Јехова и јеховистите 2а

Рековме дека во старите еврејски библиски текстови Јехова е име за Бога и дека тоа име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. По грешка при преведувањето во 14 век по Христа настанал неточен изговор на името Јехова што се употребува и денес.  Првобитно тоа име се изговарало како Јахве, а не како Јехова.3

Никој не отфрла дека Yhwh е име на Бог Творецот. Меѓутоа, Библијата на Бога му дава многу имиња. „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“ (1. Мојсеева 1,1). За зборот Бог во овој текст се употребува еврејскиот збор „Елохим“, а не зборот Yhwh. Според тоа, на самиот почеток Библијата му дава друго име на Бога. Зборот Елохим се употребува 2500 пати во Библијата и го означува Божеството во множина – Тројството. Тоа бил Елохим кога рекол: „Да создадеме човек како што сме ние!“

Патем да кажеме дека за нашите браќа јеховисти зборовите „Бог“ и „Господ“ не се имиња на личност, туку некакви титули од типот професор, инженер, доктор итн. Ако е така, тогаш кој е оној Бог од првиот стих на Библијата кој „на почетокот … ги создаде небото и земјата“? Дали тој е некој безимен бог, само некаков титулар, инженер, на пример? Бесмислено, зар не? Во секој случај, веднаш на почетокот, во првиот стих на Библијата, семоќниот Бог Творец не ни се открива и не ни се претставува како Yhwh (Јахве), туку под друго име – под името Елохим, кое е исто толку важно и значајно колку и името Јахве.

Вистина е дека во 1. Мојсеева 2,4 во изразот: „Кога Господ Бог ги создаде небото и земјата“ се употребува еврејскиот збор Yhwh, но овој, како и сите други, се преведува со Господ Бог, што секогаш го означува живиот Бог, Творецот на небото и земјата. Всушност овде се употребени два еврејски збора Yhwh и Елохим, заедно. Тогаш зошто еден збор би требало да се преведе а друг не?

Кога Бог му се јавил на Аврама, Тој не кажува „Јас сум Yhwh “, туку „Јас сум Ел-Шадај“, Семоќен Бог (1. Мојсеева 17,1). Повеќе од две илјади години од создавањето Бог им се откривал на своите слуги не како Јахве, туку како Ел-Шадај.2. Мојсеева 6,3: „Им се јавував на Аврама, Исака и Јакова како Ел-Шадај, но не им се открив со своето име ‘Јахве’. Ако беше толку важно името Yhwh, зошто Бог не им се откриваше со тоа име на своите слуги Аврам, Исак и Јаков? Бог видел дека ним не треба да им се открива како Yhwh туку како Ел-Шадај и им се откривал како Ел-Шадај. Во разговорот со Аврама Мојсеј за Бога наизменично го употребува зборот Yhwh и зборот „Адонаи“. „И откако Господ (Yhwh) го заврши разговорот со Аврама, си замина“ (1. Мојсеева 18,33). Во старо време, па и денес, секогаш кога еден Евреин во текстот ќе наиде на зборот Yhwh, тој од почит никогаш не го изговара тој збор, туку наместо него го изговара зборот Адонај, кој има наполно исто значење. Од таа причина со текот на времето се заборавило како воопшто треба да се изговара тој збор и затоа никој, дури ни Евреите, не знаат како би требало да се изговори или да се прочита зборот Yhwh. Тоа доаѓа и оттаму што еврејското писмо е консонантско писмо (Yhwh), што значи вокалите не се пишувале, туку нив читателот сам ги додавал при читањето на зборовите.

Кога Господ му се јавил на Мојсеја при овците за да го прати во Египет да го изведе израелскиот народ, тој го прашува: „Како ти е името?“ Господ не рекол: „Како тоа, ти, Евреин, па не знаеш како се вика твојот Бог?“ Дури и не му рекол: „Јас сум Yhwh “ ; туку: „Јас сум кој сум… ‘Јас сум’, ме прати кај вас“ (2. Мојсеева 3,14). Дури и сведоците на Јехова признаваат дека Бог има повеќе имиња: „Блажен Бог – тоа е едно од имињата на Јехова“4

Исус дошол на земјата во време кога владеело големо идолопоклонство и отпад за да ги запознае луѓето со Бога и да ги врати во првобитната состојба. Сепак, Исус не им го претставил на луѓето Бога под името Yhwh, туку го нарекол Татко (Отец). „Вака молете се на Бога: ‘Оче наш!’“ (Матеј 6,9). Умирајќи на крстот, Исус му се обраќа на својот небесен Отец со зборовите: „Ели, Ели!“, што значи: „Боже мој, Боже мој!“ (Матеј 27,45). Дали Исус овде згрешил што Бога не го нарекол Јехова? Секако дека не згрешил, зашто зборовите: „Ел, Ели и Елуа“ се исто така еврејски зборови со кои Бог се нарекува Бог.

Новиот завет речиси цел е напишан на грчки јазик. Прашајте ги сведоците на Јехова: Како се пишува на грчки Јехова? Во грчкиот јазик се употребуваат два збора: Теос, што се преведува со Бог, и Кириос, што значи Господ. Ако е важно за Бога да се употреби само зборот Yhwh, тогаш зошто го нема тој збор во грчкиот текст на Новиот завет? Можеби нашите пријатели, сведоците на Јехова, ќе кажат дека во преводот на Новиот завет на еврејски јазик зборот Теос е преведен со Yhwh (Jahve).. Тоа е точно, но не и за Грците. За нив тој збор е Теос, а истиот збор за нас е Господ, Бог.

Сведоците на Јехова во својот превод на Библијата произволно ја преведуваат и не ја почитуваат смислата на оригиналниот текст. Да е толку важно Божјиот народ да се нарекува со името на Јехова (јеховисти), Исус тоа секако би го кажал и така би ги нарекол своите следбеници.

Бог секогаш имал свој народ на земјата кој му бил послушен, но Божјиот народ никогаш не се викал со името на Јехова. Бог му рекол на Мојсеја: „Ајде, јас те праќам при фараонот да го избавиш мојот народ, Израелците, од Египет“ (2. Мојсеева 3,10). „Ќе ви бидам Бог, а вие ќе бидете мој народ“ (3. Мојсеева 26,12.13).

„Па ти си народ посветен на својот Господ Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш негов народ, негова сопственост“ (5. Мојсеева 14,2).

Бог ги признал старите Израелци за свој народ, но не ги нарекол сведоци на Јехова, туку Израел, што значи победник.

Исус своите следбеници ги нарекувал со различни имиња: Дванаесеттемина ги нарекол „ученици“. Своите следбеници ги нарекол „овци“, а себеси се споредил со „пастир“. Иако името Исус потекнува од еврејскиот збор „ Jahshua “, што значи „Јахве е спас“, сепак, Тој своите следбеници не ги нарекол според своето име, туку други ги нарекле „христијани“.

Еве кои сè имиња му дава Новиот завет на Божјиот народ: „А вие сте избран род, царско свештенство… Кои некогаш не бевте народ, сега сте Божји народ“ (1. Петрово 2,9.10).

„До светите и верните браќа во Христа“ (Колошаните 1,2).

„Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим…“ (Дела 1,8).

„Се собираа со црквата…“ (Дела 11,26). Називот црква потекнува од грчкиот збор „еклезија“, што значи собир на верници.

Апостол Павле признава: „Бидејќи ја гонев Божјата црква“ (1. Коринќаните 15,9).

„Црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината“ (1. Тимотеј 3,15).

„Да ја претстави пред себе црквата во сета нејзина слава“ (Ефесјаните 5,27).

„Ние сме храм на живиот Бог“ (2. Коринќаните 6,16).

Зошто сведоците на Јехова не сакаат да се наречат и да бидат црква туку друштво?

Исус кажува дека: „Секој што ми вели: ‘Господе, Господе’, нема да влезе во небесното царство, туку оној којшто ја врши волјата на мојот Отец кој е на небесата.“ (Матеј 7,21-23). Овие Христови зборови покажуваат дека не е толку важно со кое име се нарекуваме, туку што правиме. „А сите оние кои ги води Божјиот Дух се Божји синови“ (Римј. 8,14).

 

 

 

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос е вечен Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ

Сведоците на Јехова тврдат дека „Божјиот Син (Христос) е прво создание што го создал Бог со свои раце“1, прво создадено живо суштество во вселената и поради тоа Тој, како создание, не е еднаков со Бог Отецот и не е вечен Бог. Оваа небиблиска наука се појавила во 4...

Христос е Син Божји, но и Син човечки

Во Библијата Христос ни е прикажан како „Син Божји“, кој му припаѓа на Божеството, на Тројството, како Бог со вечна Божја природа, но и како „Син човечки“, со човечка природа, роден од девојка Марија, кој му припаѓа на човештвото. На земјата, како Син човечки, Тој...

Библијата силно го потврдува Христовото божество

  Сам Христос тврди за себе дека е Бог: „А кога им ги изми нозете (на учениците), Исус ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив? Вие ме нарекувате мене учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако...

Христос е Јахве/Јехова

Што значи зборот Јахве/Јехова? Во старите еврејски библиски текстови Јахве/Јехова е име за Бога. Ова име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. „Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на...

Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа

Прашање: Чии сведоци сме ние верниците, Јеховини или Христови? Јехова (Господ) во Исаија 43,10 им кажува на своите слуги: „Вие сте ми сведоци!“ Но и Христос на своите слуги им кажува: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим... и сè до крајот на земјата“ (Дела 1,8). Според...

И Христовото воскресение е профанирано

Нашите браќа јеховисти имаат многу чудно и наполно небиблиско сфаќање и за Христовото воскресение. „Исус воскреснал како духовно, невидливо суштество“5, пишуваат сведоците на Јехова. „Телото во кое Исус е измачуван не е истото она тело во кое Тој станал од гробот“6...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат