Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа
Прашање: Чии сведоци сме ние верниците, Јеховини или Христови? Јехова (Господ) во Исаија 43,10 им кажува на своите слуги: „Вие сте ми сведоци!“ Но и Христос на своите слуги им кажува: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим… и сè до крајот на земјата“ (Дела 1,8). Според тоа, наполно е јасно дека ние едновремено сме и Јеховини и Христови сведоци, зашто Јехова и Христос се една личност која во Стариот завет се вика Јехова/Јахве, а во Новиот завет Христос.
Второ, во чие име ние се спасуваме? Јоил 2,32: „Сите што го повикуваат името на Господа (Јехова) ќе бидат спасени.“ „Секој што ќе го повика името на Господа (Јехова), ќе биде спасен“ (Дела 2,21; Римјаните 10,13). Јасно е. Ние се спасуваме во името на Јехова. Но да ја слушнеме пораката и на другите стихови кои се однесуваат на Христовото име.
– Дела 4,10-12: „Во името на Исуса Христа… овој човек стои здрав пред вас… Нема спасение во никој друг, ниту има друго име под небото дадено на луѓето преку кое мора да бидеме спасени.“ – Овде ни се кажува дека нема друго име за спасение освен името Исус Христос.
– Дела 16,31: „Верувај во Господа Исуса Христа и ќе бидеш спасен ти и твојот дом.“ Толку јасно, што не може да биде појасно: „Верувај во Господа Исуса Христа и ќе бидеш спасен…
И, што да правиме сега – чии сведоци треба да бидеме и во чие име добиваме спасение. Нема никаква забуна, сè е јасно. Порано покажавме и утврдивме дека Христос од Новиот завет е овоплотен Јехова, истиот оној силен Јехова од Стариот завет. Ете го библиското решение и за ова прашање.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос е вечен Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ
Сведоците на Јехова тврдат дека „Божјиот Син (Христос) е прво создание што го создал Бог со свои раце“1, прво создадено живо суштество во вселената и поради тоа Тој, како создание, не е еднаков со Бог Отецот и не е вечен Бог. Оваа небиблиска наука се појавила во 4...
Христос е Син Божји, но и Син човечки
Во Библијата Христос ни е прикажан како „Син Божји“, кој му припаѓа на Божеството, на Тројството, како Бог со вечна Божја природа, но и како „Син човечки“, со човечка природа, роден од девојка Марија, кој му припаѓа на човештвото. На земјата, како Син човечки, Тој...
Библијата силно го потврдува Христовото божество
Сам Христос тврди за себе дека е Бог: „А кога им ги изми нозете (на учениците), Исус ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив? Вие ме нарекувате мене учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако...
Христос е Јахве/Јехова
Што значи зборот Јахве/Јехова? Во старите еврејски библиски текстови Јахве/Јехова е име за Бога. Ова име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. „Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на...
Јехова и јеховистите
Рековме дека во старите еврејски библиски текстови Јехова е име за Бога и дека тоа име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. По грешка при преведувањето во 14 век по Христа настанал неточен...
И Христовото воскресение е профанирано
Нашите браќа јеховисти имаат многу чудно и наполно небиблиско сфаќање и за Христовото воскресение. „Исус воскреснал како духовно, невидливо суштество“5, пишуваат сведоците на Јехова. „Телото во кое Исус е измачуван не е истото она тело во кое Тој станал од гробот“6...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.