И историјата на Источната црква не е розова

Православието тврди дека никогаш во неговата средина немало прогонства против неговите неистомисленици, дека немало никаква инквизиција против никого!

„Се знае дека Православната црква никогаш не користела тортура за еретиците, ниту некого го згромила во ‘,Вартоломејска ноќ’, ниту водела верски војни за истребување на своите неистомисленици. Се знае дека православните држави никого не го крштавале насилно, ниту го кочеле развојот на науката, ниту пак воделе крстоносни војни.“87

„Православието нема во себе оган на ‘света инквизиција.’“88

„Некои начини за заштита од сектантите не можат да се применат ниту се препорачуваат за нас православните; така, на пример, нам не ни е дозволена примена на инквизиција, насилно прекрштавање, верски прогони; сите овие активности нашата Црква никогаш не ги применувала, ниту пак тие се сообразни со божественото потекло на нашата Црква.“89

Да провериме и да видиме колку вистина има во претходните три посочени тврдења на денешното православие. Да видиме и да се увериме дали навистина во неговата средина немало прогонства и инквизиција.

Византијците биле познати по својата суровост. За нив било карактеристично ослепувањето. Од властољубие и славољубие, како и од свирепа алчност, христијани ваделе очи на христијани.

Со доаѓањето на власт на православната царица Ирина (797-802), која официјално го делела престолот со својот малолетен син, реставрацијата на култот на иконите фактички била решена. Таа била огнено приврзана кон иконите, а покрај тоа и властољубива, страстна, избувлива, сурова, свирепа, лицемерна, итра, неспоредливо вешта да замрси и да заплете интриги; задушувала повеќе бунтови и заговори во крв. По нејзин наговор и благодарение на нејзините сплетки, ослепен е војсководителот Алексие Мозел, потоа еден од цезарите, и на крај „наредила да го ослепат нејзиниот роден син, Константин VI,, и тоа во ‘порфирната сала’ во која и го родила пред 27 години. Со тоа таа ја постигнала својата цел: станала единствен господар на Византиското царство… За да ги зачува симпатиите на населението, царицата штедро давала финансиски олеснувања, не обѕрнувајќи се на државните потреби. Пред сè, овие привилегии им биле наменети на манастирите, чијашто благонаклоност била главна основа на популарноста на Ирина.“90

Значи, страста за престол Ирина ја одвлекла во злосторство. Но за нас е важно каков став имала Црквата кон оваа владетелка!

Францускиот историчар и византолог со светски глас, Шарл Дил, кажува: „На побожната православна владетелка, на царицата Ирина, Црквата ѝ опростила сè, па дури и нејзините злосторства.“91

По смртта на царот Теофил, на византискиот престол стапува царицата Теодора (842-856), која ги обожавала иконите. Царицата Теодора, која го повратила православието и која заради своите заслуги го добила епитетот „блажена“, решила да го искорени ересот кој во тоа време го ширело верското движење на павликијанците низ Византиската империја. Павликијанците биле радикални христијани кои посебно го почитувале апостол Павле и ревносно ги проучувале неговите посланија; биле непријателски расположени спрема сакраментите и спрема обожавањето на иконите кои за царицата Теодора биле идол број еден, бидејќи со нејзино залагање е извршена нивна реставрација, па затоа таа решила да расчисти со таа „секта“ која имала поинакви сфаќања.

Humbert, пратеник на папата Лав IX, сведочи дека еден огранок на павликијанците празнувал сабота.92 Кардиналот Hergenroether исто така тврди дека „павликијанците празнувале сабота и крштавале само возрасни лица.“93

„По заповед на Теодора, павликијанците биле повикани да бираат меѓу православната вера и смртта. Но, бидејќи тие не попуштиле, потоци крв потекле низ сите краишта на Мала Азија каде што живееле. Царските инквизитори, кои добиле налог да го скротат нивниот отпор, извршиле гнасни дела: погубиле повеќе од сто илјади павликијанци, изложувајќи ги на големи маки. Остатокот во очај се повлекол во планинските краишта на Ерменија, паѓајќи во прегратките на муслиманите.“94

Веќе беше кажано дека „од тогаш, за сеќавање на тој голем настан, и за спомен на блажената Теодора, секоја година, првата недела од постот, Грчката (православна) црква свечено го прославува воспоставувањето на иконите и уништувањето на своите непријатели. Таа тоа го прославува и денес со благодарност и побожност.“95

Екстремно болно – православието го слави внесувањето на иконите во Црквата, а едновремено и пролевањето на стотици тони невина крв на павликијанците кои одбивале да ги прифатат иконите?

Значи, историјата ја обременува Источната православна црква со тежок грев крвопролевање затоа што, покрај другото, стотина години водела огорчена борба додека не ги внела иконите во Црквата, убивајќи при тоа „повеќе од сто илјади павликијанци (христијани), изложувајќи ги на големи маки“, чијашто единствена вина спрема Црквата и државата била таа што му служеле на Бога според својата совест. Тоа е црно, но не и единствено петно што ѝ стои на совеста на православието.

Несфатливо е како можела Црквата славожедната и крвожедна Ирина, која задушувала бунтови и заговори во крв, ослепувала луѓе и ископала очи на свој роден син, да ја прогласи за светица, и неа, со крвави раце, да ја нарече „света Ирина“? Уште понесфатливо е како можела Црквата крвавата Теодора да ја прогласи за блажена и да ја нарече „блажена Теодора“, а пролеала стотици тони крв?

Господин Милин тврди дека параболата за богатиот човек и за сиромавиот Лазар во Лука 16. глава за рајот и пеколот, за разлика од другите Христови параболи, треба да се сфати не симболички, туку буквално, за што ќе зборуваме поопширно подоцна. Ако е така, тогаш Црквата Ирина и Теодора, па и Константина – првата светица, втората блажена и третиот светец – ги пратила во рајот, на почесно место во „крилото Аврамово“, а стотиците илјади „еретици“, што тие ги убиле и на кои очи им ископале, ги пратила отспротива, отаде „крилото Аврамово“ – во пеколот – каде што Ирина, Теодора и Константин од рајот вечно ги гледаат и уживаат и се насладуваат посматрајќи ги нивните пеколни маки и слушајќи ги нивните лелеци и пискоти!

Зар Црквата заради некакви заслуги за неа прогласува свети и блажени луѓе со крвави раце и им одредува почесно место во рајот? Секако, кога е во прашање интерес, и Црквата ќе ги затвори очите и ќе голтне нешто што и еден чесен атеист не би го голтнал. – Премногу мачно, бизарно и богохулно!

Светица – а ископала очи на роден син! „Блажена“ – со стотици тони крв на душа!

Во 10 век павликијанците ги среќаваме под името богомили кои станале против расипаноста на Рим и Визант, ги отфрлале сакраментите на Црквата и крштавањето на мали деца; не ја прифаќале догмата за претворање на лебот и виното во вистинско Христово тело и крв при вечерата Господова ниту почитувањето на иконите и светците, и не се поклонувале пред крстот ниту го целивале. Поради тоа државната Црква безмилосно ги прогонувала и уништувала. Особено жестоко било прогонството против богомилите во Цариград.

„Таа работа ја презеле во свои раце лично главите на двете власти: царот Алексеј и патријархот Никола. Веднаш до нив стоеле црковните и државните достоинственици. По истражната постапка следела казна против оние што цврсто стоеле на темелот на својата вера од која не сакале да се откажат. Црковните и државните закони на Византиското царство во тоа време барале ломача за старешините и доживотен затвор за обичните верници.“96

Во тоа време е спален на ломача водачот на богомилите во Бугарија, Василиј. Кога Алексеј слушнал за Василиј, го повикал кај себе на царскиот двор, преправајќи се дека се интересира за неговата наука и има желба да се преобрати. Тоа му дало повод на Василиј да го отвори своето срце и да го изнесе целокупниот систем на богомилското учење.

„Кога старецот ја изнел сета наука, царот, покажувајќи го своето вистинско лице, ја тргнал завесата и заповедал да се отвори вратата. Веднаш тука се нашле црковните отци, неговата телесна гарда и воениот и црковниот совет. Тогаш на престолот на царскиот град седел патријархот Никола. Прочитана е „безбожната и одвратна“ наука на Василиј. Василиј потврдил сè, додавајќи дека во одбрана на својата наука подготвен е да поднесе оган, камшик и безброј пати да умре.“97 Потоа царот седнал на престолот и изрекол над него смртна казна.

„Василиј бил одведен на градскиот хиподром каде што била подигната ломача. Тука биле доведени и голем број богомили врзани во синџири како најголеми злосторници да ја гледаат смртта на својот учител. Местото каде што требало да биде спален Василиј било опкружено со мноштво свет. Тука биле и царот Алексеј и патријархот Никола и други црковни и државни достоинственици. Пред хиподромот подигнале голем крст, и кога било подготвено сè, царот го повикал Василија да го целива крстот и да го спаси својот живот. Тогаш 90-годишниот старец одговорил: ‘Подготвен сум за моето учење да претрпам измачување, оган и илјадапати да умрам.’ Крвниците го соблекле и облеката му ја фрлиле во оган. Со света возбуда и со непоколеблива вера, Василиј се качил на ломачата од каде што уште еднаш ги погледнал своите следбеници врзани во синџири и, со длабока болка и грижа за нив, почнал да го пее 90-тиот псалм. Но набргу високиот пламен го опфатил стариот реформатор и го задушил неговиот глас. На истата таа ломача своето верување го запечатиле уште многу следбеници на овој прв маченик на Јужните Словени за слобода на верата и совеста.“98

Во почетокот на 13 век, за време на владеењето на бугарскиот цар Борис, пак настапило жестоко прогонство против богомилите. Науката на попот Богомил и на неговите ученици била осудена, а тој и учениците проколнати и ставени под прогонство и протерани во заточение.

За време на владеењето на царот Јован Александар, свикан е црковен собор во Трново (1360). На тој собор биле присутни сите црковни и државни достоинственици. Соборот ги осудил и ги проколнал богомилите; мнозина од нив биле погубени или протерани од земјата. Триесет години по трновскиот собор, Бугарија паднала под турска власт.

Од Бугарија, Грција и Македонија, богомилството се проширило во соседна Србија, каде што го прогонувал големиот жупан Стеван Немања (1168-1196), кој наредил да се испофаќаат богомилите и потоа свикал собор на кој присуствувал и рашкиот архијереј Јефтимие.

„Откако соборот утврдил дека во Србија е раширена богомилската вера, тој ја осудил и над неа изрекол казна: книгите на богомилите се спалени, а на водачот му е пресечен јазикот и е протеран во заточение. Некои од богомилите се осудени и спалени на ломача, а други протерани од Србија (во Босна), и на сите им е одземен имотот и разделен меѓу ‘правоверните’ (православните).“99

„Главните заслуги на Немања за православието се состојат од уништување на ересите. Урнек за својата антибогомилска политика Немања зел од тогашната византиска династија Комнина… Алексеј I (1081-1118) бил шампион на ортодоксијата. Неговата ќерка, Ана, се гордеела со таквата дејност на својот татко и за него барала титула ‘тринаесетти апостол’. Алексеј бил мошне побожен и лично влегувал во најподробни дискусии со павликијанците и богомилите, а оној што не би успеал да го преобрати во православието, го предавал на оган… И Немања своите богомили ги казнувал според византиските закони.“100

„Да си спомнеме за историјата кога Стеван Немања подигнал дури и војска да го заштити православието, а со тоа и црковното и државното единство, а тоа време е борба со сектантите (богомили).“101

Други подробности за инквизицијата што ја спроведувала Источната црква врз павликијанците и богомилите на нејзините простори беа изнесени порано во поднасловот „Вистината за православните вселенски собори“.

Овде само уште еден краток инсерт за инквизицијата на Православната црква од подоцнежниот период што беше изнесен порано: „Во Русија се појавиле луѓе кои празнувале сабота наместо недела. Поради тоа, во 1503 година Руската црква организирала собор и ги повикала на судење најпознатите празнувачи на саботата и ги осудила на спалување. Дел од извештајот од тој собор и од судењето на празнувачите на саботата гласи: ‘Празнувачите на саботата биле изведени и обвинети. Тие јавно го бранеле своето ново верување и го објаснувале. Најпрочуени меѓу нив биле државниот секретар Курцин, архимандритот на манастирот Новогород, Касијан, потоа Иван Максимов и други. Осудени се да бидат јавно спалени во кафези во Москва!“102 – „Осудени се да бидат јавно спалени во кафези во Москва!“ – Во кафези се чуваат животни, не луѓе!

Според тоа, кој може да каже дека Источната црква била поштедена од инквизицијата која длабоко го потресла светот, да каже дека таа ѝ припаѓа само на Западната црква? Инквизиција со наполно еднаква свирепост и бруталност имало и во Источната и во Западната „христијанска Христова црква“. Инквизиција немало во апостолската Христова црква. Според тоа, и едната и другата Црква се неколку века далеку од неа.

 

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Историјата на традиционалната христијанска Црква е премногу грда, мрачна и мачна, страшна и гнасна!“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ИСТОРИЈАТА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА Е ПРЕМНОГУ ГРДА, МРАЧНА И МАЧНА, СТРАШНА И ГНАСНА!

Напомена: Наша намера со овој, и со сите други наслови и поднаслови во книгава, не е некого да навредиме, а уште помалку да повредиме нечии чувства. Високо ги цениме и почитуваме и припадниците на традиционалната (Католичката и Православната) Црква и припадниците на...

Моќта на средновековното папство

Накусо за најмоќните папи на Католичката црква: Папата Гргур VII е еден од најсилните и најзначајни папи кој зазема доминантно место во историјата на папството. Зошто овој папа е толку голема фигура во Католичката црква? Токму затоа што тој е градител на...

Инквизицијата и нејзините стравотии

Не е можно да се проценат севкупните негативни и страшни последици и злоупотреби што произлегле од дуализмот на телото и душата. Од поделбата на човекот на смртно тело и бесмртна душа се изродиле секакви лажни дихотомии во човековиот живот. Таа погрешна теологија за...

Лов на вештици

Не се прогонувани само еретиците. Католичкиот историчар, Август, зборува и за лов на вештици: „Ловот на вештици и процесите против нив многу потешко ја оптоваруваат инквизицијата отколку прогонствата против кривоверците (еретиците). Тие масовни неурози и нивната...

„Посветен меч“

„Во 1568 година шпанскиот инквизиторски суд потврдил истребување на три милиони Холанѓани... Бидејќи војводата Алба веќе погубил многу илјади па, за да го охрабри за натамошни масакри, папата му праќа ‘посветен меч’, така што, меѓу бираните грозотии, во кои се давени...

За проституцијата и за другите гадости во Црквата

„Во деветтиот и десеттиот век многу папи биле на возраст од дваесет години, а повеќе од нив биле тинејџери. Некои опстанале дваесет дена, еден или три месеци. Шест од нив биле соборени од престолот, а многумина и убиени. Всушност, не е можно да се каже колку папи и...

Сегашната морална состојба на РКЦ

Во последно време светскиот печат и другите средства за јавна комуникација изнесоа на виделина потресни настани што се случувале во Католичката црква во поново време, настани од кои здивот ни застанува и костата на главата ни се дига. Беа документирани масовни случаи...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат