Гревот како категорија
Во Библијата се користат различни зборови и изрази за да се објасни поимот грев. Ќе ги наведеме оние кои најчесто се употребуваат во двата завета, ќе го објасниме нивното значење и ќе наброиме неколку стихови во кои тие се спомнуваат.
1. Неправда (adikia): „Секоја неправедност е грев“ (1. Јованово 5,17; Римјаните 1,18; 2. Петрово 2,15) – Овој збор не се однесува првенствено на некоја грешна постапка, туку на нашата постојана грешна состојба, на нашата грешност. „Да, грешен сум од раѓање, грешен откако мајка ми ме зачна.“ „Сите згрешија и лишени се од Божјата слава.“ „Ох, грешен ли народ, луѓе загазени во зло, злосторнички род, расипани синови… Целата глава е болна, срцето изнемоштено, од глава до петици никаде здраво место, туку повреди, синила, отворени рани, ни очистени, ни преврзани, ни заблажени со масло“ (Псалм 51,5; Римјаните 3,23; Исаија 1,4-6).
2. Hamartia, гревот наречен како грев. Овој збор во грчкиот оригинал буквално значи „промашување на целта“ и се однесува на нашите грешки мерени во однос на Божјиот идеал. „Плата за гревот е смрт.“ „Нема човек кој не греши.“ „Луѓето станаа развратни, делата им се гнасни, ниту еден од нив добро не прави. Сите застранија, сите се изродија, нема добар, нема примерен – ниту еден единствен“ (Римјаните 6,23; 2. Дневникот 6,36; Псалм 14,1.3). Ја обележува човечката одлука која е во непријателски однос со Бога (Јован 19,11; 1. Јован. 1,8).
Апостол Павле води очајна борба со гревот со кој е проникнат до сржта на своето битие: „Не го правам она што го сакам, туку го правам токму она што го мразам… Значи, не сум јас оној што го прави тоа, туку гревот кој живее во мене. Имено, знам дека никакво добро не живее во мене, односно во моето тело, зашто желба за добро има во мене, но не и сила за да го правам тоа. Доброто што го сакам не го правам, туку го правам злото, што не го сакам. А ако го правам она што не го сакам, не го правам веќе јас, туку гревот кој живее во мене. И така, откривам еден закон кој е во мене, кој кога сакам да правам добро – злото е присутно. Вистина, се сложувам со мојот внатрешен човек дека наоѓам наслада во Божјиот закон, но гледам друг закон во моите органи, кој војува против законот на мојот ум и ме заробува под законот на гревот што е во моите органи. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртно тело!“ (Римјаните 7,15-24). Гревот е суров и свиреп тиран кој никогаш не е задоволен. Тој секогаш се враќа по „уште“.
3. Anomia – навестува намера или прекршок на законот (номос), и тоа е збор од кој произлегол зборот „беззаконие“ во 1. Јованово 3,4 (Матеј 7,23; Евреите 1,9). Значи, тоа е престап, кршење на законот или беззаконие. – „Не, не е прекратка Господовата рака за да спаси, ниту увото му заглувна за да не чуе, туку вашите беззаконија ве разделија од вашиот Бог. Вашите гревови го скрија неговото лице и Тој веќе не ве слуша.“ „Сите станавме нечисти, а сета наша праведност како извалкана облека. Сите ние отпаднавме како лисја и нашите беззаконија нè однесуваат како ветер.“ „Секој што прави грев, прави беззаконие (го прекршува Божјиот закон), зашто гревот е токму тоа: прекршување на законот“ (Исаија 58,1.2; 64,6; 1. Јованово 3,4).
Значи, ако престапуваме, газиме или кршиме која било од Десетте Божји заповеди, тоа е грев, тоа е беззаконие и ние грешиме и грешници сме или беззаконици, и пред Бога ќе одговараме како грешници, а плата за грешникот, „плата за гревот е смрт“ (Римјаните 6,23), и бидејќи „сите згрешија“ (Римјаните 3,23), сите сме осудени на смрт.
4. Hatat – „промашена цел“, „промашена мета“ – (3. Мојсеева 5,5; Псалм 51,4).
5. Awon, преведено како „неправда“, со основна идеја за нечесност, невистинитост и изопаченост (1. Мојсеева 15,16; Исаија 43,24).
6. Pesha – значи свесно, намерно прекршување на норми или авторитет. Тоа е побуна против Бога и понекогаш се преведува како извртување (Исаија 1,2; Амос 4, 4).
7. Resha – буквално значи „без хармонија“, „лабавост“. Овој збор ја носи во себе идејата за расипаност (1. Мојсеева 18,23; 2. Мојсеева 23,1).
8. Parokoe – буквално значи „пропуштање да чуе“, или „неподготвеност да се чуе“ и често се преведува како „непослушност“ (Римјаните 5,19; Евреите 2,2).
9.Paraptoma – обично значи грешка, кривица, пад. Вообичаено се преведува као „грев“, или „грешење“ (Матеј 6,14; Римјаните 4,25).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Генезата и подемот на гревот“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ГЕНЕЗАТА И ПОДЕМОТ НА ГРЕВОТ
Како што кажавме, зборот грев покрива најгрди, најмачни и најмрачни, најодвратни и најгрозоморни, екстремно зли и најпеколни појави што воопшто можат да се замислат, пред кои човекот стои стаписан и нем и од кои духот му снеможува. За суштината на овие појави ние веќе...
Повеќе за Луцифера
„Ти беше примерок на совршенство, полн со мудрост и чудесно убав. Живееше во Божјата градина, во Едем. Твојата облека беше украсена со скапоцености: со сард, топаз и дијамант, хрисолит, оникс и јаспис, сафир, смарагд и злато. На денот на твоето раѓање беа направени и...
Зошто Бог не го уништил веднаш Луцифера?
Сепак, најчесто прашање во врска со гревот е: Зошто Бог не го пресекол гревот во коренот, не го уништил неговиот зародиш и неговите никулци во срцето на Луцифера, туку дозволил тој да ескалира во невидени размери и да ја зарази и вознемири целата вселена и на сите...
Војна на небото
Кога гревот фатил длабоки корења и ескалирал во големи размери, Бог бил присилен да го оддалечи Луцифера од својот престол, да го отстрани од своја близина. Тогаш тој со своите ангели, кои му искажале лојалност и преминале на негова страна и под негово знаме, дигнал...
Нашата планета – зафатена од пожарот на гревот
Ние, како човечки род, како луѓе, наоѓаме свое потекло во активноста на божествениот ум - сме почнале како Божја мисла. Во еден определен миг на вечноста Бог решил да создаде луѓе според својата лика, еден нов род во вселената. Не препуштајќи ништо на случај, Бог...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.