Инквизицијата и нејзините стравотии

Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици и злоупотреби што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за разлика меѓу телото и душата овозможила поделба на животот на два дела: viva activa i viva contemplativa или, со други зборови, поделба на световен и духовен живот. Оваа разлика создала верување дека христијанството мора првенствено да се занимава со спасението на душата, додека државата треба да биде одговорна за телото, за севкупните потреби на телото. Оттаму и идејата дека државата, а не Црквата, треба да го казнува телото, таа треба да подига гилотини и ломачи за телото на еретиците и таа (државата)  треба да ја пролева нивната крв, зашто Црквата е „светица“ која не пие крв. Со таа своја дихотомија, со тој свој пагански дуализам или поделба на човекот на смртно тело и бесмртна душа, Црквата ја создала најголемата и најуспешна лага и измама на сите времиња, лага за чистилиште и пекол, лага за свештенството и светците како посредници меѓу грешницте и Бога, лага со која своите верници ги држи во ропска покорност. Од таа лага произлегле и насјтрашните хорори во историјата на нашата планета Земја, стравотии и злосторства што ги извршила Црквата.

Инквизиција! Застрашувачки збор од кој сите се треселе! Збор кој внесувал страв во коските на луѓето и од кој крвта во жилите им се заледувала!

 

Дефиниција: Инквизиција (лат. inquisitio – барање, истрага; установа за истрага на кривоверие, за ерес; духовен суд за пронаоѓање и казнување на еретиците, отстапниците од вистинското учење на верата)

„Обидете се да замислите како одненадж, среде ноќ, ве апсат и ве водат на непозната локација, скриена од роднините и пријателите. Не ви се кажани обвинувањата подигнати против вас, ниту идентитетот на оние кои ве обвиниле, кои остануваат непознати и имуни на какво било испитување за да се открие дали ја кажале вистината. Независно од предметот на обвинувањето, без судење се прифаќа дека сте виновни. Единствено ‘судење’ ќе биде добро смислено мачење да произведе најсилна болка, кое продолжува сè додека не ја признаете таа неминовна ерес за која сте обвинети… Замислете ја болката од изместените зглобови, од искинатото и испржено месо, од внатрешните повреди, од скршените коски на справа за растегање и на други справи, кои докторите ќе ги вратат на нивното место за повторно да можат да се кршат со нови мачења. Конечно, ќе признаете што било, само мачењето да престане. Но, нема врска што ќе признаете, зашто тоа никогаш не се совпаѓа со тајното обвинување, така што мачењето продолжува сè додека на крај не издивнете од неизджливи трауми… Сетете се дека овој ужас, ова зло со такви пропорции, кое денес не може ниту да се замисли, со векови било вршено во име на Христа и под команда на оние кои тврделе дека се Христови викари (намесници).“8

„Инквизицијата била најстрашна машинерија на свирепоста и моќта којашто светот кога било ја запознал. Тогаш црквата ја воделе доминикански монаси, но во заднината и тогаш стоеле језуитите. Светата столица носела ужасен терор секаде каде што допрела нејзината моќ. Никој не бил сигурен. Римската црква од 1200-та година произвела 68 милиони жртви… Језуити – војска од свештеници потполно посветени на дисциплина и ред. Набргу тие станале најстрашна религиско ударна сила во историјата. Таа била специјална единица на Римската црква… Денес римокатоличката институција се обидува да ја измени историјата, односно она што е значајно за инквизицијата, за да ги прикрие своите недела. Книгите за тој предмет таинствено исчезнале од многу библиотеки. Тоа е најдобро криена тајна на модерното време. На час по црковна историја наставникот ни  прочита нешто што навистина се случувало за време на инквизицијата.

Како свештеници, еден ден ќе морате да одговарате на прашања за инквизицијата. На, овој час ќе разгледаме што всушност се случувало. Ќе ви прочитам запис за еден случај за да разберете дека Црквата имала авторитет да ги осуди еретиците и над нив да изврши смртна казна.

На 21 мај 1559 г. некои некатолици се собрале во една куќа и читале Библија. За тоа некој го известил Светиот уред за кој тоа било вистинско злосторство што се казнувало со смрт. Набргу стигнале инквизиторите:

‘Фатете ги еретиците! Стој! Во име на Светиот уред! Тие го обожаваат ѓаволот. Тоа е состанок на вештици.’

Меѓу уапсените била и млада жена од семејството на кралот. Нејзините пријатели преколнувале да ја пуштат. ‘Таа е Дона Изабела. Ве молам, ослободете ја. Таа е роднина на кралот Филип.’

‘Еретикот е еретик, независно дали е гроф, принц или крал!’ уследил одговор.

‘Смилувајте ѝ се. Таа е бремена. Ќе добие бебе.’

‘Бог нема да заштити  дете на еретик. Водете ја!’

Наводно, трибуналот и поротата стоеле на страна на Бога. Да не се согласуваш со нив, значи да му се противставуваш на Бога. А роднината на кралот, Изабела, не сакала да се откаже од својата вера:

‘Не, нема да се откажам. Како можам да се откажам од мојот Бог?’

‘Еретику! Дали ќе го повлечеш тоа што го кажа? Дали си готова да се покаеш?’ – викнал претседателот на Светиот уред.

‘Како можам да се откажам од Оној кој ми го дал животот? Како да се откажам од Оној кој е моја единствена надеж за вечност откако вие ќе го измасакрирате моето тело. Господине, јас нема да лажам откако ја дознав вистината.’

‘Смрт за вештицата! Таа лаже! … Кажи ни што е вистина? Признај, вештице! Што е вистина?’ – грмнале наеднаш повеќе гласови.

‘Сакате да ја знаете вистината? Се молам на Бога да ви помогне да ја запознаете. Бог рекол…’

‘Доста, еретику! Тоа го кажала дева Марија! Лажеш! Тоа го кажала нашата света мајка, небесната кралица! Убијте ја! Ставете ја на ломача!’

Дона Изабела ја врзале, главата ѝ ја фиксирале со железни шипки и во устата ѝ пуштале капка по капка вода, а со неа и остро ленено платно. Со водата таа морала присилно да го голта и острото платно сè додека тоа целосно не се вовлекло во нејзиниот желудник. Тогаш платното нагло го повлекле надвор, така што заедно со него ѝ истргале и сè друго, од желудникот до устата.

Но Изабела и натаму одбивала да се откаже од својата вера во Бога, за што морала да плати страшна цена.

‘Во слава на Бога, спалете ја! Валкан еретик, вештица!’ Потоа била спалена. Така Дона Изабела изгорела во плмен, заедно со своето неродено дете.

Нашиот предавач во школата ги оправдуваше ваквите постапки: ‘Да, така Бог ја заштитил нашата вера и ја спасил нашата црква.’

‘Да, оче, така Бог ја заштитил нашата вера и ја спасил нашата црква!’ – гласно потврдуваа учениците.“9

„Во тоа време е основан редот на језуитите – најсвиреп, најбезочен и најсилен бранител на папството. Раскинувајќи ги сите земни врски и човечки обѕири, мртви кон барањата на природните склоности, замолкнувајќи ги разумот и гласот на совеста, језуитите ги познавале само власта и правилата на својот ред, и единствена должност им била да ја зголемат неговата моќ… Во борбата против реформацијата… ниту едно злосторство не било толку болно за да не го извршат, ниту една измама толку подла за да не ја изведат, ниту една лага толку ниска за да не ја употребат… со цел да го уништат протестантизмот и да воспостават врховна власт на папството… Главно начело на редот било: ‘Целта го оправдува средството!’ Според тој закон – лагата, кражбата, кривоклетството и убиството од притајување не само што се проштавале, туку се препорачувале ако тоа служело во интерес на црквата.“10

Црковниот историчар William Shaw Kerr запишал: „Најужасна и најпотресна гадост од сè бил системот за мачење. Записите за неговото ладнокрвно дејствување прави да се згадиме над капацитетот за суровост кај човечките суштества. А сето тоа било одредено и регулирано од страна на папите кои тврделе дека го претставуваат Христа на Земјата. Внимателно се бележело не само што жртвата признавала, туку и нивните вресоци, повици, преколнувања и молби за милост. Она што најмногу возбудува во литературата за инквизицијата не се записите на жртвите за нивните страдања, туку трезните белешки на службениците на трибуналите. Ние сме огорчени и вчудовидени токму затоа што не постои намера да бидеме шокирани.“11

„Постоеле тајни еретици кои не се согласувале со Црквата. Тие по секоја цена требало да бидат пронајдени и уништени. Методите за нивно изнаоѓање ги разработила инквизицијата која, според мислењето на египетскиот автор Rollo Ahmed е ‘најнемилостива и најсвирепа институција која светот кога и да е ја познавал’ како институција која уништувала животи,  имоти, моралот и човечките права. Lord Acton,, католик, инквизицијата ја нарекува ‘убиствена’, и изјавува дека папите ‘биле не само убијци во голем стил, туку убиството го прогласиле за легална основа на христијанската Црква и услов за спасение’.“12

„Куќата во која ќе се најде еретик мора да се разурне, а имотот мора да се конфискува… Според Црната книга, детето мора да ги предаде своите родители, мајката мора да го предаде своето дете… Според средновековната инквизиција, и сведоците можеле да бидат мачени… Секој што би одбил да сведочи, се сметало дека има еретички наклоности. Постојат примери каде што се мачени цели семејства за да обвинате еден меѓу нив.“13

„Основна цел на Supreme или на ‘Светата служба’ била по пат на инквизицијата да ги контролира сите структури на општеството, во што, главно, успевала.“14

Католички историчар ги коментира настаните кои воделе кон потискување на шпанската инквизиција во 1809 г.: „Кога Наполеон ја освоил Шпанија во 1808 г., еден полски офицер во неговата армија, Colonel Lemanouski, известил дека доминиканците се забарикадирале во нивниот манастир во Мадрид. Кога трупите на Lemanouski влегле насила, инквизиторите ги побиле тврдењата дека постојат соби за мачење. Војниците го пребарале манастирот и ги нашле под патосот. Собите биле полни со затвореници – сите голи, а мнозина поместени од умот. Француските трупи, навикнати на свирепост и крв, не можеле да ја поднесат таа сцена. Ги испразниле собите за мачење, поставиле експлозив и манастирот го дигнале во воздух.“15

(The Jesuit Order):  „Јас………………………………., сега во присуство на Семоќниот Бог, на благословената девица Марија… ветувам и објавувам дека, кога ќе се укаже прилика, ќе водам… постојана војна, тајно или отворено, против сите еретици, протестанти и либерали, зашто ми е наложено да ги уништам и искоренам од лицето на целата Земја, дека нема да поштедам пол, старост, или состојба, дека ќе ги бесам, ќе ги фрлам, ќе ги варам, ќе ги дерам, ќе ги задавувам и живи ќе ги закопувам овие неславни еретици; ќе ги распорувам утробите на нивните жени и ќе ги здробам главите на нивните бебиња од ѕид, за да ја уништам засекогаш оваа гадна раса. Ако ова не може да биде сторено отворено, јас тајно ќе користам чаша со отров, јаже за давење, челично шило… Совршеното друштво има право на постоење… и во совршеното дрштво е призната моќта да се изврши смртна казна … Римокатоличката црква е совршено друштво и како такво таа има право да употреби средства за да ја зашити својата егзистенција.“16 Оваа језуитска заклетва се наоѓа во библиотеката на Конгресот на Соединетите Држави (The LIBRARY of CONGRESS Catalog Card Number 66-43354)

 

Методите на инквизицијата биле пеколни. „Сечела јазици, камшикувала пред олтари за време на миса, приковувала раце и нозе за ѕид во мрачни ќелии, на разни начини ги растегала телата на ‘еретиците’, ги распнувала на тркала под кои горел оган, им ги полнела стомаците со мочка од животни, постепено живи ги печела во шупливо железно теле, задушувала, задавувала, спалувала… – активности регулирани со закон во 1194 година, најпрво во Шпанија, потоа во Италија, па во Германија и Франција, и најпосле во Англија.

Во својата була Ad Extirpanda, папата Иноќентие IV сите некатолички христијани ги изедначил со разбојниците и ги задолжил владетелите ‘еретиците’ да ги погубат за пет дена. Доминиканците, ученици на Тома Аквински, официјален црковен филозоф и учител, кој и самиот енергично барал исфрлање на ‘луѓето-загадувачи’ од општеството, сега обучувале исклучително загари за лов на ‘еретици’ и половина милениум ја воделе инквизицијата.“ „Освен тоа, тие себеси се нарекувале Домини кани, што значи ‘загари Господови’, и на своите знамиња носеле лик на загари како растргнуваат еретици.“17

За време на инквизицијата постојано се измислувале начини на „еретиците“ да им се нанесат колку што е можно повеќе маки и болки. Една од најпознатите методи за мачење била употребата на справа за растегање, долга маса на која на обвинетиот му биле врзани рацете и нозете, а потоа бил растегнуван со помош на јаже и чекрек. На тој начин му се изместувани зглобовите, што му нанесувало ужасни болки.

„Железна девица“ била шуплива справа во вид на жена. Внатре биле поставени ножеви на таков начин и под таков агол што обвинетата жртва раскината паѓала во смртоносна прегратка. Таа справа за мачење ја прскале со „света вода“, а на неа на латински биле напишани зборовите: „Слава на единствениот Бог“.

Со клешти им корнеле нокти или на чувствителни делови на телото им ставале усвитено железо. Се користеле и валјаци со остри ножеви и шилци преку кои напред-назад ги валале еретиците. Постоела и справа за мачење, за стегање и изместување на прстите, и т.н. „шпанска чизма“ што ја користеле за дробење на нозете и стапалата. Еретиците ги положувале и врзувале на големо тркало и со тешки палки им ги кршеле коските. Посебно злогласна била шпанската инквизиција.

Откако жртвите ќе ги соблечеле голи, цврсто им ги врзувале рацете со јаже назад. На стапалата им прицврстувале тегови. Со помош на чекрек би ги одржувале во воздух или со нагли тргања би ги дигале и спуштале, изместувајќи им ги на тој начин деловите на телото… Во текот на тие измачувања свештениците со издигнати крстови се обидувале да ги наведат еретиците да се откажат од нивните верувања, од нивната ерес.

На некои, кои не го прифатиле учењето на Римската црква, во ушите и во устата им лееле растопено олово. На други им ваделе очи и свирепо ги камшикувале. Други биле присилувани да скокнат од стрмна карпа на долги забодени шилци, на кои бавно умирале во болни грчеви. Во Алпите и во Пиемонтските долини во северна Италија стотици илјади луѓе умреле поради својата вера со маченичка смрт.

Некои биле задушувани со делови од нивното сопствено тело или со моч и измет. Ноќе жртвите на инквизицијата биле врзувани со синџири за подот или за ѕидовите, во ладни простории, со малку неквалитетна храна и со малку вода, каде што станувале плен на стаорци и гадинки, кои населувале такви крвави соби за мачење. Остатоци од тие соби и денес можат да се посетат и видат.

„За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на папата Иноќентие (Невин) III, читаме: ‘Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги прогласи за еретици кои заслужуваат смрт.’“… „Кога францускиот крал одбил да ја води оваа крстоносна војна, Иноќентие III го поставил Arnalda-Amalrica,, (монах инквизитор) од Citeaux (град во Франција) за главен војсководител. За само четириесет дена службување се понудени посебни опросници, но и можност да се добие некоја вредна земја во Languedoc, во јужна Франција. Била собрана огромна војска од крстоносци – 20 илјади коњаници и десет пати повеќе пешадија. На сите учесници во крстоносната војна папата им ветил посебен вид опросници: за време на нивната смрт ќе го заобиколат чистилиштето и директно ќе заминат на небото во рај ако се вклучат во крстоносен поход против еретиците… Армијата марширала до Beziers утврден град во јужна Франција, каде што имало околу 200 познати ‘еретици’ и оклу 20 илјади католици. Во 1209 г., кога успеале да влезат во градот, Арналд на војската ѝ заповедал: ‘Убијте ги сите, Господ ќе се погрижи за своите!’ Луѓето кои се затвориле во катедралата и во црквите – сите биле убиени.  Напаѓачите, заносно пеејќи Veni Sancte Spiritus, не поштедиле никого, дури ни бебињата. Во својата книга The Inquisition in the Middle Ages, Lea рекол дека ‘тоа е беспримерен масакр во европската историја’. На крај градот е запален, така што сè што останало од Beziers, било куп урнатини кој чурел, со мртвите граѓани под  нив.“… „Арналд му напишал на својот претпоставен: ,Ваше Височество, независно од возраста и полот, 20 илјади граѓани се убиени со меч!’ Постојат извештаи дека вкупно 60 илјади луѓе биле заклани со меч. Крв течела низ улиците. Се смета дека во последното и најдиво прогонство под императорот Диоклецијан загинале околу две илјади христијани. А во првиот зол крстоносен поход на папата Иноќентие ИИИ III биле убиени десет пати повеќе луѓе. А не биле сите Албигензи. Шокантно е што папата со еден удар убил дест пати повеќе христијани отколку Диоклецијан. Иноќентие III бил длабоко трогнат од писмото на Арналда. Му заблагодарил на Бога за неговата голема милост. Никогаш не ја довел под прашање легитимноста на тоа што овој монах-инквизитор ги убил и ‘еретиците’ и католиците кои ги чувале. Се чинело дека е исправно да се одбрани Христовата вистина со методите кои воделе кон Христовото распнување.“18

Во 1211 г. во Лаваур, гувернерот е обесен на бесилка, а неговата жена била фрлена во бунар и затрупана со камења. Четиристотини луѓе од тој град живи се запалени. Следното утро крстоносците присуствувале на голема миса, а потоа продолжиле да ги заземаат другите градови во тој крај на Франција. Се претпоставува дека за време на таа опсада во еден ден загинале 100 илјади протестанти албигензи. Нивните тела се собрани на едно место и запалени.

При масакрот во Мериндол петстотини жени биле заклучени и запалени. Кога некоја би скокнала низ прозор, би била пречекана на шилци од копја. Над жените јавно се вршело насилство. Децата биле убивани пред своите беспомошни родители. Некои луѓе биле фрлани од стрмни карпи или разголени влечени низ улиците. Слични методи биле користени и во масакрот кај Оранж во 1562 г. Папата Пие IV пратил италијанска војска на која ѝ заповедал да ги убие сите мажи, жени и деца. Заповедта е извршена со ужасна свирепост. Луѓето биле изложени на измачувања што не можат да се опишат.

Друг податок за прогоните на албигензите: „Репресивните акции примиле геноциден карактер, уништувајќи стотици населби и истрбувајќи стотици илјади кривоверници.“19

Можеби најзлогласен и најкрвав масакр е оној што го извршиле католиците врз протестантите во Франција, кои се викале хугеноти, по наредба на тогашниот француски крал, Карло IX. По наговор од језуитите, колежот го организирала мајка му на кралот, Kata­rine de Medici, која имала силно влијание врз него. Погромот, познат како „Вартоломејска ноќ“, почнал на денот свети Вартоломеј, на 24 август 1572 г. и се раширил низ цела Франција. Во следните неколку месеци биле убиени околу 70 илјади хугеноти, а само во Париз десет илјади. Тогаш францускиот крал отишол на миса свечено да се заблагодари што во тој колеж во Париз уништил толку многу еретици. Таа вест папскиот двор ја примил со голема радост што се ослободил од протестантите во Франција, па папата Гргур XIII наредил во црквите во Рим да се пеат Te Deums (химни, слава на Бога), а самиот тој, на чело на огромна процесија, отишол во црквата „Свети Луј“ да му оддаде благодарност на Бога! Во знак на сеќавање на тој настан, на папската леарница ѝ наредил да излее медал. На едната страна од медалот е прикажан ангел уништувач, со меч во едната и со крст во другата рака; пред него бега престрашено мноштво хугеноти. На другата страна е прикажан неговиот лик. На медалот се наоѓаат зборовите Ugonottorum stranges 1572, што значат „Колежот на хугенотите 1572“. Исто така својот кардинал Урсини го пратил да ѝ пренесе честитики на мајка му на кралот на Франција, Catharine de Medi­ci. Првенствено низ тој масакр Франција е сочувана како римокатоличка земја, и останала таква, барем номинално, сè до денешен ден.20

„На Catharine de Medi­ci папата Пие V ѝ пишува многу јасно… Тој ѝ ветува небесна помош ако ги прогонува непријателите на римокатоличката религија ‘сè додека не бидат измасакрирани, зашто само со целосно истребување на еретиците римокатоличкото богослужение може да се обнови.’“21

Илустрација од Ridpath’s History of World го прикажува дејствувањето на инквизицијата во Холандија. Човек виси со главата надолу, а со стапалата во клада. Во оган се усвитува железо со кое ќе го горат и ќе му ги ослепат очите.Џон Фокс го опишува она што го доживувале протестантите во Германија: „Кога го зазеле протестантскиот град, генералите Tili i Papenhejm извршиле колеж на 20 илјади луѓе, независно од сталежот, полот и возраста, а 26 илјади нашле смрт при обидот да ја препливаат реката Елба. Преостанатите жители биле лишени од облеката, жестоко камшикувани, пресечени им се ушите и така препуштени на судбината… Вака изгледале злосторствата на  кралските трупи под заповедништво на грофот Тили во Саксонија… Ги задушувале и пак ги враќале при свест. Преку прстите на рацете и нозете поминувале со остри валјаци… Околу главата толку силно затегале канап, што од очите, од носот, од ушите и устата се леела крв… Во устата им ставале и палеле барут, со што главата на несреќниците им ја парчосувале… Протестантите биле врзувани за нозете и со главата, свртена над оган, се сушени на чад… Врзувани, давени, палени, пребивани, спалувани, распнувани, со отсечени јазици, носови, уши… Со пресечени делови од телото, касапени, врзувани за петиците и влечени низ градските улици.“22

„Сепак, според размерите на геноцидот, Триесетгодишната војна, водена во периодот меѓу 1618 и 1648, кога Германија и Чехословачка, а делумно и соседните држави, биле десеткувани и во толкава мера уништени, што бројот на убиени се мерел со десетина милиони христијани, римокатолици или протестанти. Човек просто се прашува, како тоа, за триесет крвави години, од ‘непогрешниот’ Рим да не одекне повик во духот на шестата Божја заповед: ‘Не убивај!’“23

„Доволно е да го споменеме протестантизмот кој со длабината на својот раскол речиси ја преполовил РКЦ (Римокатоличката црква), и неговите последици во вид на репресии кои ќе однесат десетици милиони човечки животи. Описите на одбрани трагични личности и настани неспоредливо посилно зборуваат отколку воопштениот осврт на милиони обични верници кои ги проголтала репресијата на РКЦ во Европа, да не го споменуваме искоренувањето на цели народи и цивилизации во Јужна и Северна Америка во текот на XVI, XVII и XVIII век.“24

„Само дваесет години пред Вартоломејската ноќ се појавила книга на чесен доминиканец, по име Bartolome de Las Kasasa (1484-1566), во која се изнесени извештаи за геоноцидни истребувања на цели јужноамерикански народи и племиња, на милионски маси Инки, Ацтеки, Маи, Гуарани и други народи кои во име на Христа ги покорувале шпански освојувачи по откривањето на ‘Индија’ – Јужна и Северна Америка – под плашт на христијанизација… Независно од тоа како ќе ја сфатиме, таа инквизиција во текот на XVI и XVII век, па и подоцна, по свирепоста и по нејзините геноцидни димензии ќе остане како најголем срам за Рим, за Римската курија и за римокатоличките владетели.“25

Зар Декалогот (Десетте Божји заповеди) дозволува геноцид? Зар тој не го исклучува геноцидот? Зар Декалогот дозволува мачење? Зар тој не го исклучува мачењето? Зар мачењата и убиствата имаат место и оправдание во Декалогот? Зар мачењата и убиствата не се незамисливи за христијанската религија? Зар една христијанска црква не би морала да го дигне гласот против секоја појава на нечовечно однесување, било да се работи за христијаните или за верниците на другите религии?

„Некои црковни историчари и римокатолички теолози на разни начини настојуваат да ги оправдаат мерките и постапките на инквизицијата. Да не било тоа, велат тие, денеска во Европа можеби би владеела некоја од поразените ереси од Средниот век… Од друга страна, се настојува да се минимизираат бруталноста и свирепоста, како преку бројот на жртвите, така и со ублажување на ‘технологиите’ на мачењето.“26

„Римокатоличките апологети со измама се обидуваат да ја разрешат својата црква од одговорноста за спалување на еретиците. Тие тврдат дека инквизицијата била дело на државата. Наспроти тоа, ‘задолжителната сила на законот против еретиците не се наоѓа во власта на световните принцови, туку во суверената доминација над животот и смртта на сите христијани – доминација која се наоѓа во рацете на папите како Божји претставници на земјата, како што тврди Иноќентие III’’.“27

„Почнувајќи од крајот на XII век, Црквата обилно го прогонувала ‘ересот’… Ако одбивале јавно да се откажат од сво-

ите учења, таа ‘еретиците’ ги исклучувала од својата верска заедница, а потоа, осудувајќи ја нивната душа на смрт, ѝ ги предавала на световната власт која преземала обврска да го уништи нивното тело, бидејќи Црквата е ‘светица’ која не пие крв. Оваа поделба на работата била извонредно сообразена со сфаќањето кое Црквата и државата ги поврзувало во сојуз, оставајќи ѝ го на секоја од нив нејзиното подрачје на дејствување: на Црквата светот на душата, а на државата царството на материјалните тела.“28

„Бидејќи христијанството имало моќ и било поврзано со државата, тоа станало тоталитарно и ги прогонувало сите што отстапиле од службеното учење. Со векови на највисоките места се верувало дека секој во христијанските земји, кој не се придржува кон вистината, нема право да живее… Затоа еретиците се сметани за непријатели на општото добро и, според тоа, се казнувани. Оттаму произлегла инквизицијата со својата мрачна оставина.“29

„Од осумдесет папи од 13 век во континуитет, ниту еден од нив не покажал несогласување со теологијата и со апаратот на инквизицијата. Напротив, секој од нив додавал свои сопствени свирепи додатоци кон активностите на оваа смртоносна машинерија… Дури и по Втората светска војна G. C. Coulton бил во состојба да каже дека инквизицијата е одговорна за ‘најраширени, најразработени и најконтинуирани варваризми забележани во целата цивилизирана историја.’“30

„Ниту еден бискуп во сите тие векови не го подигнал својот глас во протест против начинот како било пустошено неговото стадо. Тоа е додатен доказ дека бискупите во тоа време биле марионетки во рацете на светата столица.“31

Црковниот историчар, Филип Шаф: „Колку што знаеме, папата никогаш не изговорил ниту еден збор на протест против нехуманите мерки што се спроведени од страна на шпанскиот трибунал“32

„Токму папите биле авторитет кој стоел зад инквизицијата. Тие имале власт над животот и смртта дури на царевите. Каде читаме дека папите грмеле со анатеми против секуларните власти кои извршувале многу грозни смртни казни над своите жртви? Никаде и никогаш! Токму спротивно, римските понтифи, кои ја создале и управувале со инквизицијата, се заканувале со екскомуникација на секого кој би пропуштил да ја изврши одредбата на инквизиторот.“33

„Папата Лав X издал була Honestis во која ‘наредил екскомуникација на сите службеници и исклучување од сите религиски служби во која било заедница, кои би одбиле без испитување и ревизија да ги извршат пресудите на инквизиторите’.“34

„Папата Мартин В (1417-1431) во 1429 г. му заповедал на полскиот цар да ги истреби Хуситите (следбеници на маченикот Јан Хус), кои се бранеле и војската на папата ја натерале во бегство. Еве дел од тоа писмо на папата: ‘Знај дека интересите на светата столица и твојата круна се твоја должност да ги истребиш Хуситите… Додека уште има време, сврти ги своите сили против Бохемија; пали, масакрирај, насекаде создавај пустина, зашто ништо не би можело на Бога да му биде толку угодно, или толку корисно за царот, од истребувањето на Хуситите.’“35

Папата Клемент V му заповеда на кралот Едвард II, кој не го прифаќа мачењето на еретиците: „Слушаме дека го забрануваш мачењето како нешто спротивно на законите на твојата земја. Но, ниту една земја не може да го обори канонскиот (црковниот) закон, нашиот закон. Затоа ти заповедам веднаш да ги предадеш тие луѓе на мачење!“36

Некои од папите, кои денес од страна на Римската црква се прогласуваат за „големи“, живееле и дејствувале токму во тоа време. Зошто тие не ги отвориле вратите на темниците (затворите) и не ги изгасиле огновите на ломачите кои со векови го затемнувале небото над Европа? Ако продавањето на опросници, почитувањето на киповите како идоли и неморалниот живот на папите можат да се објаснат како „злоупотреба“ или да се оправдаат како чин спротивен на службените закони на црквата, што можеме да кажеме за инквизицијата? Иако понекогаш мачењето одело многу подалеку од она што било одобрено, останува фактот дека инквизицијата била воведена со папска одлука и долго постоела благодарение на подоцнежните папи. Може ли некој да верува дека тие постапки го застапувале Христа кој рекол да бидеме кротки, да им проштаваме на нашите непријатели и да им правиме добро на оние што нè мразат?

Никогаш ниту една протестантска држава не нападнала некоја католичка држава со цел со сила да ја покори и да ја престори во протестантска.

„Секој римокатолички бискуп за време на своето посветување полага заклетва на верност пред папата која ги содржи следните зборови: ‘Со сета сила ќе ги прогонувам и ќе се борам против сите еретици и расколници и против оние кои се бунат против нашиот господар (папа) и против сите негови наследници… Така Бог нека ми помогне и овие свети Божји евангелија.’“37

„ Antonio Gavin,, католички свештеник и очевидец на шпанската инквизиција, изјавил: ‘Римокатолиците веруваат дека постои чистилиште и дека душите таму страдаат повеќе отколку во пеколот. Но јас мислам дека инквизицијата е единствено чистилиште на земјата, а светите оци (свештениците/папите) се негови судии и извршители. Читателот може да добие страшна слика за варваризмот на тој трибунал од она што веќе го кажав, но сигурен сум дека никогаш нема да се дознае неговата вистинска реалност, зашто таа ја надминува сета моќ на нашите сфаќања.’“38

„Анонимен католик: ‘Подобро е да бидеш атеист, отколку да веруваш во богот на инквизицијата!’“39

„Мачењето прв го озаконил папата Иноќентие IV во својата прочуена була Ad extirpanda од 15 мај 1252 г.“40

Таа нечовечна Ad extirpanda е еден од документите во кои се давани наредби за такви прогонства. Според тој документ, еретиците треба да се „згазат како отровни змии“, со што е формално дозволена употреба на тортура. На цивилните власти им било наредувано еретиците да ги спалуваат. Булата Ad extirpanda останува темелен документ на инквизицијата. Подоцна тој документ е обновуван и засилуван од страна на неколку папи: Александар IV (1254-1261), Клемент IV (1265-1268), Никола IV (1288-1292), Бонифацие VII (1294- 1303) и други. Од страна на папите на цивилните власти, под закана на ексомуникација, им е наложено да изречат казни кои непопустливите еретици ги осудувале на ломача.

„Булата Ad extirpanda на Иноќентие IV за инквизицијата била дозвола да измачува. Од тогаш секоја непослушност, дури и во мислите, била казнива… Еретиците немаат право. Тие можат бескрупулозно да се мачат… Тие мора да бидат убиени… Принцип, според кој се раководеле (инквизиторите) бил: ‘Подобро е да умрат сто невини луѓе, отколку да биде ослободен еден еретик.’… Трибуналот се состоел од еден или два инквизитора, два или повеќе сведоци и помошници на инквизиторите… Инквизиторите, како и папата, не можеле да погрешат или да направат штета.“41

„Еретиците не само што можат да се екскомуницираат, туку е праведно и да се убијат.“42

„Прв генерал на шпанската инквизиција и најпознат меѓу големите инквизитори бил доминиканскиот кардинал Thomas Torquemada. Под негова управа инквизицијата во Шпанија доживеала свој врв. Избран во 1483 г., тирански владеел 15 години. Бројот на неговите жртви изнесувал повеќе од 114.000, од кои 10.220 се спалени. Многу други се осудени на доживотен затвор. Само во 1492 г. од Шпанија се протерани 170.000 Евреи. Арабјаните го прифаќале христијанството за да ги одбегнат прогоните и сигурната смрт… Инквизиторите никогаш не загубиле ниту еден случај. Не постои запис за ниту еден ослободен од обвинението. Во ретки случаи, кога обвинувањето не би било докажано, никој не би бил прогласен како невин.“43

„Папата Urban II (1088-1099), кој ја инспирирал првата крстоносна војна, издал декрет со кој сите еретици треба да бидат мачени и убиени. Тоа станало догма на Црквата. Радосно поздравен како ‘ангелски доктор’, св. Тома Аквински учел дека некатолиците, односно еретиците, откако вторпат ќе бидат советувани, можат легитимно да бидат убиени. Неговите точни зборови се: ‘Заслужиле да бидат исклучени од земјата со смрт!’“44

Прекарот „Крвава“ (Tudor)  на Марија ѝ го дала историјата поради нејзините крвави злосторства што ги извршила над протестантите кои ги прогонувала со сите средства. Таа дозволила да се спалат на ломача околу триста видни луѓе, протестанти. Најпознати меѓу нив биле Hugh Latimer, Nicholas Ridley, John Hooper, John Philpot, John Bradford i Thomas Cranmer,, сите следбеници на англискиот реформатор John Wycliffe.

„За време на владеењето на Филип II,, шпански сопруг на Марија Крвавата (Марија Тудор), се смета дека бројот на жртвите на инквизицијата за многу илјади го надминува бројот на сите христијани кои страдале под римските императори.“45

„Кога прогонството на христијаните од страна на Римјаните (римските имератори) во текот на првите три века по Христа ќе се спореди со прогонството на еретиците во Европа од 1227 до 1492 година, тогаш првото било еден благ и хуман процес. Задоволувајќи сè што се очекува од еден историчар, и што му е дозволено на еден христијанин, ние инквизицијата мораме да ја рангираме меѓу најтемните дамки во записот на човечкиот род, откривајќи суровост непозната на кој било ѕвер.“46

„Зар не знаат, прашал Иноќентие III,, дека без мене нема црква, нема Карпа, нема вера, нема спасение? Новите крстоносци би ги уживале сите привелегии што ги уживале витезовите кои оделе на Ерусалим. Иноќентие ги комбинирал религијата и војната. Убивајќи ги Валденжаните, им ветил, тие ќе добијат највисоко место на небото.“47

„Папата со заповед им забранил (на инквизиторите) да им укажат каква било милост на своите жртви. Кога станува збор за еретиците, сожалувањето било нехристијанско. Им било кажано дека неговата Светост ќе преземе која било кривица што би ја предизвикале пречекорувајќи ја границата на мачење не сакајќи. Како нацистичките SS трупи…, и инквизиторите биле во состојба со мир во душата да мачат и уништуваат, зашто нивниот надреден офицер, во овој случај папата, им гарантирал дека еретиците се валкани, болни и заразни непријатели од кои мораат да се ослободат по која било цена и со кои било средства.“48

„Тоталната анонимност на сведоците дејствувала убиствено врз обвинетиот, но и врз граѓаните, кои во тоа не гледале никаква рамноправност ниту правна заштита на осомничениот… Судовите на инквизицијата продолжувале во стариот стил, концентрирајќи во себе огромна моќ и власт, како реалност која, судејќи по сè, одговарала на ‘дворот и олтарот’. Тајноста на процесот и понатаму апсолутно доминирала. ‘Во Франција, како и во повеќето земји на Европа, сета криминална процедура, сè до пресудата, останувала дискретна’, кажува Мишел Фуко, ‘а тоа значи непристапна не само за јавноста, туку и за обвинетиот. Таа се спроведувала без него; што е уште полошо – тој не го познавал ниту обвинението, ниту својата вина, ниту доказите, ниту доставувачите на доказите.“49

„Папата Стефан VII бил наполно луд. Тој го откопал корзиканскиот претходник, папата Формозие (891-896), кој бил мртов повеќе од девет месеци. Тој случај подоцна станал познат како ‘кадаверски синод’ (синод кој им суди на мртовци). Смрдливиот леш на мртовецот Стефан го облекол во сите понтификалии, го поставил на престол во Латеран и почнал лично да го испитува. Формозие бил обвинет дека станал папа така што лажно се претставил; тој бил бискуп во друго место, и затоа не можел да биде избран за Рим. Според папата Стефан, тоа на сите негови дела им ја одзело канонската вредност, особено на ракополагањата. Во име на обвинетиот Формозие, пелтечејќи одговарал еден ѓакон-тинејџер. Откако бил прогласен за виновен, лешот е осуден како анти-папа, слечено е од него сè, освен кошулата која се лепела за осушеното тело, и без два прста, кои давале лажни апостолски благослови, бил фрлен во Тибар. Телото на Формозие, кое останало завиткано во кошулата, го извадиле луѓе што го почитувале и тивко го закопале. Подоцна е вратено во базиликата св. Петар. Набргу Стефан бил задавен.“50

„Демонска црта на трибуналот – им се судело дури и на мртвите! Шестиот општ црковен концил од 680 г. изјавил дека Црквата може да ги анатемиса еретиците живи и мртви. Како што е познато, папата Формозие два пати бил откопуван и екскомунициран, со што почнала нова мода: Инквизиторите ископувале лешеви на кои им суделе! Ако не можеле да го најдат лешот што го барале, нему би му суделе во вид на кукла. Откако била изречена пресудата над мртовецот, би направиле голема ломача на коските. На стотици мртовци им се судело на овој начин. Некои од нив умреле пред триесет или четириесет години. Еден бил во гроб седумдесет години… Тоа покажувало дека никој не треба да ја потцени подготвеноста на Црквата да ги прогонува еретиците сè до смрт, но, ако треба, и по смртта. Оваа практика на инквизиторите им овозможувала да се доберат до сиот имот на мртовецот. Кога лешот бил прогласен за виновен, неговиот поранешен имот би бил одземен. Неговите наследници го губеле наследството. Често се случувало еден беспрекорен католички син да утврди дека по post-mortem пресудата на неговиот татко, бил лишен не само од поседот, туку и од цивилните права. Бил среќен да му се поштеди животот, што било посебно дело на папската милост.“51

„Од 1200-та до 1500-та година долгата низа папски прописи за инквизицијата постојано растела во строгоста и свирепоста, и нивната целокупна политика во врска со ересот постои без прекин. Тоа е нескршлив конзистентен легислативен систем; секој папа ги потврдува и ги усовршува мерките на неговиот претходник. Сè е насочено кон една цел, кон комплетно искоренување на секоја разлика во верувањето… Само поради апсолутното диктаторство на папите и на идејата за нивна непогрешност во сите прашања на евангелскиот морал, христијанскиот свет ја прифатил инквизицијата која се противставувала на наједноставните принципи на христијанската правда и љубов кон ближините и која би била отфрлена со универзален ужас во древната (апостолска) Црква.“52

„По многубројни компарации и анализи, Бенасар заклучува дека судовите на инквизицијата дејствувале со застрашувачка тортура, и поставува ново прашање: Кои се вистинските причини поради кои Римокатоличката црква инсистира на толкава и таква моќ и власт?“53

„Еден од главните инквизитори, Јован  Петар Карафа (John Peter Carafa), подоцна папата Павле IV, на свој трошок веднаш купил и опремил куќа со справи за мачење кои биле вистинско уметничко дело. ‘Никој не смее да се унижи така што ќе ги толерира еретиците!’ Друга негова изјава била: ‘Кога и татко ми би бил еретик, јас лично би собрал дрва за да се спали.’“54

„За милениумската римска инквизиција точно се  знае дека е воспоставена со одлука на папата Павле III (1534-1549). Тоа било во 1542 година, со една цел – на секој можен начин да се спречи продирањето и ширењето на протестантизмот, кој сè повеќе го освојувал просторот на Централна Европа, со жариште во Германија, ширејќи се на сите страни: во Унгарија, Истра, Чехословачка, Скандинавските земји, Ломбардија во Италија, Франција, во денешните земји на Бенелукс, во Англија, а со тоа и  во Северна Америка.“55

Тома Аквински, официјален црковен филозоф и учител, и најголем римокатолички теолог не само на средниот век, туку еден од најголемите нејзини теолози и денес, зборувајќи за проблемот на еретиците, во име на Католичката црква дава нејзина званична изјава: „Ако властите без размислување ги осудуваат на смрт фалсификаторите на пари и другите престапници, уште повеќе тоа би требало да го прават со еретиците, штом ќе бидат прогласени дека се виновни за ерес. Тие не треба само да се исклучат од Црквата, туку и да се убијат.“56

Тома Аквински продолжува: „Не можете да побудите никаква побожност во нашите души жалејќи се поради записите за католичките злосторства… Ние никогаш не сме напишале ниту еден ред кој ја олеснува или ја ублажува инквизицијата. Ние никогаш не сме мислеле дека нејзе ѝ е потребна одбрана.“57

„Црквата прогонувала. Тоа не го знае само оној кој не е запознат со тоа. Ние секогаш сме го поддржувале прогонството на Хугенотите и Шпанската инквизиција… Секогаш кога Црквата смета дека е добро да се послужи со физичка сила, таа ќе ја употреби“58, заклучува Тома Аквински.

Да, токму така како што кажува библиското пророштво! Црквата употребувала и во иднина ќе употребува физичка сила. Таа прогонувала, и пак ќе прогонува. Таа убивала и пак ќе убива, и тоа во блиска иднина, со што ќе ја пречекори и последната црвена линија на Божјето трпение, кога Господ ќе стане да ѝ суди и да ѝ  плати за сите нејзини злосторства што ги сторила низ сите векови над милиони невини луѓе, кога Господ ќе ја окае над неа крвта, стотици илјади тони, на своите слуги.

Да, тоа го правела „апостолската“ Католичка црква на чело со својот поглавар, со „заменикот на Божјиот Син“, на кого апостол Петар „му ги предал“ „клучевите од небесното царство“ „да отвора и да затвора“, „да сврзува“ и „да разврзува“ на земјата како апсолутен и неприкосновен господар, Pontifex maksimus,  кој „заслужува“ апсолутна покорност од своите поданици, па дури и лично да се појавува како егзекутор и џелат (папата Клеменс IV – 1545), и да ги предводи своите армии во воени походи против „еретиците“ (папата Јулие II) за да го наметне својот облик на христијанство.

Божјата реч, „која е оган“, „чекан кој крши карпа“, „духовен меч“ „поостар од секој меч со две сечила“ (Еремија 23,29; Ефесците 6,17; Евреите 4,12) и евангелието, кои се духовни клучеви во рацете на секој грешник, кои го отвораат небесното царство, папството ги заменило со физички меч, со ломачи и гилотини, со кои и на кои пролеало илјадници тони невина човечка крв.

Тешко ни е да сфатиме како оние, кои тврдат дека се следбеници на Исуса, можат да мачат и да убиваат други христијани. Како можат да оправдуваат толку ужасни дела сторени во Христово име? Можеби тие оправдание за тоа наоѓаат во Јован 16,2: „Секој што ќе ве убие (како еретици), ќе мисли дека со тоа му служи на Бога.“

Теолошко оправдување за своите постапки инквизиторите наоѓале во сфаќањето на Августина темелено на стихот од Лука 14,23 каде што Исус во параболата за големата вечера вели: „Натерај ги да дојдат…“ Августин тоа го разбрал како: Натерај ги, ако доброволно не дојдат.

На јавните спалувања на „еретиците“, кои наликувале на театарски сцени, задолжително присуствувал многуброен џган:

„Се плаќале високи цени за местата на прозорците од каде што убаво се гледале ломачите, а на верниците кои носеле дрва за огнот им се гарантирало целосно проштавање на гревовите. Приредувани се раскошни спалувања, на кои, понекогаш масовно се убивани луѓе и пред повеќе од 200 илјади посетители. На нивната последна патека на главата им ставале лудачки шешир, им кинеле месо со усвитени клешти, понекогаш им ја сечеле десната рака и потоа пееле додека тие се задушувале и полека согорувале: ‘Те фалиме, велики Боже!’“59

На ломачи завршиле и големите реформатори Цвингли и Јан Хус:

„Откако бил избоден, Цвингли бил пресечен на четири дела и спален. Но, за да го обесчестат неговиот пепел, во огнот додале и свински измет, додека под ломачата на Јан Хус тајно е ставена изгниена маска за да му се покаже на народот како смрди ѓаволот.“60

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата на традиционалната христијанска Црква е премногу грда, мрачна и мачна, страшна и гнасна!“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ИСТОРИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА Е ПРЕМНОГУ ГРДА, МРАЧНА И МАЧНА, СТРАШНА И ГНАСНА!

Напомена: Наша намера со овој, и со сите други наслови и поднаслови во книгава, не е некого да навредиме, а уште помалку да повредиме нечии чувства. Високо ги цениме и почитуваме и припадниците на традиционалната (Католичката и Православната) Црква и припадниците на...

Моќта на средновековното папство

Накусо за најмоќните папи на Католичката црква: Папата Гргур VII е еден од најсилните и најзначајни папи кој зазема доминантно место во историјата на папството. Зошто овој папа е толку голема фигура во Католичката црква? Токму затоа што тој е градител на...

Лов на вештици

Не се прогонувани само еретиците. Католичкиот историчар, Август, зборува и за лов на вештици: „Ловот на вештици и процесите против нив многу потешко ја оптоваруваат инквизицијата отколку прогонствата против кривоверците (еретиците). Тие масовни неурози и нивната...

„Посветен меч“

„Во 1568 година шпанскиот инквизиторски суд потврдил истребување на три милиони Холанѓани... Бидејќи војводата Алба веќе погубил многу илјади па, за да го охрабри за натамошни масакри, папата му праќа ‘посветен меч’, така што, меѓу бираните грозотии, во кои се давени...

За проституцијата и за другите гадости во Црквата

„Во деветтиот и десеттиот век многу папи биле на возраст од дваесет години, а повеќе од нив биле тинејџери. Некои опстанале дваесет дена, еден или три месеци. Шест од нив биле соборени од престолот, а многумина и убиени. Всушност, не е можно да се каже колку папи и...

Сегашната морална состојба на РКЦ

Во последно време светскиот печат и другите средства за јавна комуникација изнесоа на виделина потресни настани што се случувале во Католичката црква во поново време, настани од кои здивот ни застанува и костата на главата ни се дига. Беа документирани масовни случаи...

И историјата на Источната црква не е розова

Православието тврди дека никогаш во неговата средина немало прогонства против неговите неистомисленици, дека немало никаква инквизиција против никого! „Се знае дека Православната црква никогаш не користела тортура за еретиците, ниту некого го згромила во...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат