Христос е Син Божји, но и Син човечки
Во Библијата Христос ни е прикажан како „Син Божји“, кој му припаѓа на Божеството, на Тројството, како Бог со вечна Божја природа, но и како „Син човечки“, со човечка природа, роден од девојка Марија, кој му припаѓа на човештвото. На земјата, како Син човечки, Тој едновремено е вистински Бог и вистински човек, Бог во човечко тело. Додека ја извршувал својата мисија на земјата, врзан за човечка природа, Христос се однесувал како човек наполно зависен од Бога како и секој друг човек. Тој мисли, зборува и дејствува како човек целосно предаден на Бога и воден од Бога, од Светиот Дух. Тој ја извршува само Божјата волја и виси и умира на крст за да ги спаси грешниците. Како човек Тој не е сезнаен. Затоа ќе каже: „А за оној ден и час (за второто доаѓање), никој не знае, ни ангелите на небото, ниту Синот, туку само Отецот“ (Марко 13,32). Како човек Тој не е семоќен, па ќе каже: „Вистина ви велам, Синот не може ништо да прави сам од себе“, и ќе додаде: „Отецот е поголем од мене“ (Јован 5,19; 14,28). Исус како човек е помал дури и од ангелите кои во свое време ги создал лично Тој: „Го гледаме Исуса, кој беше за кратко време помал од ангелите“ (Евреите 2,9).
Сите овие ограничувања што ги покажува Христос додека бил врзан за човечка природа, како Син човечки, јеховистите ги користат за да докажат дека Христос не е семоќен Бог еднаков со Отецот, туку дека Тој е создадено суштество, суштество од понизок ранг, што не е вистина. Христос како „Син човечки“ е помал од Бог-Отецот, но Христос како „Син Божји“ е наполно еднаков со Бог-Отецот.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос е вечен Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ
Сведоците на Јехова тврдат дека „Божјиот Син (Христос) е прво создание што го создал Бог со свои раце“1, прво создадено живо суштество во вселената и поради тоа Тој, како создание, не е еднаков со Бог Отецот и не е вечен Бог. Оваа небиблиска наука се појавила во 4...
Библијата силно го потврдува Христовото божество
Сам Христос тврди за себе дека е Бог: „А кога им ги изми нозете (на учениците), Исус ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив? Вие ме нарекувате мене учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако...
Христос е Јахве/Јехова
Што значи зборот Јахве/Јехова? Во старите еврејски библиски текстови Јахве/Јехова е име за Бога. Ова име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. „Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на...
Јехова и јеховистите
Рековме дека во старите еврејски библиски текстови Јехова е име за Бога и дека тоа име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. По грешка при преведувањето во 14 век по Христа настанал неточен...
Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа
Прашање: Чии сведоци сме ние верниците, Јеховини или Христови? Јехова (Господ) во Исаија 43,10 им кажува на своите слуги: „Вие сте ми сведоци!“ Но и Христос на своите слуги им кажува: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим... и сè до крајот на земјата“ (Дела 1,8). Според...
И Христовото воскресение е профанирано
Нашите браќа јеховисти имаат многу чудно и наполно небиблиско сфаќање и за Христовото воскресение. „Исус воскреснал како духовно, невидливо суштество“5, пишуваат сведоците на Јехова. „Телото во кое Исус е измачуван не е истото она тело во кое Тој станал од гробот“6...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.