Промените и догмите на традиционалната христијанска Црква
Рековме дека, не можејќи да ја брани со Библијата, Црквата својата небиблиска, црковна наука, во текот на историјата сета ја догматизирала и истата ја брани со црковни догми. Тоа значи дека зад нив, зад догмите, наместо Библијата и библискиот авторитет, стои институцијата Црква со својот авторитет. Наместо библиското: „Така кажува Господ Бог!“, стои црковното: „Така кажува Црквата!“
Во средниот век, во периодот на сколастичката филозофија и теологија, главно е завршено зданието на званичната христијанска теологија. Догмите на христијанството, чиишто корени ги наоѓаме во мистицизмот на паганските филозофи, станале темел на Црквата.
Римскиот бискуп малку по малку успеал да му се наметне на мнозинството како оној кој има право да постапува како бог на земјата и тоа свое право тој го користел обилно.
Во продолжение даваме список со промените што настанале во библиското христијанство и со догмите на традиционалната Црква!
Во 300-тата година е воведена молитва за мртвите. Се забележува склоност кон означување на Црквата со симболот крст.
Во 321 година Константин со римскиот бискуп воведува празнување на неделата, палење на свеќи и осенчување со знакот крст.
На соборот во Лаодикија, одржан во 336 година, од страна на Црквата е усвоено празнување на неделата.
Обожавање на реликвии 337 година.
Обожавањето на ангелите и светците почнува во 375 година. Некои почнуваат отворено да го бранат почитувањето на иконите.
Во 386 година измислена е мисата како стожерен дел на црковната служба во традиционалната Црква.
Мисата станува дел на секојдневната служба во 394 год.
Во многу краишта во 400-тата година званичната Црква ги прогонува празнувачите на сабота како седми ден.
На соборот во Ефес во 431 година почнала да се обожава Марија, којашто од тогаш ја нарекуваат Мајка Божја.
Во 450-тата година празнувачите на сабота почнуваат да се осудуваат на смрт.
На соборот во Рим во 503 година папата Симахус се прогласува за Христов заменик.
Во 590 година воведена е доктрина за вечни маки.
Во 593 година папата Гргур I (540-604) објавил учење за чистилиште како привремено место за прочистување (мачење) за оние кои ќе умрат како римокатолици.
Папата Гргур I прв наредил во 600-тата година во Црквата да се употребува само латинскиот јазик. Во истата година воведена е молитва што им се упатува на Марија, на ангелите и светците. Императорот Фока римскиот бискуп Бонификт III го нарекол универзален бискуп – папа.
Од времето на папата Константин во 709 година почнало бакнување на сандалите на папата.
Франачкиот крал Пипин во 750 година на папата му дава и политичка власт.
По долга борба за и против, конечно во целата Црква во 786 година е воведено обожавање на крстот, иконите и реликвиите.
Во 850 година се воведува света вода што ја посветува свештеник.
Во 850 година воведена е доктрина за обожавање на Марија
Во 890 година почнува да се обожава свети Јосиф.
Во 927 година е воспоставен колегиум на кардиналите во Ватикан.
Во 965 година папата Јован XIII воведува обред крштавање на ѕвоната.
Во 995 година папата Јован XV ги канонизира умрените светци.
Во 998 година е воведен пост во петок.
Папата Гргур VII во 1079 година воведува целибат кај свештениците.
Во 1080 година воведено е механичко молење.
Во 1184 година соборот во Верона ја основал инквизицијата.
Од 1190 година почнуваат да се продаваат индулгенции (опросници).
Пред 13-тиот век Црквата учела дека сите некрстени деца, вклучувајќи ги и новороденчињата кои умреле при породувањето, поради „источниот грев“ (источен грев – адамов грев) заминуваат во пекол, зашто не поминале низ сакраментот (обредот) крштавање.
Во 1215 година воведена е исповед пред увото на свештеник, наместо исповед пред Бога.
Папата Иноќентие III во 1215 година го прогласува претворањето на леб и вино во вистинско Исусово тело и крв.
Во 1229 година на соборот во Валенсија Библијата е ставена на листата на забранети книги.
Во 1251 година англискиот монах Симон Сток воведува бројаници.
Во 1311 година се воведува крштавање на новороденчиња.
Соборот во Флоренса во 1439 година објавил догма за чистилиштето што го вовел папата Гргур I во 593 година.
Од 1508 година почнува да се употребува молитвата Аве Марија.
Во 1534 година Игнацио Лојола го основува језуитскиот ред.
На соборот во Трент во 1545 година традицијата (преданието) е изедначена со Светото Писмо.
Во 1546 година кон Библијата се додадени апокрифите.
Во 1563 г. традицијата е поставена над Светото писмо.
Во 1563 г. транссупстанцијацијата повторно потврдена.
Во 1563 г. оправдување со вера и дела повторно потврдено.
Во 1563 г. доктрината за чистилиште повторно потврдена.
Во 1563 г. повторно потврдени опросници.
Папата Пие IX во 1854 година прогласува дека Исусовата мајка, Марија, е безгрешно зачната, со што поставил темел за обожавање на Марија.
Во 1864 година изречено е проклетство над слободата на
религијата, над совеста, над говорот, над печатот и над научните истражувања.
Во 1870 година папата се прогласува себеси за непогрешен. Во 1905 г. папата Пие X прогласува: „Децата, кои умираат пред да бидат крстени, заминуваат во ‘лимб’ (состојба меѓу рајот и пеколот) каде што не уживаат во блажена визија да го гледаат Бога, но тоа не значи дека тие страдаат. Поради источниот грев што го наследиле од Адама, тие не заслужуваат рај, но ниту пекол или чистилиште.“
Во 1930 г. осудени се сите јавни и други некатолички школи.
Во 1950 г. прогласено е вознесение на Марија на небото.
Во 1965 година Марија е прогласена за мајка на Црквата.
Се очекува конечно ватиканско објавување на Марија како посредник.
Сите овие лажни, небиблиски доктрини, не биле нешто невидено и нечуено до тоа време. Во оваа или онаа форма и мера, тие и до тогаш постоеле во паганските религии. Новина претставува фактот што сега тие се прогласени за христијански и воведени се во Црквата од страна на отпаднатото црковно водство. Дури и проповедањето на овие заблуди не би било толку опасно кога не би било применето присилување. Папите ги придобиле кралевите и нивните војници да ги присилуваат луѓето да ги прифатат тие заблуди, како што кажува пророштвото.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Денешното христијанство е јалов историски хибрид без Христа и без библиска иднина“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ДЕНЕШНОТО ХРИСТИЈАНСТВО Е ЈАЛОВ ИСТОРИСКИ ХИБРИД БЕЗ ХРИСТА И БЕЗ БИБЛИСКА ИДНИНА
Во претходните поднаслови видовме дека денешното христијанство е грд фалсификат, јалов историски хибрид меѓу изворното библиско христијанство и стариот паганизам - христијанство без Христа. Не можејќи да ја брани со Библијата, Црквата својата небиблиска, црковна...
И протестантите кои празнуваат недела пливаат во матните води на паганизмот
За жал, и протестантите, кои празнуваат недела, а се заколнуваат над славниот протестантски лозунг „Сола Скриптура“, за чиишто принципи милиони го дале и својот живот, не се оддалечиле многу од паганизмот со кој е преплавено и до крајни можни граници проникнато...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.