Заедно со Библијата Црквата ги спалувала и нејзините читатели
За Албигензите (Катарите), кои живееле во времето на Иноќентие III, читаме: „Тие исто така имале Свето писмо на народен јазик кое го читале. Тоа била доволна причина папата да ги нарече еретици кои заслужуваат смрт.“3
„Папата Пие VII (1800-1823) изрекол вчудовидувачки зборови за опасноста што произлегува од познавањето на пораките од Библијата: ‘Бројните асоцијации, основани низ цела Европа за преведување на Библијата на народни јазици, под изговор дека тоа е во интерес на Божјиот закон, според мене, е ужасна работа. Секако, потребно е да се уништи таа чума со сите можни средства.’“4
Кога Црквата ѝ ја одзела првичната примарна улога на Библијата како единствен темел на христијанството и на спасението воопшто, кога ја потиснала настрана како нешто секундарно и си ја подредила себеси, издигнувајќи се над неа, увидела и утврдила дека таа е меч со „две острици“ кој ќе ја парчоса сета нејзина соборна арихтектура. И, како што веќе беше кажано порано, тогаш со сите сили се дигнала против неа да ја уништи, да се ослободи од нејзините силни обвиненија и товар што ѝ натежнал на совеста поради силните отстапки и скршнувања од вистинскиот пат. Таа борба што ја водела Црквата против Библијата била жестока и долготрајна, така што во одредени истоиски периоди можеле да се најдат одвај неколку нејзини примероци. Но бидејќи таа е Божја книга, Бог се погрижил да ги помине сите холокаусти и голготи и во наши раце да пристигне во изворна форма како Божја реч.
Со векови свештенството ја забранувало Библијата и таа не била достапна за обичниот човек. Постоело време кога, ако си бил фатен со Библија, би те истргале од твојот дом, би те врзале на столб и жив би те запалиле пред твојата куќа.
На соборот во Тулуз црковните поглавари донеле закон: „Им се забранува на несвештените лица да поседуваат копии на Стариот и Новиот завет… Најстрого им забрануваме да ги имаат споменатите книги на популарен говорен јазик.“ „Кнезовите на покраините треба внимателно да ги бараат еретиците во нивните живеалишта, во нивните засолништа и во шумите; дури и нивните подземни собиралишта мора да бидат наполно збришани.“5
Силниот папа Пие IX, кој на 13 јули 1870 г. ја објавил прочуената католичка догма за непогрешност на папата, исто така ја издал и енцикликата (послание) „Силабус на грешки“ (syllabos – попис; индекс на забранети книги), со којашто ја осудил либералната теологија, а Библиското друштво и дистрибуцијата на Светото писмо ги прогласил за весници на неверство и ерес. Тој силно го нападнал и одвојувањето на црквата од државата.6
Црковниот собор во Тарагон донел правило: „Никој не смее да ги поседува книгите на Стариот и Новиот завет на римски јазик, и ако некој ги поседува, мора да му ги предаде на локалниот бискуп во рок од осум дена по објавувањето на овој декрет за да бидат спалени.“7
Значи, за време на „мракоумието“ (средниот мрачен век), Библијата била привилегија само на свештениците и единствено тие можеле неа да му ја толкуваат на народот, но на свој начин. И денес, во ова време на денешното „високоумие“, работите суштински не се измениле. Денешните теолози на народот му даваат во раце готова, на свој начин протолкувана, прераскажана, предигестирана Библија, обременета со човечки мислења и сфаќања, спротивни од нејзиниот генерален курс и ориентација.
Кога станало очигледно дека Библијата не може да ја уништи и со тоа да се ослободи од неа, Црквата, за да ја отапи нејзината острица и да ги запази своите позиции, почнала да применува друга тактика, да бара други екстремно недопустливи решенија. Таа, како што веќе кажавме, излегува пред нас со чудни тврдења: „Библија е книга на Црквата и без Црквата таа не може да се разбере.“ „Светото писмо не може правилно да се разбере без светото предание.“ „Погрешно е да се мисли дека Библијата сама е доволна и дека самата себеси се толкува, зашто таа сама по себе не може да даде одговор на ниту едно прашање.“ „Без Црквата не би постоело ни Светото писмо“, итн., итн.
Сето ова укажува на силната желба и порив на Црквата да се издигне високо над оваа света книга, истата да ја подјарми, да ја стави под своја контрола и да ја претвори во своја крава од која ќе молзе диригирано млеко кое ќе го задоволи нејзиниот вкус и вкусот на нејзините верници.
Но Библијата е премногу јасна и силна и не поднесува никаква камуфлажа ниту блокада, зашто е жива Божја реч која отфрла сè што е човечко. Нејзе не може ништо да ѝ се накалеми, да ѝ се пришие ниту да ѝ се забележи. Таа не прифаќа никакви корекции, дополнувања, скусувања, преправки, исправки, модификации, прилагодби, искривоколчувања, погрешни толкувања… Затоа традиционалната Црква и Библијата се два непомирливи антипода меѓу кои не постои никакво соодветство ниту каква и да е комплементарност. Меѓу црковната и библиската теологија нема никакво совпаѓање ниту каква и да е еднаквост. Постои само огромна, непремостлива разлика.
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
ЦРКВАТА ИЛИ БИБЛИЈАТА?
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Црквата или Библијата?“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“....
Православната црква за себе и за Библијата
Кога зборуваме за Црквата, ние мислиме на традиционалната христијанска Црква, на православната и католичката, а Божјата црква посебно ја нагласуваме и ја именуваме како „вистинска црква“, „Христова црква“, „Божја црква“, „изворна библиска“ или „апостолска црква“....
Католичката црква за себе и за Библијата
„Црквата комплетно го открива патот на спасението.“ „Црквата е врата за небото“ (а Христос вели: „Јас сум врата“, а не Црквата - Јован 10,9). „Потпирајќи се на Писмото и на преданието (традицијата), Советот учи дека Црквата (католичката), тој поклоник на земјата, е...
Традиционалната Црква е силна институција со силни инструменти во рацете за да ги покрива кардиналните грешки од минатото и да го држи верништвото во покорност
Желна за апсолутна власт и доминација, Црквата прави друг крупен исчекор: Наместо да излезе на терен како евангелска црква и да ја извршува Христовата заповед - да му го проповеда евангелието на секој народ, племе, колено и јазик, таа израснува во силна централизирана...
Традиционалната црква за „сектите“, за „еретиците“
Зошто Православната црква покажува толку силен гнев спрема помалите верски заедници, нарекувајќи ги секти, а нивните верници „еретици“, „сектанти“, „проклети еретици“? Зошто ги повикува своите верници: „Бегајте од сектите“, „од денешните еретици (сектанти) како од...
Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска црква која силно го осветлува светот со библиското Христово евангелие
Адвентистичката црква не е секта, туку христијанска евангелска црква предвидена со библиско пророштво дадено од Бога за да ја исполни и последната заповед на нашиот Спасител Исус Христос, да го проповеда библиското евангелие, не преданието. При разделбата Христос на...
Активностите на Адвентистичката црква низ бројки
Крстени - возрасни верници17.592.397 Потенцијал. пријатели кои наскоро ќе се крстат2.154.222 Месни цркви 71.048 Вкупно активно вработени во црков. институции 232.168 Од нив ракоположени проповедници 17.530 МИСИЈА ВО СВЕТОТ Број на земји и области во светот рег. при...
Христос бил секташ, а првата апостолска Црква секта
За традиционалната еврејска црква Христос и апостолите се еретици, а нивната наука ерес. За еврејската црква Христос е секташ, кој формирал своја секта, наречена „назарејска секта“, според гратчето Назарет, каде што израснал. Христовата изворна библиска наука во...
Адвентистите и протестантскиот лозунг „Сола скриптура“, компромис не е можен
Живееме во свет и време на компромиси на сите страни и подрачја од животот без кои не е можно да се живее - компромиси во бракот, во семејството, во општеството во кое живееме, компромиси на светската сцена во политиката, во економијата, во меѓудржавните релации итн....
Католичката црква: Само Христијанската адвентистичка црква живее според Светото писмо
„Адвентистите се единствено христијанско тело кое за свој учител ја има Библијата која на своите страници не содржи никаков доказ за замена на седмиот со првиот ден на седмицата. Оттаму и нивното име ‘Адвентисти на седмиот ден’.“13 „Католичката црква светоста на...
Како еден современ православен теолог ја толкува четвртата Божја заповед?
Станува збор за Ратомир Грозданоски, истакнат теолог и професор на Богословскиот факултет во Скопје. Во својата брошура „Декалог, десет Божји заповеди“, Книгоиздателство „Матица македонска“, 1996 - Скопје, тој го толкува Божјиот закон, Десетте Божји заповеди. Кога...
Како еден исламист ја толкува Библијата?
Морис Бикај (Maurice Bucaille), поранешен христијанин, кој го прифатил исламот како своја религија и станал исламист, во Библијата бара доказ дека Исус Христос не е „алфа и омега“. Негова главна задача е да докаже дека Христос не е последен пророк, и својот доказ го...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.