Апостолите и саботата
Во книгата „Делата на апостолите“, што ја напишал Лука четириесетина години по Христовото заминување на небото, се среќаваме со два народа со две различни религии: Евреите, кои празнуваат сабота, и Грците кои, како паганци и многубошци, празнуваат недела, посветена на сонцето како бог или на божеството на сонцето. Евреите се собирале во своите цркви (синагоги) на богослужение во сабота и во сабота го славеле Бога, а Грците се собирале во своите храмови во недела и во недела го обожавале сонцето. Ако саботата беше заменета со недела, како што тврдат нашите браќа христијани кои празнуваат недела, тогаш ние апостол Павле и неговите соработници ќе ги видовме на богослужение во грчките храмови во недела, ќе ги видовме како на Грците им го проповедаат евангелието во нивните храмови во недела. Но не! И на Евреите и на Грците, заедно, апостол Павле евангелието им го проповеда во сабота. Во книгата Делата на апостолите Лука бележи дури 85 саботни богослуженија, а само еден стих за „првиот ден“ кој зборува за средбата на Павле со верниците во Троја, но, како што видовме, и тој стих не ја поддржува светоста на првиот ден, односно светоста на неделата.
Да го анализираме следниот текст: „Потоа Павле тргна од Атина и дојде во Коринт… А секоја сабота водеше расправа во синагогата и ги убедуваше Евреите и Грците… И така преседе година и шест месеци поучувајќи ги на Божјата реч“ (Дела 18,1.4.11).
Апостол Павле една и пол година поминал во Коринт, проповедајќи го евангелието во тој град. Текстот кажува дека Павле „секоја сабота водеше расправа во синагогата“. „Секоја сабота!?“ Да, „секоја сабота“, една „година и шест месеци“, или вкупно 78 саботи тој во Коринт водел расправа, односно го проповедал евангелието. Кому му го проповедал евангелието? На „Евреите и Грците“, кажува Писмото. Според тоа, Евреите и Грците заедно празнувале сабота. Библијата кажува дека во Коринт 18 месеци Евреите и Грците се собирале на заедничко богослужение во синагогата, не секоја недела, туку „секоја сабота“. Што значи, во Коринт немало христијани кои се собирале на богослужение во недела за да празнуваат недела, зашто неделата не била христијански празник. Текстот е премногу јасен и не ни дава никаква најава ниту можност за поинакво размислување и толкување.
Да приведеме и други слични текстови од Делата на апостолите кои многу јасно потврдуваат дека филозофијата за некаква замена на саботата со недела, дека во Новиот завет, наместо сабота, новозаветен празник е неделата, нема апсолутно никаква библиска основа.
Сличен случај на оној во Коринт имаме во градот Антиохија Писидиска, каде што Павле и Варнава, не во недела, туку во сабота проповедале пред големо мноштво во синагогата: Павле и Варнава „во сабота влегоа во синагогата и седнаа, па го читаа Законот и Пророците… А кога излегуваа, луѓето ги молеа да им ги кажуваат овие зборови и идната сабота. Следната сабота се собра речиси цел град да ја чуе речта Божја“ (Дела 13,14.42-44). – Следната сабота не се собрале на богослужение само Евреите и прозелитите, туку „речиси цел град да ја чуе речта Божја“, што потврдува дека првите христијани, независно од своето потекло, заедно со Евреите празнувале сабота.
Случајот во градот Филипа: „Во сабота излеговме надвор од градот, покрај една река, каде што мислевме дека постои место за молитва. Тука седнавме и почнавме да им зборуваме на жените што се собраа“ (Дела 16,13). – Павле и Сила во Филипа одржуваат богослужение во сабота.
Во Солун „Павле, по својот обичај, влезе кај Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмото“ (Дела 17,2).
Потполно ист извештај имаме и за Христа: Исус „дојде во Назарет, каде што беше одраснал, и по својот обичај во сабота влезе во синагогата и стана да чита“ (Лука 4,16).
Исус празнувал сабота и „по својот обичај“ во сабота одел во црква и таму го поучувал народот од Писмото.
Апостол Павле во стапка го следи својот и нашиот Спасител Исус Христос. И за него се кажува дека имал ист обичај, како и Христос, во сабота да оди во црква и таму да го поучува народот од Писмото.
Павле само во Коринт празнувал 85 саботи, само во Коринт имал 85 саботни богослуженија. А што да кажеме за оние други безброј места што ги посетувал и што ги посетил во текот на својата долгогодишна апостолска служба за време на своите три мисионерски патувања? Во текот на својот живот тој можеби посетил и престојувал на стотици места и можеби празнувал илјада и повеќе, не недели, туку саботи, и можеби одржал илјада и повеќе, не неделни, туку саботни богослуженија со христијаните во негово време!
Сето ова нè гони најсериозно да се прашаме каков одговор ќе дадат пред Бога христијанските теолози кои свесно ги затвораат очите пред овие најочиглени факти и упорно тврдат дека саботата е заменета со недела!
Заклучок: Ако нашиот Спасител празнувал сабота и имал обичај во сабота да оди во црква, ако апостол Павле со своите соработници празнувал сабота и имал обичај во сабота да оди во црква, тогаш и ние треба да ги следиме нив – да празнуваме сабота и во сабота да одиме во црква да го проучуваме Писмото.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос и саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ХРИСТОС И САБОТАТА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос и саботата“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Христос празнувал сабота не како Евреин, туку како „Син човечки“
Во сите расправии што ги имал Христос со фарисеите околу саботата во евангелијата никаде не се спомнува прашањето за законитоста на саботата, наспроти сите несогласија за начинот на нејзиното празнување. Наместо тоа, секогаш се поставувало прашање на кој начин треба...
Наместо „менуха“, фарисеите од саботата создале неподнослив товар што Христос го отстранил
Христос често доаѓал во судир со фарисеите и околу саботата затоа што Евреите, од сите Божји заповеди, оваа заповед најмногу ја искривоколчиле и обремениле со многубројни свои, човечки правила и прописи, така што од неа, наместо ден на радост, мир и спокојство, како...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.