И протестантите кои празнуваат недела пливаат во матните води на паганизмот

За жал, и протестантите, кои празнуваат недела, а се заколнуваат над славниот протестантски лозунг „Сола Скриптура“, за чиишто принципи милиони го дале и својот живот, не се оддалечиле многу од паганизмот со кој е преплавено и до крајни можни граници проникнато христијанството. Тие не се ослободиле од историската јаловина, од вековните наслојки на троскотот и плевелот што се пластеле врз изворната библиска наука и наполно ја затрупале.

Бог ги повикал Виклифа, Хуса, Јеронима, Лутера, Калвина, Нокса, Веслија и другите реформатори да извршат за него голема работа. Тие неуморно копале и со сите сили ја отстранувале таа јаловина, тој троскот и плевел со кои била задушена библиската вистина, но не успеале докрај да ги отстранат тие дебели и грди наслојки. Тие завршиле извонредно важна работа и дел од севкупната задача што ја поставил Бог пред нив – ја извлекувале христијанската црква која, не само што зашлапала туку, како што нагласивме, до гуша потонала во паганизмот на старите нехристијански религии – почнувајќи од вавилонскиот преку персисиот и грчкиот, сè до римскиот паганизам.

Но Бог не ставил врз нивните плеќи преголем товар што тие не би можеле да го носат. Тој не очекувал од нив тие сами целосно и до крај да ја извлечат црквата од амбисот на паганизмот во кој се струполила и сами нејзините нозе да ги постават на цврста почва. Откако тие ја завршиле задачата и заминале од светската сцена, црквата сè уште до појас останала закопана во споменатиот паганизам и нивните следбеници, протестантите, требало да ги засучат ракавите и да продолжат таму каде што тие застанале, да ја продолжат реформацијата, наполно да го ослободат христијанството од паганското многубоштво, од неговите преданија и суеверија и докрај да го расчистат и да го отстранат погубниот историски баласт од Божјата реч и од истата да ги симнат вековните прангии во кои луѓето ја оковале. Меѓутоа, тие не отишле ниту малку подалеку на патот на светлината на евангелието од своите водачи, реформаторите.

Бог очекувал од протестантите на светот да му ја прикажат неговата Реч исчистена од секоја човечка примеса, онака како што излегла од неговата уста и како што е изворно запишана од неговите слуги, пророците и апостолите.

За жал, тоа не се случило. Протестантите се задоволиле и ги прифатиле дострелите што ги постигнале реформаторите иако, според Божјиот план, тие не биле врвни дострели. Реформацијата не ја извеле до крај и задачата ја завршиле половично. И католиците имаат право кога им префрлаат на протестантите кои празнуваат недела, кога језуитот Шефмахер им поставува прашање:

„Дали е вистина дека протестантите во сè точно се придржуваат кон Писмото (Sola Skriptura)? Не! Зашто, кога точно би се придржувале кон Писмото, би морале многу нешта да прават што не прават и нешто да престанат да прават што прават!… Наместо недела, тие би морале да празнуваат сабота, зашто во Библијата стои: ‘Сети се да го празнуваш саботниот ден’, а не денот неделен… Што може да се заклучи од наведеното? Дека протестантите неправилно се нарекуваат евангелисти, зашто не постапуваат според евангелието, верувајќи и правејќи го она што го нема во евангелието. Од друга страна, не прават нешто што е запишано во евангелието.“8

„Вие ми тврдите дека саботата била еврејска сабота, но дека христијанската сабота е заменета со недела. Заменета! Кој го сторил тоа? Кој има таков авторитет да ја промени изричната заповед на севишниот Бог? Кога Бог проговорил и рекол: ‘Празнувај го светиот седми ден’, кој се осмелува да кажа: Не, можете да работите во седмиот ден, и наместо седмиот, морате да го празнувате првиот ден во седмицата? Тоа е најважно прашање на кое знам дека не можете да одговорите. Вие сте протестант и тврдите дека ја почитувате Библијата, и само Библијата; но сепак, иако е тоа толку важно прашање, вие го газите очигледното слово на Библијата и ставате друг ден наместо оној што го посветил Тој. Заповедта да се празнува седмиот ден е една од Десетте заповеди; вие верувате дека другите девет и понатаму се задолжителни; кој ви дал авторитет да ја менувате четвртата заповед? Ако сте доследни на својот принцип и ако сте подготвени да ја следите Библијата, и само Библијата, тогаш покажете некој дел од Новиот завет во кој оваа четврта заповед изрично се менува.“9

Еден ден, католичкиот правник, огнен бранител на католицизмот и огорчен противник на протестантската реформација, д-р Јохан Ек, заедно со други католички црковни личности, го укориле Лутера поради тоа што тој празнува недела наместо библискиот ден за одмор (сабота). Тогаш д-р Ек рекол: „Библијата учи: ‘Спомни си за саботниот ден да го празнуваш! Шест дена работи и сврши ги сите свои работи! А седми ден е сабота, одмор на твојот Господ Бог.’“ Меѓутоа, Ек бил упорен: „Црквата со силата на својот авторитет ја заменила саботата со недела, за која ти (Лутер), немаш библиска подлога.“ Празнувајќи ја неделата, протестантите се придржуваат кон преданието.

Друга паганска доктрина која силно ги заплуснува протестантите кои празнуваат недела е небиблиската доктрина за задгробен живот, за што ќе стане збор во насловот „Библијата за смртта“.

 

 

Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Денешното христијанство е јалов историски хибрид без Христа и без библиска иднина“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

ДЕНЕШНОТО ХРИСТИЈАНСТВО Е ЈАЛОВ ИСТОРИСКИ ХИБРИД БЕЗ ХРИСТА И БЕЗ БИБЛИСКА ИДНИНА

Во претходните поднаслови видовме дека денешното христијанство е грд фалсификат, јалов историски хибрид меѓу изворното библиско христијанство и стариот паганизам - христијанство без Христа. Не можејќи да ја брани со Библијата, Црквата својата небиблиска, црковна...

Промените и догмите на традиционалната христијанска Црква

Рековме дека, не можејќи да ја брани со Библијата, Црквата својата небиблиска, црковна наука, во текот на историјата сета ја догматизирала и истата ја брани со црковни догми. Тоа значи дека зад нив, зад догмите, наместо Библијата и библискиот авторитет, стои...

Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.

УВОД
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ
ЗНАЦИТЕ НА ПОСЛЕДНОТО ВРЕМЕ

Силни земјотреси!

Оган, вулкани!

„Ќе покажам знаменија горе на небото и знаци долу на земјата: крв и оган и шикање на дим … столбови од дим. Сонцето ќе се претвори во темнина, а Месечината во крв, пред да дојде големиот и страшен Господов ден“

Бог има своја богата ризница во која го чува своето оружје за бој во „големиот и страшен Господов ден“ со кое праведно ќе се пресмета со гревот и грешниците

И водите во сојуз и спрега со земјотресите и вулканите против човештвото!

„Ќе има знаци на сонцето, на месечината и на ѕвездите… небесните сили ќе се разнишаат!“

„На земјата тага кај народите и неизвесност поради бучавата на морските бранови!“

Астероид од шест милји

Други знаци кои го најавуваат крајот

Војни

„Ајде сега, вие богати, плачете и липајте… своето богатство го натрупавте во последните денови!“

Се распаѓа јатката на општеството – семејството

Ќе има глад

Помори

БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО
БИБЛИЈАТА И ПРЕДАНИЕТО

Католичката црква и преданието

Православната црква и преданието

Православни теолози и други автори со поинакви сфаќања за „светоста“ на православното „свето предание“

Василие Велики и светото предание на православието

Вистината за православните вселенски собори

Христијанство по инерција

Светото предание е постаро од Светото писмо! – Во никој случај!

Вистината со Јован 21,25

Дали навистина Светото писмо не можеме правилно да го разбереме без Светото предание?

За светите тајни и сакраменти во традиционалната Црква

Категоријата „свештенство“ и „свештеници“ во традиционалната Црква мерена на кантарот на Новиот завет

Апостолите не биле свештеници, туку проповедници на евангелието

Универзално свештенство на верниците во Новиот завет

Еврејското предание и преданието на Православната и Католичката црква се еднојајчени близнаци зачнати, родени и одгледани надвор од библиската почва

Светото писмо и Светото предание

Преданието на традиционалната Црква е друго, наполно поинакво евангелие од она што ни е напишано во Библијата

За светите реликвии и мошти и за другите суеверија на традиционалната Црква

Христијанската црква е виновна за појавата на исламот

Кој стои зад чудесата на чудотворните икони, слики и кипови и зад чудесата на светите реликвии и мошти на светителите/светците?

Христос и преданијата

Зошто традицијата или преданието над Светото писмо?

Протестантскиот лозунг

За христијанските празници и за христијанскиот политеизам

БИБЛИЈАТА ЗА НЕБЕСНОТО ТРОЈСТВО
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ
БОЖЈАТА БЛАГОДАТ

Гревот во вселената ниту го збунил, ниту го поразил Бога! Бог не бил затечен со неговата појава!

Библиска употреба на зборот благодат

Голема експлозија на Божјата благодат

Спасоносната Божја благодат ни е ставена на располагање во Исуса Христа

1. Христовото воплотување

2. Христовата човечка природа

3. Безгрешен Исус

4. Единството на двете Христови природи

5. Повеќе за единството на двете Христови природи

6. Гетсиманија

7. Голгота

8. Теологија на замена – врз Исуса на крстот е извршена пресудата изречена над целото грешно човештво

9. Исус се судрува со силите на злото

10. Божјата патема/страдање

11. Христос во својот гроб

12. Божјата благодат покажана во совршениот Христов живот и на Христовиот крст

13. Не постои грев за кој Христос не умрел и кој не може да биде простен

14. Изобилие на благодат

15. Универзална и индивидуална благодат

16. Прв и втор Адам

17. Божјата благодат е сила која преобразува

СИНАЈ И ГОЛГОТА СЕ ДВА СТОЛБА ВРЗ КОИ ПОЧИВА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО
ПРЕДЕСТИНАЦИЈАТА НА БИБЛИСКИОТ КАНТАР
ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ВО БИБЛИЈАТА ПРИКАЖАНА СО КИП
ПАПСКИОТ РИМ Е КОНТИНУИТЕТ НА ИМПЕРИЈАЛНИОТ ИЛИ МНОГУБОЖЕЧКИОТ (ПАГАНСКИОТ) РИМ
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА
САБОТАТА НЕ Е ЗАМЕНЕТА СО НЕДЕЛА

Крупна теолошка грешка на христијаните кои празнуваат недела

Зошто Исус не воскреснал во саботата?

Адам и Ева својот живот го почнале со сабота. И новозаветниот живот почнал со сабота!

Апостолите воопшто ништо не слушнале од Христа за некаква замена на саботата со недела

Стожер на нашето спасение е Голгота, а не воскресението

Апостолите се собрале таа недела на богослужение – и ете доказ дека саботата е заменета со недела!?

Никаде во Библијата саботните прерогативи не ѝ се припишуваат на неделата

Христос транспарентно најавил други промени, но саботата не ја гибнал

Други божемни силни библиски докази дека саботата е заменета со недела

Светиот Дух се излеал врз апостолите в недела и затоа, наместо сабота, сега недела е свет ден!?

Можеби Светиот Дух направил грешка што ја прескокнал првата, па врз апостолите се излеал во втората недела по Христовото вознесение!?

Наводни библиски „докази“ дека првите христијани празнувале недела

Саботата и ерусалимскиот собор

Вистината во врска со текстовите во Колошаните 2,16.17. и Ефесците 2,15.16.

НОВИОТ ЗАВЕТ – ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТАТА
ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТА НА САБОТНИОТ ДЕН
КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ЗА ЗАМЕНАТА НА САБОТАТА СО НЕДЕЛА
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?

Православната црква за себе и за Библијата

Католичката црква за себе и за Библијата

Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели

Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност

Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“

Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие

Активностите на Адвентистичката црква низ бројки

Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта

Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен

Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо

Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?

Како еден исламист ја толкува Библијата?

БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА
БИБЛИЈАТА ЗА СМРТТА

Библијата: Душата не е бесмртна!

Бесмртна душа или бесмртен дух и смртно тело!?

„Господ му дувна животен здив во носалките на човекот и човекот стана душа жива“

Животниот здив што го дувнал Бог во носалките на Адама не е никаков бесмртен и свесен ентитет

Кога Христос умрел, неговиот дух слегол во пеколот да им го проповеда евангелието на жителите на претпотопниот свет! – Голем апсурд!

Што се случува со човекот кога ќе умре, каде заминува?

Што прават мртвите во гробот?

Значењето на зборовите „засекогаш“, „вечно“ и „довека“ во Библијата

Пеколот во Стариот завет

Христос и библискиот пекол

Вечен оган и вечна мака

Вечна пропаст за грешниците

„Плач и крцкање со забите“

Пеколот во сторијата за богатиот човек и сиромавиот Лазар

„Безумниче, оваа ноќ ќе ти ја побараат твојата душа!“

Душите и небесниот суд

Библискиот монизам или холизам и Платоновиот дуализам на традиционалната Црква

Животните како „живи души“

Душата и крвта

Душата-нефеш во Стариот завет

Душата-психа во Новиот завет

На крстот умрела Христовата душа

Исус на разбојникот на крстот: „Денес ќе бидеш со мене во рајот“!?

Трите мртви момчиња и нивната душа

Апостол Јован: „Бев во духот“

Апсурдите на црковната догма за привремен Божји суд

Православието за православните митарства

Православието за пеколот

Католичката црква за чистилиштето

Католичката црква за пеколот

Протестантите за пеколот

Зар навистина Бог е таков свиреп и крволочен ѕвер?

Библиски текстови што ги користат христијаните за да ја потврдат науката за вродена бесмртна душа или за вроден бесмртен дух

Не разговарај со мртвите!

САБОТАТА – ГЛАВЕН ПРЕДМЕТ ВО ЗАВРШНИОТ ЖЕСТОК СУДИР ВО КОЈ ЌЕ УЧЕСТВУВА ЦЕЛ СВЕТ – И КРАЈОТ Е ПРЕД ВРАТА!
„ГОЛЕМИОТ И СЛАВЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ГОЛЕМИОТ И СТРАШЕН ГОСПОДОВ ДЕН … ВЕЛИКИОТ ДЕН НА СЕМОЌНИОТ БОГ“

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК во PDF формат