува и костата на главата ни се дига. Беа документирани масовни случаи...
И историјата на Источната црква не е розова
Православието тврди дека никогаш во неговата средина немало прогонства против неговите неистомисленици, дека немало никаква инквизиција против никого! „Се знае дека Православната црква никогаш не користела тортура за еретиците, ниту некого го згромила во...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.