Бог прави разлика меѓу грешните и праведните

Во текот на последните тешки и жални времиња, кога се очекува Господовиот ден, особено за време на последните седум зла, Господ ќе го земе својот народ во своја заштита, ќе му обезбеди сигурно засолниште. „Ќе стане Михаел (Христос), големиот кнез“, да ги брани своите верни, и ќе ги одбрани, ќе ги спаси.

Среде луњата на божествените казни, Божјите деца ќе немаат причина да се плашат. Господ ќе „биде прибежиште на својот народ и крепост на синовите Израелови“ (Јоил 3,16). Оној ден, кој на престапниците на Божјиот закон ќе им донесе страв и пропаст, на послушните ќе им осамне „со неискажлива и прославена радост“ (1. Петрово 1,8).

Псалмистот кажува: „Во кобен ден под својот кров ќе ме засолни, под покривот на својот шатор ќе ме скрие, на висока карпа ќе ме крене“ (Псалм 27,5).

Господ нема да „го погуби праведникот со грешникот“ (1. Мојсеева 18,23).

„Ако пратам помор во таа земја и ако излеам врз неа гнев и колеж за да ги сотрам во неа сите луѓе и сиот добиток, а во неа останат Ное, Даниел и Јов – се колнам, вели Господ Бог – не ќе ги спасат ни синовите ни ќерките, туку само себеси со својата праведност“ (Езекил 14,19.20).

Значи, среде страшните гибели на грешниците, отсекогаш, па и во „последните денови“, праведниците, слично на Ное, Даниел и Јов, ќе се спасат со својата праведност. Со најголемо можно внимание да ги чуеме прекрасните ветувања што им ги дава Бог на праведните кога се соочуваат со тие гибели:

„Господ бдее над тебе, Господ ти е заклон оддесно; сонцето нема да ти наштети дење, ниту месечината ноќе. Од секакво зло ќе те чува Господ. Тој ќе бдее над твојот живот.“ „Тој ќе те избавува од стапици и од смртоносни болести; со своите крилја ќе те покрива, со неговите крилја ќе те засолнува, а неговата верност ќе ти биде штит и одбрана. Нема да те плашат стравотиите на ноќта, ниту стрелата што преку ден лета, ниту чумата што во мрак коси, ниту пак поморот што на пладне пустоши. Ќе паѓаат илјадници покрај тебе, и десетици илјади оддесно, но до тебе нема да допре! Само со свои очи ќе гледаш и казната на безбожниците ќе ја набљудуваш. Ако Севишниот ти е прибежиште – Господ, моето засолниште – никакво зло нема да те порази, несреќа до твојот дом нема да се доближи… бидејќи се надеваше на мене, ќе го избавам и ќе го заштитам, зашто го позна моето име … „Господов ангел се настанува околу оние што се бојат од него и ги избавува“ (Псалм 121,5-7; 91,3-10.14; 34,7).

„Тогаш ќе ја видите разликата меѓу праведникот и безбожникот, меѓу оној кој му служи на Бога и оној кој не му служи“ (Малахија 3,18). „Послушајте ме вие, кои ја познавате правдата, народе, кој во своето срце имаш закон!“ „Јас сум вашиот Утешител! Кој си ти да се боиш од смртен човек и од човечки син, кој е како трева? Го заборави Господа, својот Творец…, непрекратно трепериш, секој ден, од гневот на угнетувачот, како да се приготвува да те уништи. Но каде е сега гневот на угнетувачот? Скоро ќе биде слободен заробеникот, нема да умре во јама, ниту ќе му недостига леб. Зашто јас сум Господ, твојот Бог, кој го раздвижувам морето за да му бучат брановите. Името ми е Господ над војските. Свои зборови ставив во твојата уста, во сенката на својата рака те скрив… Затоа, чуј го ова, беднику, пијан, но не од вино. Вака зборува Господ, твојот Бог, бранителот на твојот народ: Ете, јас ја земам од твојата рака чашата што опива и од чашата на мојата јарост ти веќе нема да пиеш. Ќе ја ставам во рацете на твоите угнетувачи, на оние кои ти зборуваа: ‘Наведни се за да поминеме!’ И ти им ги подметнуваше плеќите како почва, како пат за минувачи.“ „Планините ќе се поместат и ридовите ќе се разнишаат, но мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на мојот мир нема да се разниша, вели Господ, кој те милува“ (Исаија 51,7.12-16.21-23; 54,10).

За време на седумте зла Господ ќе го повика својот народ: „Ајде, народе мој, влези во клед и затвори ја вратата зад себе. Скриј се за миг, додека не помине јароста. Зашто Господ ќе излезе од своето живеалиште да ги казни земните жители за нивното беззаконие“ (Исаија 26,20.21).

Кога на грешниците од славините ќе им тече крв место вода, и за време на сеопштиот глад и жед што ќе пустат на земјата, Бог на својот народ ќе му обезбеди сигурно засолниште и доволно леб и вода. „Тој ќе живее на високи места и тврдините на карпите ќе му бидат прибежиште. Ќе има доволно леб и постојано ќе му дотечува вода… Немоќните и бедните бараат вода, а неа ја нема! Јазикот им се исуши од жед. Јас, Господ, ќе ги чујам, јас, Бог Израелов, нема да ги оставам“… „Во време на неволји нема да свенат и во денови на глад ќе изобилуваат“ (Исаија 33,16; 41,17; Псалм 37,19). – Прекрасно Божје ветување!

Ова време на неволја пророкот Авакум го гледал пред себе и неговите зборови ја изразуваат верата на Црквата: „Смоквата нема веќе да цути, ниту на лозата ќе има плод; маслинката нема да роди род и полињата нема да дадат храна; овците ќе исчезнат од трлата, во шталите нема да има ниту говеда. Но јас ќе се радувам во Господа и ќе се веселам во мојот Спасител, Бог“ (Авакум 3,17.18). – Извонредно!

Радосна и победоносна песна што ќе ја пеат праведните: „Бог ни е закрила и сила, секогаш присутна помош во неволја! Затоа, не се плашиме! Па макар и земјата да се разниша, и планините среде морето да пропаднат, и да бучат и да се пенат водите негови, и горите да се тресат од нивните бранови.“ „Ќе се вратат оние што ги ослободи Господ, и со радосни извици ќе дојдат на Сион. Вечна веселба ќе им се рее над главите, ќе ги придружуваат триумф и радост, а ќе ги снема тагата и воздишките (Псалм 46,1-3; Исаија 51,11).

Очигледно е дека Божјиот народ е поштеден од седумте последни зла кои се уриваат врз грешниците кои не се покајале за својот грев.

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Големиот и славен Господов ден … големиот и страшен Господов ден … великиот ден на семоќниот Бог“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

„Бог над боговите, Господ, говори и ја вика земјата од изгрејсонце до зајдисонце. Од прекрасниот Сион Бог заблиста; нашиот Бог доаѓа и не молчи. Пред него врви оган што проголтува, околу него беснее силна бура. Тој ги повикува озгора небесата и земјата за да му суди...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат