Војна на небото
Кога гревот фатил длабоки корења и ескалирал во големи размери, Бог бил присилен да го оддалечи Луцифера од својот престол, да го отстрани од своја близина. Тогаш тој со своите ангели, кои му искажале лојалност и преминале на негова страна и под негово знаме, дигнал бунт на небото и стапил во војна против Бога и неговите ангели кои му останале верни и предани, планирајќи со војна да ги постигне своите цели, да изврши небесен пуч, да го урне Божјиот поредок и Божјето царство, сосила да се добере до Божјиот престол и себеси да се прогласи за цар, подигајќи на тој начин свое царство во вселената – „подобро и поправедно“ од Божјето. Таа војна на небото ја гледал во видение апостол Јован.
„И настана војна на небото. Михаел (Христос) со своите ангели завојува против ламјата. Ламјата, пак, и нејзините ангели завојуваа, но не одолеаја и не се најде веќе место за нив на небото. Така големата ламја, старата змија, наречена ѓавол и сатана, кој го заведува сиот свет, беше исфрлен; беше фрлен долу на земјата, заедно со неговите ангели… Затоа, веселете се небеса и вие кои живеете на нив. Тешко вам, на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе кај вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време“ (Откр. 12,7-9.12).
Неверојатно! Небесен пуч! Расцеп и распад на небесната монолитност! Раскол! Војна на небото! Две огромни небесни војски, дивизии, корпуси – под две различни знамиња; две милионски армии во судир! На чело на двете противставени армии се Михаел (Христос) и Луцифер, кој ја злоупотребил својата слобода и направил погрешен избор, одбрал погрешен пат и се определил за злото. Тој не е веќе оној благороден и мил Луцифер – светлоносец, син на зората, ѕвезда Деница и раскрилен херувим – туку голема и страшна ламја, стара змија, ѓавол и сатана, „одвратно ѓубре“ (Исаија 14,19), „човекоубиец од почеток, лажливец и татко на лагата“ (Јован 8,44), во чиешто срце беснее гнев, завист, омраза и безмерна злоба, силник и воинствено настроен, кој до дното на душата е проникнат со грев и е извор на гревот. Тој ја губи војната и, заедно со своите паднати ангели – сега веќе лоши духови, ѓаволи и демони – се исфрлени од небото и, како вселенски бездомници и бандити, терористи и диктатори, барајќи прибежиште во космосот, ја запоседнале нашата планета и се настаниле на неа.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Генезата и подемот на гревот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ГЕНЕЗАТА И ПОДЕМОТ НА ГРЕВОТ
Како што кажавме, зборот грев покрива најгрди, најмачни и најмрачни, најодвратни и најгрозоморни, екстремно зли и најпеколни појави што воопшто можат да се замислат, пред кои човекот стои стаписан и нем и од кои духот му снеможува. За суштината на овие појави ние веќе...
Повеќе за Луцифера
„Ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав. Живееше во Божјата градина, во Едем. Твојата облека беше украсена со скапоцености: со сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. На денот на твоето раѓање беа направени и...
Зошто Бог не го уништил веднаш Луцифера?
Сепак, најчесто прашање во врска со гревот е: Зошто Бог не го пресекол гревот во коренот, не го уништил неговиот зародиш и неговите никулци во срцето на Луцифера, туку дозволил тој да ескалира во невидени размери и да ја зарази и вознемири целата вселена и на сите...
Нашата планета – зафатена од пожарот на гревот
Ние, како човечки род, како луѓе, наоѓаме свое потекло во активноста на божествениот ум - сме почнале како Божја мисла. Во еден определен миг на вечноста Бог решил да создаде луѓе според својата лика, еден нов род во вселената. Не препуштајќи ништо на случај, Бог...
Гревот како категорија
Во Библијата се користат различни зборови и изрази за да се објасни поимот грев. Ќе ги наведеме оние кои најчесто се употребуваат во двата завета, ќе го објасниме нивното значење и ќе наброиме неколку стихови во кои тие се спомнуваат. 1. Неправда (adikia): „Секоја...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.