Наместо „менуха“, фарисеите од саботата создале неподнослив товар што Христос го отстранил

Христос често доаѓал во судир со фарисеите и околу саботата затоа што Евреите, од сите Божји заповеди, оваа заповед најмногу ја искривоколчиле и обремениле со многубројни свои, човечки правила и прописи, така што од неа, наместо ден на радост, мир и спокојство, како што предвидел Бог на почетокот, наместо „менуха“, создале неподнослив товар и на еврејскиот народ му наметнале тежок јарем на врат.

За да имаме појасна претстава за суштината на судирот што го имал Христос со фарисеите околу саботата, ќе наведеме дел од ограничувањата и правилата со кои тие толку многу ги стесниле рамките на саботниот ден, што луѓето одвај можеле да дишат. Цитатите за тој баласт од правила со кој била обременета саботата ги земаме од книгата „Шабат – Дан вечности“1, од познатиот рабин Арие Каплан, голем научник и автор на педесетина книги од областа на јудаизмот и плоден преведувач, кој ја превел и Тора на англиски јазик.

Врз основа на Талмудот, сите ограничувања, правила и забранета работа во сабота, кои биле предмет на спор во времето на Христа, еврејските рабини ги наредиле во 39 категории. Сообразени со денешниот начин на живеење, од нив цитираме само мал дел.

„Во сабота не смее ништо да се изнесе од дома. Кога човек ја напушта својата куќа, дозволено му е да ја изнесе само облеката што ја има на себе… Оваа категорија целосно забранува секое носење на улица. Дури и толку безначајните ситници, како што се клуч или марамче, мора да се остават дома. Секако, не смеат да се носат ниту џепни книги, ниту паричници и приврзоци за клучеви. Единствено што е дозволено да се изнесе надвор се само работите што се на вас… Синедрионот (духовен совет или суд за верски прашања) пропишал категории што ги викаме mukce, односно предмети што не смеат да се држат во рака во сабота како, на пример, моливи, цвеќе и пари.“

Во светлината на овие фарисејски прописи треба да ја сфатиме Христовата заповед што му ја дал на болниот во бањата Витезда кого го излекувал во сабота: „Стани, земи си ја рогозината и оди си“ (Јован 5,8). Очигледно е дека Христос овде ги отфрла непотребните фарисејски гледишта, сфаќања и прописи за носење на товар во сабота, па и таков каков што е обична рогозина. Но за Христа рогозината не е товар од типот на комерцијалните товари во Немија 13,15-19 што ги внесувале трговците во сабота во Ерусалим и од типот на бремињата во Еремија 17,21.22. – текстови на кои противниците на саботата радо се повикуваат за да докажат дека, кога Христос му наредил на излекуваниот болен да ја понесе својата постелка дома, ја укинал саботата.

Арие Каплан продолжува: „Забрането е да се пали оган во сабота или да се предизвика нешто да гори. Дури и да се фрли чепкалка во оган во сабота се смета за кршење на саботата… Са забранува палење на кибрит или вклучување на шпорет и да се пуши…. Се забранува да се вози кола во сабота… Секоја употреба на струја го нарушува духот на саботата… Струјата во сабота има ист статус како и огнот. Во секој случај, пракса кај сите Евреи, кои празнуваат сабота, е да не вклучуваат и исклучуваат електрични апарати и да гасат светла. Не користат и телефон кој работи на струја.“

Нашите браќа христијани, кои празнуваат недела, нас нè обвинуваат дека саботата не ја празнуваме строго според прописите на Стариот завет затоа што е напишано: „Во саботен ден не палете ни оган во своите живеалишта“ (2. Мојсеева 35,3), а вие, велат тие, во сабота палите оган.

Христос ќе ни помогне оваа заповед правилно да ја сфатиме, односно, да не ја разбереме погрешно. Имено, Христос лекувал многу болни и во сабота, чијшто случај, искрено кажано, можел да почека за некој друг ден. Таков бил случајот во бањата Витезда каде што болниот полни 38 години се обидувал и копнеел да се добере до здравје, но не успеал. Христос го исцелил во сабота, а можел во некој друг ден. Или случајот со жената 18 години обземена од лош дух што ја исцелил во сабота и поради тоа бил изложен на остра критика, зашто фарисеите забранувале и лекување во сабота. Но Исус рекол: „Лицемери, дали секој од вас не го одврзува својот вол или магаре од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? А оваа жена, Аврамова ќерка, која сатаната ја врза веќе осумнаесет години, не требаше ли да биде ослободена од таа врска во саботен ден?“ (Лука 13,10-17).

Замислете, болен 38 или болна 18 години и им се укажува последна животна шанса Исус да ги исцели, зашто Тој никогаш нема веќе да се врати во тој крај, а не смее да ги исцели затоа што е сабота! Каков ден би била саботата за нив? Црн ден, горчлив ден, чемер и гламна, омразен ден, вистинско проклетство, неподнослив товар и јарем, зар не!? Но Бог рекол поинаку за саботниот ден. Тој и за болните треба да биде ден на мир и спокојство, со радост очекуван и посакуван, вистинска „менуха“. Таа сабота за овие двајца болни била токму таква сабота, најсреќниот ден во нивниот живот, зашто Христос ги ослободил од стегите на нивната долгогодишна тешка болест што го оковала и нивниот дух и им го гламносувала животот.

Затоа, кога фарисеите го обвинувале дека ја прекршува саботата затоа што лекува во сабота, Тој рекол: „Ве прашувам: што е дозволено да се прави во сабота, добро или зло? Да се спаси живот или да се погуби?“, и додава: „Дозволено е да се прави добро во сабота“ (Лука 6,9; Матеј 12,12).

Значи, ние мораме да се трудиме во сабота да „правиме добро“ и во зима да палиме оган во сабота за да го „спасиме животот“. Ако Христос лекувал болни во сабота, Тој во зимски услови на болните би им запалил и оган за да се стоплат, оган без кој луѓето не можат да го одржат животот во пределите каде што е студено. Со тоа Христос не ја укинал саботата, туку ни дал пример како да ја празнуваме.

Кога Христос згазнал на фарисејските правила со кои ја обремениле саботата, особено кога ги отфрлил нивните прописи со кои му забранувале во сабота да лекува и кога во сабота го излекувал болниот во бањата Витезда кој 38 години го носел тешкото бреме на болеста и му рекол да си ја земе својата рогозина и да си оди, Евреите сковале заговор да го убијат. „Затоа Евреите го прогонуваа Исуса бидејќи тоа го стори во сабота… Затоа Евреите уште повеќе настојуваа да го убијат не само затоа што го прекршуваше саботниот ден, туку и затоа што Бога го нарекуваше свој Отец, изедначувајќи се со Бога“ (Јован 5,16.18).

Дали Јован овде ни изнесува свој став, или пак ни го пренесува ставот на Евреите? Кој кажува дека Исус „го прекршуваше саботниот ден“, Јован или Евреите? Евреите кажуваат така, не Јован. Втора причина заради која Евреите сакаа да го убијат Христа: „Бога го нарекуваше свој Отец, изедначувајќи се со Бога“. Кој ги кажува овие зборови, Евреите или Јован? Евреите кажуваат така, не Јован.

Ист е случајот и со човекот слеп од раѓање кого Исус го исцелил во сабота: „И кога заминуваше, виде човек, слеп од раѓање. А учениците го прашаа: ëУчителе, кој згреши, тој или неговите родители, та се роди сеп?’ Исус одговори: ëНе згреши ни тој ниту неговите родители, туку да се пројават Божјите дела врз него’… Штом го рече тоа, плукна наземи, направи кал со плунката и со неа ги намачка неговите очи, па му рече: ëОди, измиј се во бањата Силоам’ (што значи Пратен). Тој отиде, се изми и дојде гледајќи… А беше сабота кога Исус направи кал и му ги отвори очите… Тогаш кажаа некои од фарисеите: ‘Овој човек не е од Бога, зашто не празнува сабота’“ (Јован 9 глава).

Кој кажува дека Исус не празнувал сабота, дека ја прекршувал саботата? Фарисеите кажуваат така, не апостол Јован! И денешните фарисеи тврдат дека Исус не празнувал сабота, дека ја кршел саботата. Библијата не кажува така.

Фарисеите прават план да го убијат Христа затоа што во сабота му рекол на исцелениот болен да ја понесе својата  постелка, што му подарил вид на слеп човек од раѓање и што во сабота исцелил други болни кои долги години боледувале од тешки болести!

Да му дадеме можност на Арие Каплан да се доискаже во врска со фарисејските правила и прописи со кои ја обремениле саботата. „Во сабота е забрането дури и кинење на тоалетна хартија. Затоа побожните Евреи користат тоалетна хартија во листови… Во сабота не смеат да се ставаат врвки во чевли, но можат да се врзат чевли. Ако нечии врвки на чевли случајно се замрсат, можат да се одмрсат… Забрането е да се навива или да се дотерува саат… Се забрануваат сите облици на пишување и цртање, и секоја дејност која бара земање на пишани белешки… Во сабота можете да скинете пакет за да земете храна од него, но при тоа не смеат да се скинат буквите што се напишани на пакетот… Не смее да се залепи поштенска марка на плик… Може нешто да се прицврсти со безопасна игла, зашто тоа прицврстување е привремено… Не смее да се врзе постојан јазол на вратоврска, а пеперушка може… Во сабота не смеат да се полеваат билки… Не смее да се плукне на земја за да не се наводени блиската трева и да расте… Во сабота не смее да се помине повеќе од 900 метри… Човек не смее да се гледа на огледало прицврстено на ѕид… Во сабота не смее да се пали свеќа… Во сабота не смее да се носи марамче ако тоа со еден свој дел не е зашиено со облеката… Забрането е да се става цвеќе во вода или да му се менува вода… Забрането е да се скине цвет или овошка од дрво во сабота… Не смее во рака да се држи цвет или билка кои растат… Овошка што ќе падне од дрво во сабота не смее да се користи во тој ден… Ако некој јаде бобинки, не смее прво да ги издели лошите пред да почне да ги јаде добрите бобинки. Меѓутоа, може прво да ги изеде добрите, а да ги остави лошите…. Се забранува да се вадат коски од риба во сабота… Се забранува да се отвора чадор во сабота… Забрането е да се чешла коса во сабота, зашто при тоа се корне коса. Меѓутоа, дозволено е да се употребуваат меки четки… Забрането е да се убиваат муви и комарци во сабота.“ Затоа фарисеите ја цеделе водата пред да ја пијат за случајно да не испијат некој удавен комарец во неа, но, од друга страна, голтале цели камили.

Уште ова фарисејско правило: „Таму каде што навистина е загрозен животот, дозволено е да се газат сите прописи на саботата. Нашите мудреци нè учат дека е подобро човек да прекрши еден ‘шабат’ (една сабота) и да остане жив, за да може да држи (да почитува) други „шабати“ (други саботи).“

Навистина чудно и несфатливо! Фарисеите вредноста на саботата ја поставиле над вредноста на човекот и за нив таа станала идол, господар на кој луѓето му робувале. Постоеле околу шестотини прописи (halakah), човечки правила, за саботниот ден, и обичните луѓе постојано живееле под притисок и страв да не погазат некое од тие многубројни правила и прописи (слични на оние за кои ни зборуваше рабинот Арие Каплан) со кои фарисеите ја обремениле и од неа навистина создале неподнослив товар и бреме, инструмент кој заробувал.

Христос се судрува со фарисеите и им вели: Не така со саботата! Вие не сте господари на саботата па да правите со неа што сакате. Јас – „Синот човечки е господар на саботата!“ Таа е „мој свет ден“, не е ваш, не е еврејски ден; саботата му припаѓа на целото човештво, како и „Синот човечки“ што му припаѓа на целото човештво; и затоа, трегнете ги од неа сите ваши правила, ослободете ја од сите ваши стеги и прописи со кои сте ја обремениле. Дозволете им на луѓето слободно да дишат во сабота, зашто вредноста на човекот е поголема од нејзината вредност. „Саботата е создадена заради човекот, а не човекот заради саботата“ (Марко 2,27.28). Таа треба да му служи на човекот, а не човекот да ѝ робува нејзе. Јас сум ја создал саботата на човекот да му биде „менуха“, а не неподнослив товар.

Да заклучиме. Еврејските учители, теолози, рабини, Божјата сабота ја рабинизирале, ја јудаизирале, ја поеврејчиле и од Божја, ја претвориле во еврејска сабота со еврејски димензии. Христос ја дерабинизирал, ја дејудаизирал, ја одеврејчил, ја хуманизирал и повторно ѝ го вратил нејзиниот првобитен рајски статус со рајски атрибути и прерогативи.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос и саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ХРИСТОС И САБОТАТА

  Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос и саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...

Христос празнувал сабота не како Евреин, туку како „Син човечки“

Во сите расправии што ги имал Христос со фарисеите околу саботата во евангелијата никаде не се спомнува прашањето за законитоста на саботата, наспроти сите несогласија за начинот на нејзиното празнување. Наместо тоа, секогаш се поставувало прашање на кој начин треба...

Апостолите и саботата

Во книгата „Делата на апостолите“, што ја напишал Лука  четириесетина години по Христовото заминување на небото, се среќаваме со два народа со две различни религии: Евреите, кои празнуваат сабота, и Грците кои, како паганци и многубошци, празнуваат недела, посветена...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат