Прва, привремена смрт, и прво воскресение
Во Откровението Јован зборува за „прво воскресение“ (Откровение 20,5), а штом има прво, има и второ воскресение. Исто така тој зборува за „втора смрт“ (20,14; 21,8), а штом има втора, има и прва смрт.
Очигледно е дека прва смрт е Адамовата смрт во која заминуваат сите, и праведните и грешните, што не е случај и со втората смрт. Воскресението, за коешто зборуваме, е поврзано со првата смрт, која не е ниту конечна ниту вечна, туку привремена; неа Христос ја споредува со сон, со спиење, зашто има будење од неа, односно воскресение. „Нашиот пријател, Лазар, заспа … Лазар умре… туку одам да го разбудам“ (Јован 11,11-14). Истата мисла веќе ја читавме и во книгата на пророк Даниел: „Тогаш ќе се разбудат мнозина кои спијат во земниот прав; едни за вечен живот, а други за срам и вечен презир“ (Даниел 12,2).
Првото воскресение ќе се случи кога Христос наскоро повторно ќе дојде и во него ќе воскреснат само праведните – не грешните: „Сам Господ (Христос) ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христа (верните) ќе воскреснат први. Потоа ние, живите, кои сме останале, ќе бидеме земени заедно со нив на облаци за да го сретнеме Господа во воздухот; и така засекогаш ќе бидеме со Господа.“ И уште еден текст од апостол Павле:
„Еве, ви кажувам тајна: не ќе умреме сите, туку сите ќе се преобразиме, за миг, при последната труба; имено, ќе затруби труба и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние (живите) ќе се преобразиме, зашто треба ова распадливо (тело) да се облече во нераспадливо и ова смртно (тело) да се облече во бесмртност. А кога ова, распадливото, ќе се облече во нераспадливост и ова, смртново, ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното: ‘Победа ја проголта смртта. О смрт, каде ти е победата? О смрт, каде ти е осилото?’ Осилото на смртта е гревот“ (1. Сол. 4,16.17; 1. Корин. 15,51-56).
Како што видовме, при првото воскресение мртвите праведни воскреснуваат во бесмрни, прославени тела, при што е запазен континуитетот на нивната личност. Тоа се истите лица и истите личности, само сега се бесмртни. Старото грешно, слабо, болно и смртно тело, останало во гробот. А праведните, кои живи ќе го дочекаат Христа, за миг се преобразуваат и стануваат наполно исти со воскреснатите, и сите заедно одат во пресрет на Господа и со Господа на небо да почнат да ја уживаат вечноста за која толку долго копнееле и се приготвувале.
Овие сознанија ни ги надополнува и апостол Јован: „Тие (праведните) оживеаја и царуваа со Христа илјада години. А другите мртовци не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, туку ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20,4-6). Праведните ќе поминат со Христа на небото илјада години или еден милениум. Тоа е библиско илјадагодишно царство – на небото, не на земјата – како што учат другите христијани.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Две смрти и две воскресенија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ДВЕ СМРТИ И ДВЕ ВОСКРЕСЕНИЈА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Две смрти и две воскресенија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...
Исус ги повикува мртвите да станат од правот, од гробот – не да се вратат од рајот, ниту од пеколот
Во претходниот наслов со неговите многубројни поднаслови видовме дека мртвите навистина заминуваат во своите гробови, заминуваат во правот од кој се создадени - и никаде на друго место - чекајќи таму воскресение. Божјата реч кажува дека Бог ќе застане над гробот, над...
Второ воскресение и втора – конечна смрт
А „другите мртовци (грешниците) не оживеаја (не воскреснаа) додека не се навршија илјада години“. Значи, илјада години по второто Христово доаѓање ќе се случи второто воскресение во кое ќе воскреснат сите грешници кои не го прифатиле милостивиот Христов повик на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.