Зошто Бог не го уништил веднаш Луцифера?
Сепак, најчесто прашање во врска со гревот е: Зошто Бог не го пресекол гревот во коренот, не го уништил неговиот зародиш и неговите никулци во срцето на Луцифера, туку дозволил тој да ескалира во невидени размери и да ја зарази и вознемири целата вселена и на сите Божји созданија да им нанесе толкава болка, толкави зла? Зошто Бог не го уништил веднаш Луцифера кој подоцна преминал во ѓавол и сатана, и со тоа еднаш за секогаш не го решил радикално проблемот на гревот, не го искоренил за вечни времиња?
Одговор: Дали Бог навистина би го решил тој тежок проблем и би го искоренил гревот за навек кога би го уништил Луцифера веднаш кога згрешил? Во никој случај! Кога Бог би постапил така, навидум строго и свирепо со него, кога би го убил Луцифера на почетокот, тогаш во срцето на ангелите и на сите други жители на вселената што му останале лојални на Бога, за навек би останал сомнеж во Божјата праведност и милост. Не можејќи да ги проверат тврдењата на Луцифера, вечно би останале неодговорени прашањата: Зошто Бог го уби Луцифера? Можеби Луцифер имаше право кога го обвини Бога дека е неправеден, деспот и диктатор, кој бара ропска послушност од своите созданија и ги убива сите што мислат поинаку? Можеби Луцифер навистина ќе подигнеше поубаво, поправедно и посреќно царство од Божјето? Зошто не му даде можност да го потврди тоа? Можеби Луцифер знаеше нешто за Бога што ние не знаеме и Бог се плашеше тој да не ги обелодени неговите слабости пред целата вселена и затоа го уби? Зошто толку таинствено Бог го уби? Можеби и нас еден ден ќе нè убие!? – И така, наместо доброволно и од љубов, Божјите созданија би му служеле на Бога од страв, од изнудена љубов, и проблемот на гревот никогаш не би бил решен правилно и коренито. Во тој случај, наместо правилно и законито да бидат поразени сатаната, гревот и злото, целосно би бил поразен Бог.
Од тие причини Бог решил да не ги уништи веднаш побунетите ангели, туку да остави простор и време нивната слобода да се изрази дури и во својот изопачен облик. Почетокот на злото ја погодил вселената на многу начини за кои ние не сме свесни и донел со себе дезориентација. Божјите интелигентни суштества не знаеле како да се постават пред тој нов феномен. Останало прашањето: Кој има право во тој судир – Луцифер и неговите демони или Бог? Како би можел тоа да го знае човекот? Единствено некој космички суд би можел да ги разјасни тие прашања. И навистина космичкиот суд, за кој ќе стане збор при крајот од книгава, ги разјаснува тие прашања и успешно го разрешува вселенскиот проблем на гревот.
Затоа Бог не го убил Луцифера веднаш кога згрешил, туку, како што рековме, му оставил простор и време неговата слобода да се изрази дури и во својот изопачен облик, му дал можност своите тврдења да ги реализира, да ги изнесе на показ пред целата вселена своите подмолни намери и пеколни планови, можност гревот да се развие во најголема можна мера, да го постигне својот максимум и да го покаже своето грдо и одвратно лице, и кога ќе созрее за конечно уништување и искоренување, кога во огнено езеро ќе се најдат и Луцифер, и гревот и грешниците, тогаш целата вселена ќе се поклони пред Бога, увидувајќи и сфаќајќи дека Бог правилно и праведно постапил со Луцифера и со гревот.
Напомена: Прашањето зошто Бог го создал Луцифера иако однапред знаел дека ќе згреши, зошто не го уништил веднаш кога згрешил и, исто така, зошто ги создал Адама и Ева кога однапред знаел дека ќе паднат во грев, со што на своето идно потомство ќе му нанесат тешко зло, ќе го дообјасниме кога ќе зборуваме за Божјата благодат.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Генезата и подемот на гревот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ГЕНЕЗАТА И ПОДЕМОТ НА ГРЕВОТ
Како што кажавме, зборот грев покрива најгрди, најмачни и најмрачни, најодвратни и најгрозоморни, екстремно зли и најпеколни појави што воопшто можат да се замислат, пред кои човекот стои стаписан и нем и од кои духот му снеможува. За суштината на овие појави ние веќе...
Повеќе за Луцифера
„Ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав. Живееше во Божјата градина, во Едем. Твојата облека беше украсена со скапоцености: со сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. На денот на твоето раѓање беа направени и...
Војна на небото
Кога гревот фатил длабоки корења и ескалирал во големи размери, Бог бил присилен да го оддалечи Луцифера од својот престол, да го отстрани од своја близина. Тогаш тој со своите ангели, кои му искажале лојалност и преминале на негова страна и под негово знаме, дигнал...
Нашата планета – зафатена од пожарот на гревот
Ние, како човечки род, како луѓе, наоѓаме свое потекло во активноста на божествениот ум - сме почнале како Божја мисла. Во еден определен миг на вечноста Бог решил да создаде луѓе според својата лика, еден нов род во вселената. Не препуштајќи ништо на случај, Бог...
Гревот како категорија
Во Библијата се користат различни зборови и изрази за да се објасни поимот грев. Ќе ги наведеме оние кои најчесто се употребуваат во двата завета, ќе го објасниме нивното значење и ќе наброиме неколку стихови во кои тие се спомнуваат. 1. Неправда (adikia): „Секоја...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.