Исус ги повикува мртвите да станат од правот, од гробот – не да се вратат од рајот, ниту од пеколот
Во претходниот наслов со неговите многубројни поднаслови видовме дека мртвите навистина заминуваат во своите гробови, заминуваат во правот од кој се создадени – и никаде на друго место – чекајќи таму воскресение.
Божјата реч кажува дека Бог ќе застане над гробот, над правот, и од правот ќе ги повика мртвите да станат: „Твоите мртви ќе оживеат, телата ќе воскреснат. Разбудете се и воскликувајте, жители на правот!“ „Јас знам добро: Мојот Избавител живее и Тој во последно време ќе застане над земјата (над правот). И ако мојата кожа изгние, јас сепак знам – во моето тело ќе го видам Бога. Јас ќе го гледам него како свој, моите очи ќе го гледаат, а не некој друг“ (Исаија 26,19; За Јова 19,25-27). Зошто Јов толку копнее да го види Бога? Тој е праведен и, ако неговата душа оди во рајот, таа таму ќе го гледа Бога. Но, не! Јов својата прва средба со Бога не ја очекува во рајот, кога ќе умре, туку во правот, во гробот, кога ќе воскресне.
„Тогаш ќе се разбудат мнозина кои спијат во земниот прав; едни за вечен живот, а други за срам и вечен презир“ (Даниел 12,2).
Да, почитувани, Бог мртвите ги повикува од правот, од гробот, каде што заминале и каде што чекаат воскресение. Таков е случајот со Лазара, кој четири дена лежел мртов (види Јован 11-тата глава). Христос застанал пред неговиот гроб, ги кренал очите кон небото и, откако му се помолил на Отецот, „викна со силен глас: ‘Лазаре, излези надвор!’ … Го повика Лазара од гробот и го воскресна од мртвите … Умрениот излезе“ од гробот (Јован 11,43.44; 12,17).
Да го анализираме малку овој случај! Кога Христос застана пред влезот на гробоницата на Лазара, Тој не ја крена главата кон небото за да го повика праведниот Лазар од таму. Не рече: Лазаре, излези од рајот и слези долу на земјава, влези во гробот каде што ти остана твоето гнилежно тело, влези во него и воскресни! Не, Христос не рече така. Туку се сврте кон гробот и во гробот му упати повик на Лазара: „Лазаре, излези надвор!“ И „умрениот излезе.“ Од каде излезе? Од гробот, не од рајот, не од небото. Каде го чул Лазар Христовиот повик да стане од мртвите? Во гробот, каде што заминал кога умрел и каде што чекал воскресение.
Во овој контекст треба да ги сфатиме и Христовите зборови што ѝ ги упатил на Марта: „Исус ѝ рече: ‘Јас сум воскресение и живот; оној што верува во мене и да умре, ќе живее. И секој што живее и верува во мене, нема да умре довека’“ (Јован 11,25.26). Христос овде вели „ќе живее“, во иднина, кога ќе воскресне, како и Лазар, а не кога ќе умре.
Понатаму, во Евангелието на Јована читаме: „Не чудете се на тоа, зашто доаѓа часот во кој сите кои се во гробовите ќе го чујат гласот на Синот човечки и ќе излезат од нив; оние што правеле добро, ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осуда“ (Јован 5,28.29).
Пак истата вистина! Каде се наоѓаат мртвите и каде ќе го чујат Христовиот глас? Не во рајот, ниту во пеколот, туку во „гробовите ќе го чујат неговиот глас“. Од каде ќе излезат мртвите кога ќе го чујат Христовиот глас? Не од рајот, ниту од пеколот, туку „ќе излезат од нив (од своите гробови)“.
Во посочените стихови во Јован 5,28.29. Исус најавува две воскресенија: воскресение на „оние што правеле добро“ – тие „ќе воскреснат за живот“; и воскресение на „оние што правеле зло“ – тие „ќе воскреснат за осуда“. И апостол Павле зборува за две воскресенија: „Се надевам во Бога дека ќе има воскресение на праведните и на неправедните“ (Дела 24,15).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Две смрти и две воскресенија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ДВЕ СМРТИ И ДВЕ ВОСКРЕСЕНИЈА
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Две смрти и две воскресенија“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и...
Прва, привремена смрт, и прво воскресение
Во Откровението Јован зборува за „прво воскресение“ (Откровение 20,5), а штом има прво, има и второ воскресение. Исто така тој зборува за „втора смрт“ (20,14; 21,8), а штом има втора, има и прва смрт. Очигледно е дека прва смрт е Адамовата смрт во која заминуваат...
Второ воскресение и втора – конечна смрт
А „другите мртовци (грешниците) не оживеаја (не воскреснаа) додека не се навршија илјада години“. Значи, илјада години по второто Христово доаѓање ќе се случи второто воскресение во кое ќе воскреснат сите грешници кои не го прифатиле милостивиот Христов повик на...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.