И Христовото воскресение е профанирано
Нашите браќа јеховисти имаат многу чудно и наполно небиблиско сфаќање и за Христовото воскресение.
„Исус воскреснал како духовно, невидливо суштество“5, пишуваат сведоците на Јехова.
„Телото во кое Исус е измачуван не е истото она тело во кое Тој станал од гробот“6
„Христовото човечко тело е земено од гробот по натприроден пат. Дали тоа се претворило во гас или сè уште некаде се чува, тоа никој не го знае.“7 За ова тврдење јеховистите не наведуваат ниту еден библиски доказ.
„Можеби (Христовото тело) Бог некаде го конзервирал за да им го покаже на луѓето за време на милениумот.“8
Духот ни снеможува пред ваквите чудни изјави и тврдења и се прашуваме дали воопшто се христијани луѓето што изнесуваат вакви тврдења, а и оние кои веруваат во нив. Ние немаме збор ниту пак желба да ги коментираме, освен во најкуси црти да го изнесеме јасното библиско учење за Христовото воскресение во тело, во прославено, бесмртно тело.
По воскресението Христос еднаш „им се јави едновремено на повеќе од петстотини браќа“ (1. Коринќаните 15,6). Како им се јавил Исус на овие 500 луѓе – во тело или во дух. Секако, во тело.
По воскресението Исус ѝ вели на Марија: „Не задржувај ме, зашто сè уште не сум појден горе кај Отецот“ (Јован 20,17). Дали Марија пред себе гледала некаков дух или Христа во тело? Секако, Христа во тело.
По воскресението Исус му вели на Тома: „Стави ја раката во моите ребра и не биди неверен, туку верен“ (Јован 20,27.28). Тома својот прст не го ставил во некаков дух, туку во Исусовите ребра, и рекол „Господ мој и Бог мој!“
И на крај да му дозволиме на Христа сам да ни каже дали воскреснал во дух или во тело, прославено, бесмртно тело: „Самиот Исус застана меѓу нив… А тие се исплашија, мислејќи дека гледаат дух. А Тој им рече: ‘Зошто се плашите? Погледнете ги моите раце и моите нозе – јас сум! Допрете ме и видете, зашто духот нема месо и коски, а како што гледате, јас имам.’ И им рече: ‘Имате ли тука нешто за јадење?’ А тие му дадоа парче печена риба. Тој го зеде и јадеше пред нив“ (Лука 24,36-43).
Апостол Петар кажува: „Ние јадевме и пиевме со него (со Христа) откако воскресна од мртвите“ (Дела 10,41). Зар Христос бил некаков дух меѓу апостолите додека заедно јаделе и пиеле со него на иста трпеза?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос е вечен Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ
Сведоците на Јехова тврдат дека „Божјиот Син (Христос) е прво создание што го создал Бог со свои раце“1, прво создадено живо суштество во вселената и поради тоа Тој, како создание, не е еднаков со Бог Отецот и не е вечен Бог. Оваа небиблиска наука се појавила во 4...
Христос е Син Божји, но и Син човечки
Во Библијата Христос ни е прикажан како „Син Божји“, кој му припаѓа на Божеството, на Тројството, како Бог со вечна Божја природа, но и како „Син човечки“, со човечка природа, роден од девојка Марија, кој му припаѓа на човештвото. На земјата, како Син човечки, Тој...
Библијата силно го потврдува Христовото божество
Сам Христос тврди за себе дека е Бог: „А кога им ги изми нозете (на учениците), Исус ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив? Вие ме нарекувате мене учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако...
Христос е Јахве/Јехова
Што значи зборот Јахве/Јехова? Во старите еврејски библиски текстови Јахве/Јехова е име за Бога. Ова име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. „Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на...
Јехова и јеховистите
Рековме дека во старите еврејски библиски текстови Јехова е име за Бога и дека тоа име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. По грешка при преведувањето во 14 век по Христа настанал неточен...
Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа
Прашање: Чии сведоци сме ние верниците, Јеховини или Христови? Јехова (Господ) во Исаија 43,10 им кажува на своите слуги: „Вие сте ми сведоци!“ Но и Христос на своите слуги им кажува: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим... и сè до крајот на земјата“ (Дела 1,8). Според...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.