Христос е Јахве/Јехова

Што значи зборот Јахве/Јехова? Во старите еврејски библиски текстови Јахве/Јехова е име за Бога. Ова име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“.

„Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на славата на нашиот велики Бог и Спасител, Исус Христос“ (Тит 2,13). – Исус Христос во Новиот завет е „велики Бог и Спасител“, ни кажува апостол Павле. Името Исус е еврејски збор Јехошуа (Yahshua) и значи „Јахве е спас“. Според тоа, Тој е носител на истото старозаветно име Јахве/Јехова, кој требало да дојде на нашиот свет според следното пророштво на Исаија 40,3: „Пригответе му го на Јахве патот низ пустината. Израмнете ја патеката на нашиот Бог во степата!“ Ова пророштво апостол Матеј го применува на Исуса: „Тој е оној за кого пророк Исаија рече: ‘Гласот на оној кој вика во пустината: ‘Подгответе го патот на Господа (на Јахве), исправете ги неговите врвици“ (Матеј 3,3). Апостол Павле ова пророштво ни го објаснува вака: „Бог се јави во тело“ (1. Тимотеј 3,16). Тоа значи дека силниот старозаветен Јахве/Јехова се оваплотил од Светиот Дух и се родил како бебе од девојка Марија и добил име Исус или Јехошуа (Yahshua)

Друг текст: „Го видов Господа како седи на висок и возвишен престол. Над него стоеја серафими… и си велеа еден на друг: ‘Свет! Свет! Свет е Јахве над војските!’“ (Исаија 6,1-3). Ова пророштво (свет е Јахве) апостол Јован го применува на Исуса: „Исаија го рече тоа кога ја виде неговата слава (славата на Јахве, славата на Исуса пред своето воплотување)“ (Јован 12,37-42).

Уште неколку од многубројните библиски докази дека Христос е Јахве/Јехова:

Христос е Јахве-Творец: „Помни си да го празнуваш саботниот ден! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! А седми ден е сабота, одмор посветен на Јахве, твојот Бог… Зашто Јахве за шест дена ги создаде небото, земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори. Затоа Јахве го благослови и го посвети саботниот ден“ (2. Мојсеева 20,8-11).

Веќе видовме дека Бог Отецот не создал ништо. „Без Речта (без Христа) не настана ништо од она што настана“ (Јован 1,1-3). И ако без Христа не настанало и не е создадено ништо, тогаш Творец е Христос. А ако Христос е Творец на сè, тогаш Христос е Јахве, чиешто име во Десетте заповеди се спомнува осум пати, трипати само во четвртата заповед.

Христос е Јахве-Карпа: „Ќе го возвишувам името на Јахве… Тој е карпа, делото му е совршено… Тој е верен Бог… Ја занемаруваш Карпата што те донесе на свет…“ „Чујте ме, вие, кои… го барате Јахве; погледајте ја Карпата од која сте отсечени.“ „Надевајте се во Јахве довека, зашто Јахве е вечна карпа.“ „Сите пиеја иста духовна напивка, зашто пиеја од духовната Карпа која ги придружуваше, а Карпата беше Христос“ (5. Мојс. 32,3.4.18; Исаија 51,1; 26,4; 1. Коринќаните 10,4).

Значи, таа старозаветна Карпа што ги придружувала, што ги засолнувала и водела Израелците низ пустината, Тој силен и семоќен старозаветен Јахве/Јехова, кажува апостол Павле, беше и е Христос.

Христос е Јахве-Спасител и во Стариот и во Новиот завет: „Јас сум Јахве, нема спасител освен мене“ (Исаија 43,10.11). Во Новиот завет: „Денес во Давидовиот град ви се роди Спасителот кој е Христос Господ“ (Лука 2,10.11).

Христос е Јахве-Откупител и во Стариот и во Новиот завет: „Вака говори Јахве, вашиот Откупител, Израеловиот Светец“ (Исаија 43,1.2.14). Во Новиот завет: „Христос нè откупи од проклетството на законот, откако стана проклетство за нас“ (Галатите 3,13; 4,4.5).

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос е вечен Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ

Сведоците на Јехова тврдат дека „Божјиот Син (Христос) е прво создание што го создал Бог со свои раце“1, прво создадено живо суштество во вселената и поради тоа Тој, како создание, не е еднаков со Бог Отецот и не е вечен Бог. Оваа небиблиска наука се појавила во 4...

Христос е Син Божји, но и Син човечки

Во Библијата Христос ни е прикажан како „Син Божји“, кој му припаѓа на Божеството, на Тројството, како Бог со вечна Божја природа, но и како „Син човечки“, со човечка природа, роден од девојка Марија, кој му припаѓа на човештвото. На земјата, како Син човечки, Тој...

Библијата силно го потврдува Христовото божество

  Сам Христос тврди за себе дека е Бог: „А кога им ги изми нозете (на учениците), Исус ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив? Вие ме нарекувате мене учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако...

Јехова и јеховистите

Рековме дека во старите еврејски библиски текстови Јехова е име за Бога и дека тоа име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. По грешка при преведувањето во 14 век по Христа настанал неточен...

Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа

Прашање: Чии сведоци сме ние верниците, Јеховини или Христови? Јехова (Господ) во Исаија 43,10 им кажува на своите слуги: „Вие сте ми сведоци!“ Но и Христос на своите слуги им кажува: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим... и сè до крајот на земјата“ (Дела 1,8). Според...

И Христовото воскресение е профанирано

Нашите браќа јеховисти имаат многу чудно и наполно небиблиско сфаќање и за Христовото воскресение. „Исус воскреснал како духовно, невидливо суштество“5, пишуваат сведоците на Јехова. „Телото во кое Исус е измачуван не е истото она тело во кое Тој станал од гробот“6...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат