Библијата силно го потврдува Христовото божество

 

Сам Христос тврди за себе дека е Бог: „А кога им ги изми нозете (на учениците), Исус ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: ‘Сфативте ли што ви сторив? Вие ме нарекувате мене учител и Господ, и право велите, зашто тоа сум. И така, ако јас, Господ и учител, ви ги измив нозете вам, и вие сте должни да си ги миете нозете еден на друг’“ (Јован 13,12-14). Да, Христос вели: „Јас сум Господ и учител!“ „Христос… кој е Бог над сите“ (Римјаните 9,5).

Своето второ доаѓање Христос го најавува како Господ: „Во оној ден мнозина ќе ми речат: ‘Господе, Господе, не пророкувавме ли во твое име, не изгонувавме ли демони во твое име и не правевме ли моќни чуда во твое име?’ А тогаш јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал. Одете си од мене, вие, кои вршите беззаконие’“ (Матеј 7,21-23).

Зборувајќи за својот однос спрема Отецот, Исус кажува: „Јас и Отецот сме едно“ (Јован 10,30). Едно во големината и моќта, едно во сè.

По воскресението, кога Исус им се јавил на своите ученици, го повикал неверниот Тома да ги стави своите прсти во неговите рани и да не биде веќе неверен. Кога Тома се уверил дека тоа навистина е Исус, рекол: „Господ мој и Бог мој“ (Јован 20,28). Дали апостол Тома згрешил нарекувајќи го Исуса Христа Бог? Ако Тома згрешил кога Христа го нарекол Господ и Бог, Спасителот сигурно би го исправил. Меѓутоа, Тома изнел вистина што Исус не ја демантирал.

Пророштвото за Исуса гласи: „Затоа Господ сам ќе ви даде знак: Девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел“ (Исаија 7,14). Ова пророштво апостол Матеј го применува на Исуса. Зборот Емануел значи „Бог е со нас“ (Матеј 1,23). „Чиешто потекло е од дамнина, од вечни времиња (Михеј 5,2).

Пророк Исаија Исуса Христа го нарекува со необични имиња: „Зашто ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе му биде: ‘Чудесен советник, Силен Бог, Вечен Отец, Кнез на мирот’“ (Исаија 9,6). Вдахновената Божја реч овде Христа го нарекува „Силен Бог“ и „Вечен Отец“.

Апостол Павле дава интересно објаснување: „А (Отецот) за Синот вели: ‘Твојот престол, Боже, е вечен, и скиптарот на правдата е скиптар на твоето царство…’ и: ‘Ти, Господе, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на твоите раце’“ (Евреите 1,8-10). Овде Отецот му се обраќа на Синот именувајќи го како Бог со вечен престол и како Господ и Творец. Многупати Христовото божество било потврдено, но овде тоа го потврдува директно небесниот Отец.

Меѓутоа, во преводот на Новиот завет што го направиле јеховистите во Евреите 1,8-10 наидуваме на многу груб фалсификат. Зборовите што ги кажува Отецот за Синот: „Твојот престол, Боже, е вечен“, ги замениле со: „Бог е твој престол во сета вечност“, со што тие на Христа му ја одземаат вечноста и неговиот вечен престол, обидувајќи се да го сведат на создадено суштество.

Уште неколку текстови, иако има многу:

„Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на славата на нашиот велик Бог и Спасител, Исус Христос“ (Тит 2,13). Значи, Исус Христос е „велик Бог и Спасител“.

„Кога ќе се јави Господ Исус Христос од небото… Исус, нашиот Господ“ (2. Петрово 1,7.8.2).

„Ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш дека Бог го воскресна, ќе бидеш спасен“ (Римјаните 10,9-13).

„Верувај во Господа Исуса Христа и ќе бидеш спасен ти и твојот дом“ (Дела 16,31).

„Прославувајте го во своите срца Христа како Господ“ (1. Петрово 3,15).

„Исто така знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде ум да го запознаеме Вистинитиот. Ние сме во Вистинитиот, во неговиот Син Исус Христос. Тој е Вистинитиот, Бог и вечен живот“ (1. Јованово 5,20).

„Денес во Давидовиот град ви се роди Спасителот кој е Христос Господ“ (Лука 2,10.11).

Во Посланието до Филипјаните 2,6-8 наоѓаме една од најсилните потврди во Библијата за Христовото божество: „Тој (Христос), со Божја природа, не се држеше љубоморно за својата еднаквост со Бога, туку се лиши од неа (од таа еднаквост), земајќи лик на слуга (земајќи човечка природа), станувајќи сличен на луѓето.“

Во овој текст, наречен „христолошка химна“, апостол Павле Христа ни го прикажува во две димензии: во неговата вечна, Божја димензија, како Бог, со Божја природа, еднаков со Бог Отецот, и во неговата земна димензија како слуга, како човек, со човечка природа, кога како Бог се оваплотил и се родил како бебе од девојка Марија и кога станал наполно зависен од Бога како и секој друг човек.

Јован 1,1-3: „Од почеток беше Речта (Логос, Христос), и Речта беше кај Бога – и Речта беше Бог. Сè настана (се создаде) преку неа, и без неа не настана ништо од она што настана.“  – Да забележиме, Јован кажува дека „Речта (Христос) беше Бог.“ Истиот текст кажува уште нешто: Бог Христос е творец на нашиот свет, што се потврдува на многубројни места во Светото писмо, од кои ќе наведеме само уште две: „Тој е првороденец (зачетник) на сето создание, зашто преку него е создадено сè што е на небесата и на земјата, видливо и невидливо… сè е создадено преку него и за него. И Тој е пред сè и сè суштествува во него.“ „Ова го кажува верниот и вистинит Сведок, Почетокот на Божјето создание“ (Колошаните 1,15-17; Откровение 3,14).

Овие текстови јасно покажуваат дека Бог Отецот не создал ништо, апсолутно ништо, па според тоа, Тој не го создал ниту својот Син, Христа, како прво Божје создание, кое потоа почнало да создава, како што тврдат јеховистите. „Сè настана (сè се создаде) преку Речта (преку Христа), и без Речта (без Христа) не настана ништо од она што настана… сè е создадено преку него.“ И ако без Христа не настанало и не е создадено ништо, тогаш Христос не можел да се создаде самиот себеси. Зборовите: „првороденец (зачетник) на сето создание“, „Почетокот на Божјето создание“ и „од почеток беше Речта (Логос, Христос)“, очигледно се однесуваат на Христа како Творец кој прв почнал да создава кога уште немало ништо создадено.

И овде во преводот на Новиот завет што го направиле јеховистите во Колошаните 1,15-17 наидуваме на груб фалсификат од кој произлегува дека Отецот го создал Христа како прво и единствено создание кое понатаму создало „сè друго на небесата и на земјата“. Меѓутоа, стиховите што ги проучивме јасно кажуваат дека Христос не е создадено суштество. Тој е несоздаден, вечен Бог, како и Бог Отецот.

Во Откровението 1,8 и 21,6 Бог Отецот се нарекува со следните зборови: „Јас сум алфа и омега, почеток и крај.“ Но и Христос се нарекува себеси со истите зборови: „Јас сум алфа и омега, прв и последен, почеток и крај … оној кој живее. Бев мртов, но, еве, живеам во век века (вечен сум)“ (Откровение 22,12.13; 1,17.18; 2,8). Во овие два текста и Бог Отецот и Христос себеси се нарекуваат со исто име: „Прв и последен!“ Така можат да тврдат личности кои се апсолутно еднакви во сè. Но, ако Христос е создаден, како што тврдат јеховистите, тогаш Тој, како Божје создание, не би бил еднаков со Бог Отецот, туку би бил понизок по ранг и не би бил „прв“, туку би бил „втор“ и не би имал право за себе да каже: „Јас сум прв“, зашто тие зборови би биле резервирани исклучиво за Бог Отецот кој не е создаден. Заклучок: Бог Отецот и Христос се апсолутно еднакви во сè. Оттаму произлегува правото и Христос да ја користи истата титула што му припаѓа на Бог Отецот и себеси да се се нарече: „Јас сум прв и последен!“

Во истите текстови (Откровение 1,14-18), во кои ни се претставува како „прв и последен“, Исус пред нас се појавува во величествена слика: „Неговата глава и косата беа бели како волна, како снег, а неговите очи како разгорен оган; неговите стапала како бронза вжарена во печка; неговиот глас како бучава од силни води… од неговата уста излегуваше меч со две сечила, а неговото лице беше како сонцето кога свети со сета своја сила.“ Оваа величествена слика за Христа е соодветна на величествената слика во книгата на пророк Даниел 7,9-10 во која го гледаме Бог Отецот на судскиот престол облечен во облека бела како снег, со коса на главата како чиста волна од чијшто престол извирала и течела огнена река. Заначи, со иста величествена слика ни е прикажан и Бог Отецот и Христос како вечен и семоќен Бог.

Уште нешто многу важно: Во Откровение 7,12 на Бог Отецот му се оддава слава: „Благослов, слава, мудрост, благодарност, чест, моќ и сила на нашиот Бог во сите векови.“ Но во Откровение 5,12 наполно иста слава му се оддава и на Христа: „Достојно е Јагнето (Христос), кое беше заклано, да прими моќ, богатство, мудрост, сила, чест, слава и благослов.“

Ваква величествена химна (доксологија – слава на Бога) му припаѓа единствено на семоќниот и вечен Бог и на ниту едно создание, па ниту на Христа доколку и Тој беше создадено суштество, како што погрешно тврдат јеховистите. Но, бидејќи небото му пее иста доксологија и му оддава иста слава и на Христа како на Отецот, произлегува дека Христос е еднаков со Отецот, вечен и семоќен Бог.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Христос е вечен Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

 

ХРИСТОС Е ВЕЧЕН БОГ

Сведоците на Јехова тврдат дека „Божјиот Син (Христос) е прво создание што го создал Бог со свои раце“1, прво создадено живо суштество во вселената и поради тоа Тој, како создание, не е еднаков со Бог Отецот и не е вечен Бог. Оваа небиблиска наука се појавила во 4...

Христос е Син Божји, но и Син човечки

Во Библијата Христос ни е прикажан како „Син Божји“, кој му припаѓа на Божеството, на Тројството, како Бог со вечна Божја природа, но и како „Син човечки“, со човечка природа, роден од девојка Марија, кој му припаѓа на човештвото. На земјата, како Син човечки, Тој...

Христос е Јахве/Јехова

Што значи зборот Јахве/Јехова? Во старите еврејски библиски текстови Јахве/Јехова е име за Бога. Ова име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. „Очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на...

Јехова и јеховистите

Рековме дека во старите еврејски библиски текстови Јехова е име за Бога и дека тоа име на грчки се преведува со зборот „Кириос“ или „Теос“ и на латински со „Доминус“, а кај нас со „Господ“ и „Бог“. По грешка при преведувањето во 14 век по Христа настанал неточен...

Христијаните едновремено се сведоци на Јехова и сведоци на Христа

Прашање: Чии сведоци сме ние верниците, Јеховини или Христови? Јехова (Господ) во Исаија 43,10 им кажува на своите слуги: „Вие сте ми сведоци!“ Но и Христос на своите слуги им кажува: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим... и сè до крајот на земјата“ (Дела 1,8). Според...

И Христовото воскресение е профанирано

Нашите браќа јеховисти имаат многу чудно и наполно небиблиско сфаќање и за Христовото воскресение. „Исус воскреснал како духовно, невидливо суштество“5, пишуваат сведоците на Јехова. „Телото во кое Исус е измачуван не е истото она тело во кое Тој станал од гробот“6...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат